Ми почнува сонот со тоа како трчам накај игралиште и си го водам мојот Пума фудбал....правам финти, точаци и сл. дриблам замислени противници. Стигам до игралиште негде, гледам полно со народ еуфорија викање....шутирање на гол, онаа глетка како пред да почнеме.
Како на времето кога имало по три екипи и не можело да се дојде на ред....специјално чувство е тоа, ќе ме разберат тие што доживеале
Како и да е....ми доаѓа идеја да си земам вода до продавница, која е карши игралиштето....а обично земам добра вода медиум. Влегувам внатре, гужва у пм никако да дојдам на ред....конечно доаѓам на ред и гледам нема веќе од таа вода
Се туткам дали да земам друга некоја, а во меѓувреме гледам да не почнат без мене.....така изгубен во време и простор се будам.
Измешав три различни вина вечерта...а испив горе доле два литра
Се будам жеден како никад хахахахахахх имам едни шишенца од по 0,75 стакло и во нив си пијам.....една благо газирана од еден извор....го утепав на два пати.
Си легнувам на грб и гледам во плафон и се смејам.....што значело Вардар да се сонува ми стана јасно како ден
Прашањето ми е следно.....дали можеби позади оваа очигледна аналогија постои некоја симболика?