Кој прв, пешакот или автомобилот?

Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Вртење на Гологанов за Рузвелтова, на Гологанов зелено за возила на Рузвелтова истовремено зелено за пешаци.
На вртење од Даме Груев кон Димитрија Чуповски (раскрсницата кај Палома Бјанка), зелено за лево на возила, зелено на Чуповски за пешаци и на уште многу други раскрсници во "метрополата".
Борис Трајковски и Народни херои, раскрсницата пред Расадник! Кога е зелено за возилата од Народни херои ако вртиш лево, во исто време е зелено и за пешаците. Малку трики ситуација, мораш да го пуштиш пешакот, и да внимаваш да не те однесе некој од скопските возачи зад тебе!
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.921
Поени од реакции
41.893
Само што си малку простичок и не гледаш дека му е зелено и на бусот.
Ти си изгледа. ;)
Пишав дека има зелено, ама од десно има кола која го задржува правецот.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.742
Поени од реакции
27.736
Пишав дека има зелено, ама од десно има кола која го задржува правецот.
Не пеер, ти пиша ова
Втората раскрсницата е со знаци и семафори, а секогаш се гледа по семафорот и прва оди колата. :icon_mrgr:
Што има да нагласуваш дека се гледа по семафорот кога на двајцата им е зелено, што има да се гледа?
Едноставно го пропушти фактот дека му е зелено и на бусот.
Сега вака во второво мислење „случајно“ го уфрлаш моментот дека колата го задржува правецот.
Ама претходно важно беше да се каже дека се гледа по семафорот а семафарот е ист за двајцата :D
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.921
Поени од реакции
41.893
Па се подразбира дека се гледа по семафор, а ти мислиш дека си најпаметен и само ти го виде тој зелениот од др страна.
90% одговараат погрешно, истите што ги прават сообраќајките на раскрсниците и сечат пат.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.742
Поени од реакции
27.736
Па се подразбира дека се гледа по семафор, а ти мислиш дека си најпаметен и само ти го виде тој зелениот од др страна.
90% одговараат погрешно, истите што ги прават сообраќајките на раскрсниците и сечат пат.
Не, не го видов само јас, и други го виделе. Но ти, ти не го виде.
Никој не го оспорува фактот дека се гледа по семафор ама твојот заклучок беше, уште еднаш
а секогаш се гледа по семафорот и прва оди колата. :icon_mrgr:
Сега те прашувам.
Во ситуација каде на двајцата им е ист семафорот, зошто твојот заклучок беше дека се гледа по семафорот и колата треба да помине?
Одговорот е јасен: ти не го виде семафорот дека му е зелен на бусот.
Тешко ти е да признаеш, и сега поради ова ја развлекуваме дискусијава а јас испаѓам досаден :(
"ne ispagas, TI SI dosaden" hhhh
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.921
Поени од реакции
41.893
Го видов не сум толку слеп. Вакви слики се трик за тестови. Иста боја на возило со семафор.

Ме мрзеше да објаснувам како за првата слика, ама ти мислеше дека си паметен и ме цитираше дека и на бусот му е зелено како тоа може да смени нешто во оваа ситуација.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Како бре автобусот оди прв на првата слика?
Што се однесува на втората слика, зелено му е на автобусот, ама само на сликата. Во пракса од автомобилот не може да се види кое светло е на семафорот од автобусот. Тие се најлошо регулирани раскрсници, како онаа на „Борис Трајковски“ кај супер тинекс, каде истовремено е зелено за право и за лево од двете насоки. На неколку дена има сообраќајка.

Овде има нејасни работи. Јас сум возачот. Гледам зелено светло и шибам со 60 (некои дури со 90). Од каде да знам дека и пешакот има зелено светло? Кој си дозволил таква грешка (ако добро разбрав) едновремено да има зелено за пешаците и за возилата?
50 ти е максимум што смееш да „шибаш“. Потоа прописите велат дека кога наидуваш на пешачки треба да ја намалиш брзината. И општо, брзината треба да ти е прилагодена кон условите на патот за да можеш безбедно да сопреш доклку се јави потреба за тоа, без оглед која е максималната дозволена брзина.
Инаку местата каде е истовремено зелено за пешаци и возила, се ситуации каде возилото врти не кога оди право.
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.948
Поени од реакции
1.498
Кога прописно, културно ќе застане на пешачки возило, и он чека и јас како пешак чекам и двајцата ко идиоти ќе се испопцуеме на крај...
Во култивираниве населби како Карпош на пример, каде што живеат надпросечни луѓе (кај што не е она, калта, нели), ми се случува редовно така и многу незгодно е.
Да, јас сум кал, житна.
 
Последно уредено:

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.929
Не пеер, ти пиша ова

Што има да нагласуваш дека се гледа по семафорот кога на двајцата им е зелено, што има да се гледа?
Едноставно го пропушти фактот дека му е зелено и на бусот.
Сега вака во второво мислење „случајно“ го уфрлаш моментот дека колата го задржува правецот.
Ама претходно важно беше да се каже дека се гледа по семафорот а семафарот е ист за двајцата :D
Па мора да нагласи дека се гледа семафор, затоа што ако семафорот случајно не работи, тогаш автобусот има предност во таа ситуација.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Полицаец, семафор, сообраќаен знак и на крај десно правило, редослед на минување н араскрсница. Знак со условно запирање и и стоп знак никако не се од иста важност.

На камионот првенството на минување му е за десно, а тој свртува лево и затоа мора да им даде предност на оние што идат од десно и повеќе нема првенство.
Од десно има автобус со знак вкрстување на пат со првенство на минување, ама под него има уште еден знак и не знаеме дали е лево или десно, ама сеедно тој и онака оди право и ко задржува правецот на движење. Автобусот од десно има кола со стоп знак, знак кој се става ако пат не е толку прегледен и задолжително мора да запре и да чека.

