Иран

Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Лошата политика на САД во моментов, е резултат на ароганцијата во последните 30тина години, а не само на Трамп или Обама. За разлика од Русија, каде што конците ги држи Путин и луѓето околу него, во САД претседателот нема до толку голема улога во геостратешките игри на државата. По тоа прашање САД е воена диктатура... така да резултат на сегашната ситуација е резултат на нивната геостратешка игра.

Дали е случајна или не ескалацијата, не можеме толку лесно да нагаѓаме, но сигурно не е дело на некој безумен старец кој сака да ја направи САД повторно голема. Улогата на тој старец е да ги прима шегите на негова сметка и да ја превзема одговорноста пред јавноста, односно одговорен е за шоубизнисот, за да можат геостратезите да си играат во позадина.

Сојузништвото не бара емоции, туку тоа е борба за опстанок, па така сакале или неќеле Иран се во сојузништво со Русија, секако доколку Русија сака да ја задржи Сирија... А Иран секако дека има фактор за ослободувањето на Сирија од терористите, дека мотивацијата на Шиитските милиции во борбата против ИСИС е секако на друго ниво од таа на Русите.. А имајќи во предвид дека Русија сеуште не може да трча маратон, а Сириската Армија е истоштена... така да тие 150К луѓе под оружје во регионот се и тоа како асет за воена премоќ во регионот.

Токму затоа се и овие игри.... Баш организаторот на тие милиции е убиен, баш човек за кој се очекува одмазда...
Многу завлекуваш на едната страна. Се согласувам дека САД има традиционално лоша политика кон БИ, меѓутоа барем ги остваруваа своите интереси во овој регион. Последните две администрации водат политика на штета на своите интереси, секоја полоша од претходната. Правеле грешки и во минатото САД, од безрезервната подршка на шахот во Иран, менувањето страни on a whim во текот на Ирачко-Иранската војна, Заливската војна против Садам, интервенцијата во Ирак, меѓутоа секогаш позицијата им останувала најмалку исто силна како претходно.
И САД и Русија се претседателски системи. Носителот на таа функцијата и неговата компетентност дефинитивно прави голема разлика, мислам дека нема потреба да го дебатираме тоа. Интересните групи во позадина сигурно влијаат при обликување на надворешната политика и во САД и во Русија, меѓутоа претседателот, политички најмоќниот човек во државата, ја спроведува. И начинот на кој ја спроведува и успехот со кој ја спроведува прави историска разлика и за внатрешната и за надворешната политика. Иначе немаше да биде толку инвестирано целото американско општество во изборниот процес. Може да го переме Трамп дека е само небитен кловн чија улога е забава на јавноста, меѓутоа хаосот кој го создава во нивниот политички процес го говори спротивното. САД со него како претседател е со сосема друг курс отколку претходно.
Ако алудираш дека надворешната политика на САД ја води нивната воена индустрија, комплетно не се согласувам. Многу помоќно лоби и многу поголем збор во политиката на САД во моментов има технолошкиот, финансискиот и енергетскиот сектор. Тие во најголем дел ја определуваат насоката на американската надворешна политика, како и некои класични империјалистички интереси, контрола на големи ресурсни бази, заштита на трговски рути и свои зони на влијание.
Ако е ова голема заднинска гео-политичка стратегија за Иран, чија маскота е Трамп, која е таа? Еве и да има интервенција во Иран и да го сменат режимот, што понатаму?

