Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Јас мислам дека има шанси да се залета уште повеќе Иран.САД направи нивниот ход, Иран направи исто нивниот ход. Нека сега биде жежок мир![]()
Јас мислам дека има шанси да се залета уште повеќе Иран.
Ич да не се секираш,Талески веке ги предупреди иранцине!A burning torch will be seen in the sky at night,
near the foundation and source of the Rhône.
Famine, weapon; help provided too late,
Persia will turn and invade Macedonia.
- Nostradamus
... на Трамп можеби му одговара ваков ирански одговор и намерно „пушта“ да ескалира!
И така велиш си сочуваа достоинствоСАД направи нивниот ход, Иран направи исто нивниот ход за да зачуват нивното достоjнство пред светот. Со сигурност е имало предупредуване от иранска страна на Ирак,а тиja предупредуват САД.
Нека сега биде жежок мир и видим дипломатите што ке измислат.![]()
Сакаш да речеш дека Трамп и официелно најави крај на пакс-американа и почеток на ново време!?Преголема коцка им е војна со иран Иран а нема никаква опасност за нив, паметна одлука на Трамп.
Абе ти луд ли си какви фаворити какви бакрачи. Јас само ја согледувам реалната состојба и арсеналот со кој располагаат државите.После едно вакво писание не треба многу човек да ги види твоите преференци.
Не е тоа ништо страшно нормално е секој да има свој фаворит само сакав да кажам дека во тој случај се останато што пишуваш губи на значај, затоа што ќе се етикетира дека доаѓа од сомнителен-пристратсен извор и има своја задна цел. Дополнително говориш дека Иран и неговите сателити “Израел и го сметаат за вештачка Ционистичка творевина“, а добро е познато дека е природна творба која е дури и во Библијата внесена нели
Но, само цепај мене, јасно е што понатаму ќе пласираш, ништо ново:
САД е најмоќната империја;
Иран треба да биде пацифизира нема друго итн.
Испомеша Арапи (Евреите се Арапи едно од 24-те арапски племиња, Јудаизам е друго нешто) и Персијанци кои не се Арапи, зошчо?
Сега добивме и министерско место, Светот е наш
(Во минатото имало исто ... кои говореле дека Адо и Германија се најмоќните и никој ништо не им може, кого сакат и кога сакат го тамбураат... интересно кај многумина таквата пропаганда имала успех ама сепак кај еден дел не, на крајот тој “дел“ бил во право и го има правото на победникот!)
======================
““““ Има ли некој што помни некој од американските претседатели кој не зборувал за мир во кампањите, а кога ќе седне на тронот да не води надворешна политика која може да се сведе на и која има константа: Америка до месечината или барем до Монголија? ““““““
Нема. Зошто? Па ете не се родил таков!
По ова би требало да има реакции ааа ти си против САД, Американците и “западот“ е не ќе бидам против Иран и другите жртви ... Иран им дојде на овие у двориште и им убива високорангирани воени лица --- вистината е поинаква јас само изнесувам факти, истите ги интерпретирам поинаку од овие другите.
Еве сега Трамп пишува на твитер дека ги има на нишан сите културни споменици на Иран, што човек да заклучи освен дека е стабилен идиот, оној Пенс изнесува будалаштини дека Сулјемани бил одговорен за WTC 11/9, како и секогаш во јавноста излегоа информации дека Пентагон бил затекнат кога Трамп го прифатил предлогот да се изведе уште еден државен терористички чин и убие Сулјемани...
По овие твитер будалаштини се повеќе се создава впечаток дека САД имаат претседател-човек кој не знае дека постои Ирак и Иран и дека си игра со стабилноста во Светот, а разни запаленковци едвај чекаат овој да испали неколку ракети и срамни со земја неколку градови и држави на Блиски исток.
------------
Но, наивно е да се мисли дека сето оваа не е планирано.
Уште пред повеќе месеци беше “планирано“ да се пацифизира Иран (токму од тие вести и мислев дека тема со Иран ќе треба), сите предвидувања се врзуваа за октомври. Тереза Мајска го отфрли ваквиот предлог, Џим Бим се залета па дури и бродови-танкери киднапираше и праќаше во Хормуз, ... потоа следуваше бомбање на рафинеријата на КСА па едно време со затишје пред бура и оп!
Секој што мисли дека ова е избрзано и дека не е добро испланирано со сите можни варијанти од страна на ЕУСА се лаже и е наивен, понатамошните случувања мислам дека ќе го потврдат токму тоа дека планот е изработен пред многу време.
Еве што гаѓале Иранците и што погодиле
![]()
според сликава би рекол прецизно, добро што пред време ги известиле да се засолнат инаку...
Генералот Сулејмани го поистоветија со Имамот Хусеин кој загина кај Кербала, а една таква споредба е можна само за лице кое нема цена, лице кое е фанатично обожавано од народот. После тој милионски погреб (џеназа) не верувам дека тука сето ова од страна на Иранците ќе запре. Додека не возвратат и убијат некоја висока државна личност на САД нема да се смират, а со тоа и САД доколку сака да остане ,,светски шериф,, ќе мора да одговори и ете ... попара.САД направи нивниот ход, Иран направи исто нивниот ход за да зачуват нивното достоjнство пред светот. Со сигурност е имало предупредуване от иранска страна на Ирак,а тиja предупредуват САД.
Нека сега биде жежок мир и видим дипломатите што ке измислат.![]()
Од многу извори-страни беше речено дека пред 'бомбањето' имало известување.Прецизни напади без човечки жрви веројатно и тоа било целта на Иран овој пат, само како предупредување и демонстрација што можат да реализираат. Е сега замислете што би се случувало во Американските бази при голема ескалација, кога илјадници Ирански самоубиствени дронови тешки за детекција би нападнале
Според говорот на Трамп ми мириса на повлекување од Ирак
Ако имаш намера реално да ја согледаш состојбата треба да се користиш со вистинити извори и прави информации, според напишаното би рекол дека само репродуцираш пропаганди памфлети.Абе ти луд ли си какви фаворити какви бакрачи. Јас само ја согледувам реалната состојба и арсеналот со кој располагаат државите.
Не можам да поддржам држава (САД) која ја уништи мојата, држава која не натера 250.000 бегалци насилно да примиме без капацитет, држава која формираше друга држава на Балканот темелена на криминал и тероризам. Надвор од тема ама малку забега па морав овака да се изразам.
Мене ми е гајле што ќе се случува нека е жива и здрава Македонија, а тие нека работат што им е војла.
Иран испраќал терористи на Балканот почнувајќи со војната 1992 во БиХ, потоа Косово 1998, Македонија 2001,а пак САД финансираше и поддржи терористи (ОНА). Значи ете тоа мислам.
Меѓу другото ова е тема ,,Иран,, и да си попишеме нешто за оваа држава и токму за политиката на Б.Исток.
Ајде чао.