Автобусот прв, а колата и камионот може во исто време да поминат, откако ќе помине автобусот.

Втората раскрсницата е со знаци и семафори, а секогаш се гледа по семафорот и прва оди колата. :icon_mrgr:
Све погрешно напиша. Првата слика иде прво автобус, затоа што автомобилот има предност ако оди десно, ако врти лево ја губи таа предност.
Втора слика: нема главен/спореден пат, кога се регулира со семафор.

Крај краева, тотално небитни слики и во реалност нема шанси да дојде до ваква ситуација.
Во вториот случај направив превид со семафорите. Едноставно ги игнорирав, не ги ни забележав. Се согласуваам дека автомобилот поминува прв.
Но за првиот случај и понатаму мислам дека камионот поминува прв. Тој се исклучува од главен на спореден пат, додека автобусот се вклучува од спореден на главен пат. Оној што е на главниот пат секогаш е во предност.
50 ти е максимум што смееш да „шибаш“. Потоа прописите велат дека кога наидуваш на пешачки треба да ја намалиш брзината. И општо, брзината треба да ти е прилагодена кон условите на патот за да можеш безбедно да сопреш доклку се јави потреба за тоа, без оглед која е максималната дозволена брзина.
Инаку местата каде е истовремено зелено за пешаци и возила, се ситуации каде возилото врти не кога оди право.
Ако возилото е на посебна сообраќајна лента која служи само за вртење лево не смее едновремено да има зелено светло за возилата и пешаците.
Ако возилото е на сообраќајна лента која служи за движење право и свртување лево, тогаш едновремено имаат зелено светло и пешакот е во предност.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.921
Поени од реакции
41.893
Во вториот случај направив превид со семафорите. Едноставно ги игнорирав, не ги ни забележав. Се согласуваам дека автомобилот поминува прв.
Но за првиот случај и понатаму мислам дека камионот поминува прв. Тој се исклучува од главен на спореден пат, додека автобусот се вклучува од спореден на главен пат. Оној што е на главниот пат секогаш е во предност.
Камионот ја губи предноста со свртување на лево, тој ќе се движеше со пат на првенство ако завртеше десно.
Нема веќе првенство и мора да им даде предност на тие од десна страна. И двајцата се вклучуваат на спореден пат.
Автобусот под знакот за вкрстување на пат со првенство на минување има и уште еден знак, не знаеме дали е за лево или десно, а и сеедно во овој случај кога тој продолжува право. Ако автобусот одеше во насока која е обележана на другиот знак, тогаш камионот ќе беше прв.
 
Овде во целост погрешно сфаќаш. Вториот (долниот) знак означува како се протега патот со првенство на минување (главниот пат). Не може другите (за нас невидливи) знаци да покажуваат нешто различно од знакот што ние го гледаме. Сите мораат да го покажуваат истото, а тоа значи дека камионот се наоѓа на главниот пат и тој има првенство. Автобусот и автомобилот се наоѓаат на спореден пат (согласно знаците).
Не постои никакво губење на првенството (друго е свртување лево на патишта со иста важност).

На втората слика доколку немаше (вклучени) семафори автобусот исто е во предност иако свртува лево. Ако немаше ниту знаци автомобилот ќе беше со приоритет.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Камионот ја губи предноста со свртување на лево, тој ќе се движеше со пат на првенство ако завртеше десно.
Нема веќе првенство и мора да им даде предност на тие од десна страна. И двајцата се вклучуваат на спореден пат.
Автобусот под знакот за вкрстување на пат со првенство на минување има и уште еден знак, не знаеме дали е за лево или десно, а и сеедно во овој случај кога тој продолжува право. Ако автобусот одеше во насока која е обележана на другиот знак, тогаш камионот ќе беше прв.
1.Камионот се движи по пат со предност за поминување, никогаш нема да ја изгуби таа предност во однос на возила кои доаѓаат од насока која нема предност за поминување. Единствено би требало да нема предност во однос на возило кое евентуално би доаѓало од правецот од неговата десна страна, од причина што со свртувањето лево би му го прекинал коридорот на движење, кој е и со знак определен како коридор(правец) со предност на минување!
2.Автобусот бидејќи доаѓа од правец кој нема предност, мора да го пропушти!
3.Ваква раскрсница у реалност не може да има(вака означена), бидејќи има најмалку две нелогичности. Знакот под свртениот триаголник и стоп знакот!
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.921
Поени од реакции
41.893
Па не се вклучува по тој пат според знакот, туку оди на спореден пат, на пат со првенство ќе беше ако продолжеше десно. Не може да не ја изгуби, ако не ја губеше немаше ни да постои тој дополнителен знак за десно.
Два различни знаци се со првенство на минување секаде и првенство само ако оди десно. Не може и на двата секаде да има предност.
 
Тој знак под свртениот триаголник, не смее да постои( затоа реков дека ова е трики и фиктивна ситуација), не го земај во предвид. Второ, камионот се вклучува од главен пат и додека он дојде во средина на тој пат он има предност. А пошто е веќе на главниот пат, автобусот кој треба да го чека, не може да знае од каков пат се вклучува камионот! Во прилог плус, возачот на автобусот го гледа извртениот правоаголник и знае дека камионот е на пат со предност и дека треба да го пропушти(опцијата со објаснување на протегање на патот со предност кај автобусот НЕ СМЕЕ да постои).
Тука уште и нелогичноста со лесното возило :D, мериме кој има предност меѓу стоп и знак на спореден правец, жими неце може така!
Така да не се палете на оваа ситуација, ова е фиктивна ситуација со неправилно сообраќајно решение!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom