Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.426
Читам јас секакви извори, од примарни, секнудари и терцијални до различни автори од различни националности.

Тој, Веселинов и погоре другиот ти велат дека биле убиени 1200 Македонци и биле раселени 130 илијади.
Мислите камено доба е па немаме попис да споредиме информации?
За твојата секта... не да е камено дома... при живи сведоци историјата ти ја крадат пред очите... Пред тие што треба највеќе да ја бранат...

Можам да си замислам што све ни имаат увалено при вакви бескичмењаци... Ајде барем пред 70 години се плашеле од режимот... сега вие доброволно ја пеете стихотворбата...
Автоматски споено мислење:

Папагал си ти и твоите свештеници, што ја повторува истата догма што ти ја напишале комуњарите пред 70 години....
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.897
Поени од реакции
12.438
Ако Бугарија и Албанија со војска ја управувале Вардарска Македонија за време на 2С.В,денес без војска ами со договор за добрососетство и Тиранска платформа ове две земји ќе управуваат со нас.Ти како високообразован сигурно го знаеш ова,така?
Денес? Тиранска платформа?
Впрочем што има врска твојот пост со тоа што го зборевме?
Денес?????
 
Член од
28 август 2013
Мислења
4.499
Поени од реакции
13.780

Претходно за потчинување користеле сила, денес тоа го постигнале со дипломатија(договори), барем ја така го разбрав.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.607
Поени од реакции
5.325
Гоце и сам сметал дека е Бугарин, за што постојат писмени докази, така што тоа е историската вистина.

Ако сме реални за 30 години во Македонија ќе се изучува дека Гоце бил Албанец, а остатоците од денешен Фиром ќе колнат зошто ги отфрлија своите бугарски корени.
Има податоци дека Гоце уште пред да се роди се сметал за тута-Балгарин.
Писмените докази ви се малку повеќе печени во шпорет ама ќе поминат..
И така го заебуеле Гоце кој е роден ... ама цело време се борел за Македонија и Македонци кои не постојат!!!
Вие Бугарите сите сте .... или само кремот ви е таков?

тоа и јас го велам. Ама тој што го спомена т.н. коледарски масакр, не мисли така.
Која му е целта, само нему му е познато.
По се изгледа да испере некој од своите предци, кој по своја прилика бил Црпе на тоа време... а сега повторно имаме време на Црпиња па сака да искористи прилика.
 
Последно уредено:

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.206
Поени од реакции
12.159
Гоце и сам сметал дека е Бугарин, за што постојат писмени докази, така што тоа е историската вистина.
Се си мислам пореметени сте во тоа главите од Чубрицата што секаде ви ја ставаат
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.897
Поени од реакции
12.438
Претходно за потчинување користеле сила, денес тоа го постигнале со дипломатија(договори), барем ја така го разбрав.
Дали и ти и Македонеро сфаќате дека не е од денес?
Ова е континуитет на дпмнеовската политика кон соседите, името, јазикот ецетера. Прочитајте нешто од архивите, не е на одмет. За декларацијата 1999та
Тогашната опозициска СДСМ (чиишто тогашен добар дел на функционери и членови денес се членови на ВМРО-ДПМНЕ) цврсто се противи на ваквите односи, со страв дека ќе се „ребугаризира“ Македонија, односно, ќе се „расипат односите со соседна Србија“.
Тогашниот период го симболизира и „помирувањето“ со тоа што македонската и бугарската делегација во 1999 година заедно го прославуваат создавачот на славјанската азбука Св. Кирил пред неговиот гроб во базиликата „San Clemente“ во Рим. Доколку се разгледа комунистичкиот режим во двете држави, после оладувањето на односите меѓу Тито и Сталин, со години двете делегации „се натпреваруваа“ кој прв ќе стигне на чествувањето во Рим. Од 1999 година, оваа „традиција“ се прекинува со акт на добрососедство и пријателство и се потврдува заедничката историја меѓу двете држави. На крајот на милениумот се чини дека конечно ќе се тргнеме од „старите навики“.
Одредени активисти на ВМРО-ДПМНЕ во тој период почнааа отворено да повикуваат на ревизија на националната историја, азбука и јазикот кој се употребува во Македонија. Дури и тогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски со памфлетот „Кој со кого ќе се помирува“ му одговара на академикот Иван Катарџиев и на другите учени од Скопје за неколку историски прашања и тези и остава порака да „престанете да го труете македонскиот народ со една историска фатаморгана кoja само вие ја гледате педесетина години“.
класика бугаризација е почната одамна, од сегашната опозиција. На тоа се надоврзани историските "факти" преку документарци на разни ачковци. Ова е континуитет на последнодецениските напори на Македонецот да се побугарчи самиот, иако на тацна доби/се избори за држава со сите салтанати по 2 св војна.
Во однос на балистите, ниту тоа е ново ниту од сега. Од пдп и Илирида наваму, па Групчин, магацините со оружје...
Не се залетувајте толку брзоплето со оваа тематика со бугарите, има многу нешта кои ги занемарувате.