Моменталните заеднички интереси на Русија и Иран не ги менуваат останатите (долгорочни) нивни спротиставени интереси во тој регион. И кога заедничкиот бугимен не би бил на сцената тие би дошле до израз. И двете држави се борат за влијание во истите држави во регионот на Блиски исток и Централна Азија и двете конкурираат како снабдувачи со енергенси на истите пазари каде има голема побарувачка и двете имаат интерес што поголем дел од инфрастрктурата која се гради интензивно низ Азија, а која ќе го зголеми волуменот на трговска размена на целиот континент со Европа, да поминува низ нивна територија. Русија и Иран се многу повеќе природни конкуренти, отколку сојузници. Слично како и со Кина. Прилично сим сигурен дека Русите се свесни за тоа, затоа нема зошто да си ја ризикуваат својата позиција, за безусловно да и помогнат на позицијата на свој потекцијален конкурент. Ради тоа и мислам дека не би се мешале премногу во евентуален иранско-американски конфликт. Додека се они на терен, позицијата на Асад е сигурна.
Муабетот ми е дека сеуште не сме виделе дека САД не можат да си ги бранат интересите. Иран од секогаш бил проблематичен и тоа што проаѓа за нив не значи дека ќе пројде и за други земји. Како пример ќе ја земам Русија, немаше исто да реагираат ако авионот што им го сруши Турција им го срушеше Грузија да речеме.
Нападот ми се чини дека не е за тестирање на толеранцијата на Американците, туку покажување лице. Да имаше некој војник на САД загинат(што им е црвена линија претпоставувам) друга ќе беше реакцијата.
Ќе видиме во иднина, што ќе биде резултатот. :) Што правиме ако Иранците пак пробаат да тестираат каде се наоѓа црвената линија?
 
Последно уредено:

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.183
Поени од реакции
34.407
A burning torch will be seen in the sky at night,
near the foundation and source of the Rhône.
Famine, weapon; help provided too late,
Persia will turn and invade Macedonia.

- Nostradamus
Среќа што сега сме Северна Македонија, па ова не се однесува на нас.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.396
Поени од реакции
79.292
САДците нема шанси да припарат со војска и тенкови до Иран. Може само со ракето од Индија да гаѓаат. Друго ништо.
Kaко бе од Индија?
Од кај САД ракети во Индија?
Автоматски споено мислење:

Среќа што сега сме Северна Македонија, па ова не се однесува на нас.
на време сменивме
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.623
Поени од реакции
26.137
Многу завлекуваш на едната страна. Се согласувам дека САД има традиционално лоша политика кон БИ, меѓутоа барем ги остваруваа своите интереси во овој регион. Последните две администрации водат политика на штета на своите интереси, секоја полоша од претходната. Правеле грешки и во минатото САД, од безрезервната подршка на шахот во Иран, менувањето страни on a whim во текот на Ирачко-Иранската војна, Заливската војна против Садам, интервенцијата во Ирак, меѓутоа секогаш позицијата им останувала најмалку исто силна како претходно.
Како мислиш завлекувам на една страна... САД има традиционално лоша политика, но остануваа моќни од причина што немаше никаква опозиција, сега времињата едноставно се сменија, затоа позицијата им слабее, зошто не се навикнати на неуспех, обично со сила ги истеруваа нивните политики.
И САД и Русија се претседателски системи. Носителот на таа функцијата и неговата компетентност дефинитивно прави голема разлика, мислам дека нема потреба да го дебатираме тоа. Интересните групи во позадина сигурно влијаат при обликување на надворешната политика и во САД и во Русија, меѓутоа претседателот, политички најмоќниот човек во државата, ја спроведува. И начинот на кој ја спроведува и успехот со кој ја спроведува прави историска разлика и за внатрешната и за надворешната политика. Иначе немаше да биде толку инвестирано целото американско општество во изборниот процес. Може да го переме Трамп дека е само небитен кловн чија улога е забава на јавноста, меѓутоа хаосот кој го создава во нивниот политички процес го говори спротивното. САД со него како претседател е со сосема друг курс отколку претходно.
Ако алудираш дека надворешната политика на САД ја води нивната воена индустрија, комплетно не се согласувам. Многу помоќно лоби и многу поголем збор во политиката на САД во моментов има технолошкиот, финансискиот и енергетскиот сектор. Тие во најголем дел ја определуваат насоката на американската надворешна политика, како и некои класични империјалистички интереси, контрола на големи ресурсни бази, заштита на трговски рути и свои зони на влијание.
Не викам дека ова е игра на воената индустрија, туку ова е игра на тие што ја држат реално моќта во свои раце, тоа е војската... најголема сила на овој свет е Американската војска, со или за нив работи и воената индустрија и технолошкиот, финансискиот и енергетскиот сектор. А Трамп, како и Обама и сите пред него е ништо друго туку кловн кој служи за шоубизнис и илузија наречена демократија.

Ако е ова голема заднинска гео-политичка стратегија за Иран, чија маскота е Трамп, која е таа? Еве и да има интервенција во Иран и да го сменат режимот, што понатаму?
Како можам јас да ти кажам што понатаму, јас можам да анализирам и да предвидам некои чекори, со информациите што ми се ограничени. Но набргу ќе дознаеме. Знам само дека ниеден геостратешки чекор кој го прави Америка не е политика на суетата на еден претседател... Да беше така, САД одамна не само што нема да беше светска сила, туку ќе беше задња рупа на свирали во свeтот...

Моменталните заеднички интереси на Русија и Иран не ги менуваат останатите (долгорочни) нивни спротиставени интереси во тој регион. И кога заедничкиот бугимен не би бил на сцената тие би дошле до израз. И двете држави се борат за влијание во истите држави во регионот на Блиски исток и Централна Азија и двете конкурираат како снабдувачи со енергенси на истите пазари каде има голема побарувачка и двете имаат интерес што поголем дел од инфрастрктурата која се гради интензивно низ Азија, а која ќе го зголеми волуменот на трговска размена на целиот континент со Европа, да поминува низ нивна територија. Русија и Иран се многу повеќе природни конкуренти, отколку сојузници. Слично како и со Кина. Прилично сим сигурен дека Русите се свесни за тоа, затоа нема зошто да си ја ризикуваат својата позиција, за безусловно да и помогнат на позицијата на свој конкурент. Ради тоа и мислам дека не би се мешале премногу во евентуален иранско-американски конфликт. Додека се они на терен, позицијата на Асад е сигурна.
Тука се сложувам со тебе освен моментот со Сирија за што образложив причина.
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
САДците нема шанси да припарат со војска и тенкови до Иран. Може само со ракето од Индија да гаѓаат. Друго ништо.
V американски флот е полн со ракети и седи во Оманскиот залив како можен отговор на Иран и обид за затваране на Ормузкиот проток. Никакви ракети от Индиja нема да има.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Како мислиш завлекувам на една страна... САД има традиционално лоша политика, но остануваа моќни од причина што немаше никаква опозиција, сега времињата едноставно се сменија, затоа позицијата им слабее, зошто не се навикнати на неуспех, обично со сила ги истеруваа нивните политики.
Најголем дел од периодот кога САД се политички присутни на БИ (од 50-ти години на 20 век), најголем опонент во борбата за влијание им беше СССР, најмоќниот конкурент во досегашната историја на САД. Имаа посериозна опозиција и од сега. Немаа конкурент 20 години само, додека амбициите на Русија се вратат на старо, а оние на Кина пораснат. Едноставно имаа покомпетентни администрации и правеа помалку blunders, или можеби политичкиот процес им беше помалку хаотичен, сеедно подобри исходи имаа од својата политика.
Како можам јас да ти кажам што понатаму, јас можам да анализирам и да предвидам некои чекори, со информациите што ми се ограничени. Но набргу ќе дознаеме. Знам само дека ниеден геостратешки чекор кој го прави Америка не е политика на суетата на еден претседател... Да беше така, САД одамна не само што нема да беше светска сила, туку ќе беше задња рупа на свирали во свeтот...
Ок еве, анализа твоја дај ми. На што повеќе ти личи моменталната ситуација, резултат на голема стратегија која се реализира полека, или резулатат на серија несмасни одлуки на тип што не ја сфаќа сериозноста на својата фукција. Сигурен сум дека Трамп има советници, помалку или повеќе квалитетни, кои се обидуваат да воведат ред и кохерентност во политиката на САД, само не сум сигурен колку ги слуша.
Факт е дека Трамп не е, благо кажано, карактеристичен американски претседател. Мења советници како чорапи на неколку денови, веќе никој не може да прати кој е останат во администрацијата, а кој е заминат. Дава импулсивни изјави преку твитер и ги повлекува за неколку саати. Во тек е постапка за импичмент против него. Сигурно има нешто нестандардно што го прави. Никој не вика дека САД е банана држава, ама има разлика од Рузвелт до Трамп и таа разлика има ефект врз реалниот свет.
 
