Лесно е било кој човек да се лупа во гради дека е голем патриот и националист, лесно е да се пушти брада како Никола Карев, лесно е да се опне на тераса, на куќа, во двор, на кола знамето од Кутлеш/Вергина, лесно е и да се опне на бандера на улица вмровското знаме со лав, лесно е и она знамето со костурска глава, револвер и нож да се закачи некаде, лесно е и да се опне огромен ланец со крст на гради... арно ама утре недај боже ако пукне од некоја страна, од некоја планина, како во не така далечната 2001 год. кога почна да се пука во Танушевци, па потоа конфликтот експресно се прошири во скоро цела северо-западна и северна Македонија, односно на Шар Планина, во Полошкиот регион (Тетово и Тетовско), подрачјето на Скопска Црна Гора, Арачиново, Липковскиот крај (Кумановско) и.т.н. Недај боже ако се случи пак нешто слично сите овие штабско-партиски-патриоти има да испобегаат кај нивни роднини по Србии, Бугарии или пак на Халкидики, а голем дел ќе ја здуваат и по западна Европа, САД, Канада, Австралија и.т.н.
Прво ќе ја киднат функционерите, односно највисокиот партиски ешалон, а веднаш потоа истото ќе го сторат и тие од подолните ешалони !