Да не збориме за загриженоста на сегашната опозиција кон партизанскиот отпор на Македонците во секој свој говор, а кога беа на власт ги срозаа под секое ниво.
 
Последно уредено:
Член од
28 август 2013
Мислења
4.499
Поени од реакции
13.780
Дали и ти и Македонеро сфаќате дека не е од денес?
Ова е континуитет на дпмнеовската политика кон соседите, името, јазикот ецетера. Прочитајте нешто од архивите, не е на одмет. За декларацијата 1999та
класика бугаризација е почната одамна, од сегашната опозиција.
Во однос на балистите, ниту тоа е ново ниту од сега. Од пдп и Илирида наваму, па Групчин, магацините со оружје...
Значи ДПНЕ се криви шо СДС ги потпишаа наивно сите три договори? o_O
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.108
Поени од реакции
74.978
Вечна слава на жртвите во крвавото Коледе во 1945 каде 1200 Македонци се убиени од страна на КПЈ.

Тешка им црна земја на Тито,Лазо Темпо и сите останатите од тој поствоен комунистички калибар,од кои настрадале чесни и добри комунисти,луѓе со десна и конзервативна орентација но пред се Македонци.
Глупост над глупостите, слично како и цела оваа бугаризација и анти-југословенска пропаганда која се води од некои про-бугарски здруженија и за жал, од страна на неколку фаци од мојата навивачка група, кои по се изгледа имаат замаено многу млади мозоци кои немаат познавање ниту од војната во 2001 (затоа што имале 1-2 години), а камо ли од работи кои се случувале многу пред да се родат.
Жално што дел од овие здруженија беа членови на форумов на времето и сме минувале низ разни дискусии. Со оглед на тоа што ги познавам голем дел од нив, не знам како пред неколку години сосема случајно ИМ СЕ ЈАВИЈА ОВИЕ ВЕРУВАЊА и ПРЕКУ НОЌ СТАНАА „СВЕСНИ“ за работите.
Свесно или несвесно работат за татарската пропаганда.

Убаво го објаснија случајот погоре, нема да се повторувам.

Фактите се следни и никој не може да ги побие.
Не сме успеале самите да се избориме за своја држава. Причината не можам да ја знам, но со оглед на тоа какви луѓе дозволивме да ни ја водат државата по осамосотојување, мислам дека можам да претпоставам дека алчноста на народот била вековен проблем. Убаво викаше еден другар, ние немаме никаква борба во минатото за која можеме да се пофалиме дека сме излегле како победници. Се гордееме со востанија кои како што би рекол тој, настанале откако ќе се начукал некој и ќе кренел пушка, додека не дознаеле турците и не го патосирале за неколку денови (онолку денови колку им биле потребни да дојдат до селцето). Постојано биле подложни на влијание од комшиите, штом толку години не можеле да настапат здружено низ цела територија на државата, тогаш веројатно и не им била главната идеологија да видат Обединета Македонија. Знам дека во Отоманското царство состојбата ни била катастрофална, но реалноста ни е дека и многу години претходно ние сме немале своја држава и сето тоа довело да тешко издвојуваме победа самите. Сме дозволиле други да не ослободат, што си донело огромни последици понатаму. Требало стратешки да играме подобро, не ми е јасно како секоја „стратешка битка“ ја имаме изгубено, до ден денешен. Факт е дека сите комшии се имале намерачено на Македонија и дека голем дел од овие кои ги воспеваме веројатно седеле на две столчиња. Јас имам почит само за Гоце Делчев, за другите не можам ништо да тврдам со сигурност, особено не за оние кои се воздигнаа минативе години, фаци како Александров и Михајлов. Преку ноќ се дигна пропаганда дека намерно комунистите ги правеле „бугараши“, не е дека историјата вика дека биле поголеми Бугари од самите Бугари (особено вториот). Се восхитувам на истрајноста на народот што толку години успеал да ја одржи културата, да живее еден мазохистички живот без да се предаде на окупаторот. Но, луѓето кои ги воделе стратешките војни, неретко биле со „заматени“ идеали.
Она што нам ни е поблиску се настаните од втората светска војна, а факт е дека партизанското движење заслужува многу поголема почит од она што го добива во моментов. Трагично е што тие луѓе се навредувани од младите кои сега се поставуваат како десница во државава, на сметка на ликови кои биле отпадоци од Бугарската фашистичка пропаганда. Трагично е што овие движење се идентификуваат со сегашната партија СДС, која нема допирна точка со нив. За политички поени, со финансиски инјекции од страна, некои пробуваат да ја извртат историјата. Уште поинтересно е дека и СДС кои ги идентификуваат со комунистичкото движење, ја ебаа логиката и се приврзаа на „новонапишаната страна на историјата“. Бугарите биле фашисти и тоа е непобитен факт. Бугарите убивале македонци, затоа што сме биле противници во војната. И така се чувствувало МНОЗИНСТВОТО од населението. Факт е дека ако не постоел Тито, немало да постои ниту Македонија. Кој што сака нека збори, следејќи ја истрајноста и „успесите“ од минатото, ако не бил Тито, веројатно ќе бевме дел од Србија и никогаш немаше да се избориме за независност. Ние не можеме да се справиме со 20%-тните во нашата држава, не па на Југославија ќе сме се спротиставеле. И добиената независност на начинот на кој сме ја добиле е вистинска умешност. Ни подариле независност, а ние со нашите политики ќе придонесеме да ја снема државата.
Во овие битки учестувале Македонци, за прв пат Македонците рамноправно се бореле на победничката страна. Можеби не сме ја ослободиле цела Југославија, ама сме имале значајни моменти како требењето на Балистите кои правеле масакр низ реканскиот дел, бркањето на татарскиот окупатор и слично.
Уште потрагично е дека некој мисли дека Југославија била во состојба да и се спротистави на Америка и Британија кои биле наклонети кон Грчките „демократи“ и кои се директни виновници за она што е направено врз Македонците од Егејот. Македонците од овој дел се приклучиле на комунистичкото движење и биле протерани како политички поразена страна.
Трагично е што нашата власт се откажа од македонците од овој дел, што го негираше геноцидот кој се случил по втората светска војна. Трагично е што ниту една власт досега не собра муда јавно да побара прошка од Грција за овој геноцид и да побара извинување и признавање на она што го направиле.

Едно нешто треба да ви биде јасно. За да опстои Југославија, каква што била во тие години, сите неистомисленици биле политички елиминирани на суров начин, нешто што го има и во сегашноста, само прикриено на поинаков начин. Голем дел од нив имале идеи водени од интересите на други држави, а некој сака да го прикаже тоа на поинаков начин. Реалноста која сите ние ја знаеме од нашите роднини од кои имаме ЖИВИ ДОКАЗИ е дека на луѓето во тој систем им било убаво и немале ни потреба за ширење на идеи за суверени држави. Никаде не им било забрането да зборуваат и учат на Македонски, никаде немале забрана да се декларираат како Македонци, така што тоа остава простор за сомнеж за „идеалите“ на оние кои наводно биле „затворани затоа што биле Македонци“. Да, кодоши имало, такви подлизурковци се секогаш на власт, но луѓе биле елиминирани само ако преставувале закана за партијата. Нормално, јас ваков начин на владеење на оправдувам, не може луѓето да немаат право да си искажат мислење, но како што гледаме ниту во сегашноста не сме се промениле. Но, ме нервира начинот на кој се извртува причината за тогашните политички убиства. Сите анкети кажуваат дека огромен процент од луѓето би се вратиле да живеат во заедничка држава. Секоја држава си имала своја незавиност во рамките на Југославија, со тоа што како главен центар, предност им се давала на Србија. Државата опстојувала од стравопочит кон Тито, едвај чекале да скине конци за да се изигра на картата национализам меѓу народите (се' уште тлеела омразата, затоа што во минатото голем дел од народите биле на спротивна страна во војните) и да се растури Југославија, за некои да ќарат во својот џеб и буквално маме да им ебат на сите држави, со исклучок на Словенија која секогаш се разликувала по менталитетот на луѓето. Којзнае колкав е бројот на оние кои се каат за тоа што го направиле по смртта на Тито.

Никој не ни мислел добро никогаш, но факт е дека Македонецот видел многу повеќе ќар од Тито, отколку од оние чија пропаганда се форсира сега.
Јас знам дека голем дел од дечкиве што го тераат овој филм имаат чисти намери, но дел од нив ти се модерните Михајловисти, а другите се недоволно образовани да знаат каков став застапуваат.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.426
Значи ДПНЕ се криви шо СДС ги потпишаа наивно сите три договори? o_O
Едното иде кон другото, Груевски јасно кажа во предизборието дека све ова што се случи, не чека ако црепов дојде на власт... Ако беше политичар ко што треба, ќе најдеше начин да го спречи ова, па макар му било последното што го направил....

Во најмала рака здружено делување...
Автоматски споено мислење:

Глупост над глупостите, слично како и цела оваа бугаризација и анти-југословенска пропаганда која се води од некои про-бугарски здруженија и за жал,
Збориме за луѓе викнати на разговор, партизани... учесници на ослободувањето на Скопје и Макеоднија... викнати на разговор кај темпо и зачекани во заседа и дел од нив убиени, а дел заробени и затворени умираат гладни и жедни во скопското кале.

Не збориме тука за контрачети, збориме за партизани, доста од нив комунисти....
 
Последно уредено:
Z

zmej gorjanin

Гостин
Глупост над глупостите, слично како и цела оваа бугаризација и анти-југословенска пропаганда која се води од некои про-бугарски здруженија и за жал, од страна на неколку фаци од мојата навивачка група, кои по се изгледа имаат замаено многу млади мозоци кои немаат познавање ниту од војната во 2001 (затоа што имале 1-2 години), а камо ли од работи кои се случувале многу пред да се родат.
Жално што дел од овие здруженија беа членови на форумов на времето и сме минувале низ разни дискусии. Со оглед на тоа што ги познавам голем дел од нив, не знам како пред неколку години сосема случајно ИМ СЕ ЈАВИЈА ОВИЕ ВЕРУВАЊА и ПРЕКУ НОЌ СТАНАА „СВЕСНИ“ за работите.
Свесно или несвесно работат за татарската пропаганда.

Убаво го објаснија случајот погоре, нема да се повторувам.

Фактите се следни и никој не може да ги побие.
Не сме успеале самите да се избориме за своја држава. Причината не можам да ја знам, но со оглед на тоа какви луѓе дозволивме да ни ја водат државата по осамосотојување, мислам дека можам да претпоставам дека алчноста на народот била вековен проблем. Убаво викаше еден другар, ние немаме никаква борба во минатото за која можеме да се пофалиме дека сме излегле како победници. Се гордееме со востанија кои како што би рекол тој, настанале откако ќе се начукал некој и ќе кренел пушка, додека не дознаеле турците и не го патосирале за неколку денови (онолку денови колку им биле потребни да дојдат до селцето). Постојано биле подложни на влијание од комшиите, штом толку години не можеле да настапат здружено низ цела територија на државата, тогаш веројатно и не им била главната идеологија да видат Обединета Македонија. Знам дека во Отоманското царство состојбата ни била катастрофална, но реалноста ни е дека и многу години претходно ние сме немале своја држава и сето тоа довело да тешко издвојуваме победа самите. Сме дозволиле други да не ослободат, што си донело огромни последици понатаму. Требало стратешки да играме подобро, не ми е јасно како секоја „стратешка битка“ ја имаме изгубено, до ден денешен. Факт е дека сите комшии се имале намерачено на Македонија и дека голем дел од овие кои ги воспеваме веројатно седеле на две столчиња. Јас имам почит само за Гоце Делчев, за другите не можам ништо да тврдам со сигурност, особено не за оние кои се воздигнаа минативе години, фаци како Александров и Михајлов. Преку ноќ се дигна пропаганда дека намерно комунистите ги правеле „бугараши“, не е дека историјата вика дека биле поголеми Бугари од самите Бугари (особено вториот). Се восхитувам на истрајноста на народот што толку години успеал да ја одржи културата, да живее еден мазохистички живот без да се предаде на окупаторот. Но, луѓето кои ги воделе стратешките војни, неретко биле со „заматени“ идеали.
Она што нам ни е поблиску се настаните од втората светска војна, а факт е дека партизанското движење заслужува многу поголема почит од она што го добива во моментов. Трагично е што тие луѓе се навредувани од младите кои сега се поставуваат како десница во државава, на сметка на ликови кои биле отпадоци од Бугарската фашистичка пропаганда. Трагично е што овие движење се идентификуваат со сегашната партија СДС, која нема допирна точка со нив. За политички поени, со финансиски инјекции од страна, некои пробуваат да ја извртат историјата. Уште поинтересно е дека и СДС кои ги идентификуваат со комунистичкото движење, ја ебаа логиката и се приврзаа на „новонапишаната страна на историјата“. Бугарите биле фашисти и тоа е непобитен факт. Бугарите убивале македонци, затоа што сме биле противници во војната. И така се чувствувало МНОЗИНСТВОТО од населението. Факт е дека ако не постоел Тито, немало да постои ниту Македонија. Кој што сака нека збори, следејќи ја истрајноста и „успесите“ од минатото, ако не бил Тито, веројатно ќе бевме дел од Србија и никогаш немаше да се избориме за независност. Ние не можеме да се справиме со 20%-тните во нашата држава, не па на Југославија ќе сме се спротиставеле. И добиената независност на начинот на кој сме ја добиле е вистинска умешност. Ни подариле независност, а ние со нашите политики ќе придонесеме да ја снема државата.
Во овие битки учестувале Македонци, за прв пат Македонците рамноправно се бореле на победничката страна. Можеби не сме ја ослободиле цела Југославија, ама сме имале значајни моменти како требењето на Балистите кои правеле масакр низ реканскиот дел, бркањето на татарскиот окупатор и слично.
Уште потрагично е дека некој мисли дека Југославија била во состојба да и се спротистави на Америка и Британија кои биле наклонети кон Грчките „демократи“ и кои се директни виновници за она што е направено врз Македонците од Егејот. Македонците од овој дел се приклучиле на комунистичкото движење и биле протерани како политички поразена страна.
Трагично е што нашата власт се откажа од македонците од овој дел, што го негираше геноцидот кој се случил по втората светска војна. Трагично е што ниту една власт досега не собра муда јавно да побара прошка од Грција за овој геноцид и да побара извинување и признавање на она што го направиле.

Едно нешто треба да ви биде јасно. За да опстои Југославија, каква што била во тие години, сите неистомисленици биле политички елиминирани на суров начин, нешто што го има и во сегашноста, само прикриено на поинаков начин. Голем дел од нив имале идеи водени од интересите на други држави, а некој сака да го прикаже тоа на поинаков начин. Реалноста која сите ние ја знаеме од нашите роднини од кои имаме ЖИВИ ДОКАЗИ е дека на луѓето во тој систем им било убаво и немале ни потреба за ширење на идеи за суверени држави. Никаде не им било забрането да зборуваат и учат на Македонски, никаде немале забрана да се декларираат како Македонци, така што тоа остава простор за сомнеж за „идеалите“ на оние кои наводно биле „затворани затоа што биле Македонци“. Да, кодоши имало, такви подлизурковци се секогаш на власт, но луѓе биле елиминирани само ако преставувале закана за партијата. Нормално, јас ваков начин на владеење на оправдувам, не може луѓето да немаат право да си искажат мислење, но како што гледаме ниту во сегашноста не сме се промениле. Но, ме нервира начинот на кој се извртува причината за тогашните политички убиства. Сите анкети кажуваат дека огромен процент од луѓето би се вратиле да живеат во заедничка држава. Секоја држава си имала своја незавиност во рамките на Југославија, со тоа што како главен центар, предност им се давала на Србија. Државата опстојувала од стравопочит кон Тито, едвај чекале да скине конци за да се изигра на картата национализам меѓу народите (се' уште тлеела омразата, затоа што во минатото голем дел од народите биле на спротивна страна во војните) и да се растури Југославија, за некои да ќарат во својот џеб и буквално маме да им ебат на сите држави, со исклучок на Словенија која секогаш се разликувала по менталитетот на луѓето. Којзнае колкав е бројот на оние кои се каат за тоа што го направиле по смртта на Тито.