Ок ај вака, ова е едноставно потег на САД, со каква намера незнам, но све е можно еве сега Трамп ќе збори... Можеби едноставно потегов служи за да ја крене цената на нафтата и да продаде оружје на блискиот исток... Можеби се спремаат да го бомбардираат Иран. Кој ќе ги спречи? А можеби и се спремаат да се повлечат од регионот и да го обвинат Трамп за лошите политики што го загубил регионот :)

Не пробувај да правиш многу напредни проекции, гледај да ја коментираш моменталната ситуација, од тоа може и да излезе нешто како заклучок.

Моментално имаме убиен генерал и напад на две амерички бази... Да видиме што ќе збори Трамп и малку повеќе ќе дознаеме... :)
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.701
Поени од реакции
27.637
Дали веднаш ќе заќутат кога ќе влезе професорот?
Среќа што сега сме Северна Македонија, па ова не се однесува на нас.
Така е, ова се однесува на делот Македонија што се наоѓа во Грција.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.625
Поени од реакции
5.151
Могуче е и да има стварно поголем број жртви, имало мн случаи во локалните болници што полека се известува, тоа би значело дека капацитетите од десетици болнички легла биле зафатени у самите бази...
Прво вчера сите известија и СНН дури кога идеше лајф пуцањето дека има голем број жртви и ранети и тие се само ирачки војници, па сеа савајлево вика 0 жртви, ни ирачки ни амерички.

Е сега пошто се знаеше дека блеквотер ги тера па скоро и преку 50% од мисиите таму за кои според тежина на мисиите според ризикот имам читано и дека може и до 100.000$ годишно да се заработи, и дека потпишуваат дог за тајност за жртвите и нивните блиски да лапнат ќешот после нивната смрт... Или покасно ќе објават дека имало официјално амерички војници жртви или повредени, или дека само овие ги трефнале (бтв блеквотер има од сите националности, така да уште полесно да скријат за нив)
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.623
Поени од реакции
26.137
Најголем дел од периодот кога САД се политички присутни на БИ (од 50-ти години на 20 век), најголем опонент во борбата за влијание им беше СССР, најмоќниот конкурент во досегашната историја на САД. Имаа посериозна опозиција и од сега. Немаа конкурент 20 години само, додека амбициите на Русија се вратат на старо, а оние на Кина пораснат. Едноставно имаа покомпетентни администрации и правеа помалку blunders, или можеби политичкиот процес им беше помалку хаотичен, сеедно подобри исходи имаа од својата политика.
30 години... доволно да и се препуштат на ароганцијата...
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.701
Поени од реакции
27.637
Сеа сеа ќе се појави го чув
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.805
Поени од реакции
4.528
Еве што гаѓале Иранците и што погодиле

според сликава би рекол прецизно, добро што пред време ги известиле да се засолнат инаку...

Словенија, Романија и уште неколку земји членки на НАТО-рајхот го напуштаат Ирак, што чека Црпе и Рада, ако сакат да влезат во историјата дека војувале против Иран треба малку да побрзат!
Автоматски споено мислење:

Могуче е и да има стварно поголем број жртви, имало мн случаи во локалните болници што полека се известува, тоа би значело дека капацитетите од десетици болнички легла биле зафатени у самите бази...
Прво вчера сите известија и СНН дури кога идеше лајф пуцањето дека има голем број жртви и ранети и тие се само ирачки војници, па сеа савајлево вика 0 жртви, ни ирачки ни амерички.

Е сега пошто се знаеше дека блеквотер ги тера па скоро и преку 50% од мисиите таму за кои според тежина на мисиите според ризикот имам читано и дека може и до 100.000$ годишно да се заработи, и дека потпишуваат дог за тајност за жртвите и нивните блиски да лапнат ќешот после нивната смрт... Или покасно ќе објават дека имало официјално амерички војници жртви или повредени, или дека само овие ги трефнале (бтв блеквотер има од сите националности, така да уште полесно да скријат за нив)
Платениците не се сметаат па дури и да се Кумановци, само војаки регуларни сили.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.623
Поени од реакции
26.137
Тресла се гора, родио се миш.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.003
Поени од реакции
14.820
Незнам дали има некакви можности вака да се сечи, лепи, монтира и изменува видео...но ако е ова точно е прв пат некој толку јавно да признае дека војната е за НАФТА

Страшно во секој случај....

Kajgana Shop

На врв Bottom