Никој не ни мислел добро никогаш, но факт е дека Македонецот видел многу повеќе ќар од Тито, отколку од оние чија пропаганда се форсира сега.
Јас знам дека голем дел од дечкиве што го тераат овој филм имаат чисти намери, но дел од нив ти се модерните Михајловисти, а другите се недоволно образовани да знаат каков став застапуваат.
Знаеш што е најтажно и најперверзно во све ова што си го напишал, што се декларираш како комита, а си југокомуњар парекселанс. Нема да ти го коментирам текстот пошто исто ко да е пишуван у штаб на КПМ после 45 та, уште сте таму заглавени со паметот. Моја сугестија ти е да се префрлиш во делије или гробари, пошто врска немаш ни што се комити, ни што е вмро. Кога веќе отворено и јавно се декларираш како дел од некаква група, прво што правиш е одиш и читаш за нивните идеи и дела, не толкувани, туку баш што тие самите правеле, пишувале, говореле. Тоа ти е прва и фундаментална утка. Напрај го тоа па после ќе можеш да солиш памет низ романи на форум.
 
Член од
28 август 2013
Мислења
4.499
Поени од реакции
13.780
Back to the basics...
Пред 3 години се збореше за подобра инфаструктура, образование, здравство, економија, ЕУ, НАТО, луѓе ја пуштаа Wind of changes....
Денес се прашуваме за идентитетот, збориме за историја и опстанок на државата...
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.029

А кај виде јас да терам бугарска пропаганда?

Знам од прилика за кои ликови зборуваш од Комити,за жал има многу такви ликови во навивачките групи кај нас(Рибари,Чкембари) кои за жал подлегнале под тој лажен патриотизам со бугарски намери.

Нема да лажам,и јас на 18 години,пробувајки некако да се изборам за подобра иднина,како млад патриот за момент влегов во таа приказна која за среќа заврши после само месец.

Ама никој не моме да ме убеди дека комунистичките власти од 45 направиле големо зло на Македонија,и покрај придобивките кои сме ги добиле од нив,тоа е исто факт,работите кои се тогаш изградени за жал сеуште ни стојат и не се обновени 30 години.

Под означување на секој неистомисленик како Михајловист се убиени многу чесни Македонци и затворени,луѓе кои пред се имале нешто свое,бизниз или пак поголема земја.

Убиени се луѓе како Ченто,кој бил вистински човек кој верувам дека ако останел на чело на СРМ немало да бидеме најсиромашна република од сите 6,немало да дозволи луѓето да ги напуштат и уништат селата за денес да мизеруваме сите во градовите и пола држава да ни е иселена.

Не сакам да коментирам за тоа зошто е создадена Југославија,со која цел и дека планирано било тоа што се случило да се случи и дека Македонците требало да бидат свесни дека тоа ќе се случи кога тогаш,како што биле Словенците.

Еве и по 30 години жалиме за тој живот кој и не бил баш сјајен за сите

Дедо ми беше роден 1924,во тоа време после војната затворен е во Идризово не како политички затвореник туку поради друг случај и самиот ми има кажувано колку луѓе биле неправедно затворени само затоа што не сакале да го прифатат комунизмот.Луѓе кои со своја пот и мака заработиле на пример да имаат стадо од 100,200 овци,им било одземено и доделувано на луѓе кои биле локални џепароши,пијаници и пропалици кој немале работен стаж.

Штета што додека беше жив не интересирале овие теми и не сум го прашувал повеќе за настаните и политичките затвореници.

Не може никој да ми го смени мислењето на оваа тема и не можам да подпаднам по никоја пропаганда,само размислувам со своја глава.

А за погоре начнатата тема околу бугарите и нивниот подмладок по Македонија е навистина лоша работа но за среќа гледам дека ништо посериозно не се случува и не се моќни за ништо повеќе да променат,само таквите ликови треба да се избркаат од навивачките групи.
Со таквите утре не знаеш на што си.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.108
Поени од реакции
74.978
Знаеш што е најтажно и најперверзно во све ова што си го напишал, што се декларираш како комита, а си југокомуњар парекселанс. Нема да ти го коментирам текстот пошто исто ко да е пишуван у штаб на КПМ после 45 та, уште сте таму заглавени со паметот. Моја сугестија ти е да се префрлиш во делије или гробари, пошто врска немаш ни што се комити, ни што е вмро. Кога веќе отворено и јавно се декларираш како дел од некаква група, прво што правиш е одиш и читаш за нивните идеи и дела, не толкувани, туку баш што тие самите правеле, пишувале, говореле. Тоа ти е прва и фундаментална утка. Напрај го тоа па после ќе можеш да солиш памет низ романи на форум.
Јас сум навивач на Вардар и член на Комити од моето детство. Сум изгледал над 500-600 натпревари од навивачка трибина и за Вардар живот би дал. Да не ме револтираа сооштенијата на поединци од групата, немаше ни да давам свое мислење. Од љубовта кон Вардар јас не сум ја напуштил трибината, но за разлика од мене, скоро сите разумни и повозрасни членови одамна не се дел од западот, затоа што не се согласуваат со оние кои без консултација со другите си ја водат групата. Нивна работа, нивно е да си имаат свој став, лошо е што ги убедуваат другите и направија страната да личи на страна на политичка партија. Јас политика не поддржувам и сакам на трибина да нема мешање на политика. Досега сум гласал само ПРОТИВ и неколку пати ЗА одредени политички партии кои во младоста сум бил во заблуда и сум мислел дека се десници :D На трибина одам само поради Вардар и екипата со која си имаме убава дружба. Да ме знаеш добро ќе знаеш колку ги обожавам српските групи и како скандирам на сите дуели со српски екипи и нивната репрезентација :icon_mrgr: Секогаш анти Србија, секогаш анти Ѓоковиќ :D Во пракса никогаш не навивам за Србите или Хрватите во ниту еден спорт.

Ако убаво го прочиташ мојот пост ќе видиш дека јас константно говорам за ГОЛЕМЦИТЕ и нивните идеали, а не за луѓето кои биле дел од групите. Борците на фронтот се вистинските херои.Тие луѓе што свесно оделе да загинат во битките се вистински јунаци и љубители на слободната Македонија. Јас се гордеам со Комитите како дел од македонската историја и првоформираното вмро било со многу почисти идеали отколку оние кои ги наследиле. Но, за сите ГОЛЕМЦИ кои настапиле по Илинденското востание, не можам да тврдам ништо. Сите биле матни ликови и не можам да кажам дека целосно се залагале за Македонија. Историјата вика дека биле неспособни да издвојуваат независност на ова парче земја, не биле координирани, НЕСОМНЕНО биле блиски до бугарскиот и спрскиот двор итн.

Се' што напишав за периодот по втората светска војна, стојам зад кажаното.
Без разлика што не ги сакам Србите и Хрватите, целта на постот ми беше дека животот во таа заедница бил далеку поубав од сегашноста и Македонија во рамките на Југославија некако била многу понезависна отколку откако сме станале независни на хартија. Од српски двор, се префрливме на американска марионета.

Уште нешто заборавив да споменам во претходниот пост.
Да знае генералот Апостолски какви ликови се сомневаат во неговиот придонес за денешна Македонија, пет пати во гроб ќе се преврти.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.029
Вечна им слава и на Кочо Рацин, Страшо Пинџур на кои не им се бројат парчињата сечени од непознат сторител.
И на жртвите Долно Јаболчиште, и Ваташа во спомен на роденденот на Симеон, клањето кај Сеченица, околу 11000 евреи од Вардарска и Егејска Македонија и уште стотици и илјадници тепани, клани и убивани македонци па и други народности.
Сите тие од непознат сторител пошто нели, бугарите не биле окупатори.
Да не ги споменуваме ликвидациите на неколку стотици илади македонци во 50тите, Варна во 60тите и други жртви на великоблгарскиот Михајловистички куманизам, под наводно самостојна и целовита Македонија.

Инаку ниту биле 1200 ниту се нарекувале сите македонци. Митовите бугарски сеуште ве возбудуваат против НРМ, СРМ, РМ, ФИРОМ и РСМ.

Темата колку што знам е случувања во Македонија, не историска ретроспектива на југокомунистите, блгарите и отоманците.
Вечна им слава.
Не го спомнувај Кочо,тие кои ги воздигнувате по темите за југоносталгија го убија,зошто знаеле дека понатаму нема да се согласува со многу работи.
Вечна му слава на Ченто,кои го разболевте и убивавте секој ден скоро 10 години.
 
Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.508
Поени од реакции
1.896
Многу е логично кој врши бугаризација.Онаа партија што има поддршка од Бугарија.Само некои тоа не сакаат или неможат да го видат тоа.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom