Дизел мотори: предности и мани

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.348
Возраст
47
Локација
Струмица
Веб-сајт
www.kajgana.com
Современата технологија во производството на дизел моторите отиде многу далеку. Денес веке во перформансите се потполно изедначени со бензинците, во некои сегменти се и подобри од нив, како на пр. обртен момент, потрошувачка на гориво, поголема трајност на моторот, поголема ефикасност и сл. Единствено, тие се поскапи од бензинците, кога се купува нов автомобил, но држи повисока цена од соодветниот бензински модел при продажба како половно возило. Од друга страна, сервисирањето на дизел моторот е поскапо во однос на бензинците, и некои компоненти се поскапи (бош пумпа на пр.). Да го броиме како мана и тресењето на моторот кога е ладен, кое тресење со постигнувањето на температурата се губи. Најголемата мана би била неквалитетното дизел гориво кај нас кое не ги задоволува критериумите и стандардите поставени од производителите. проблемот е во концентрацијата на сулфур во дизелот, кој кај нас е 0,5 промила, а овие мотори бараат 0,003 промила сулфур, и често доаѓа до дефекти, во смисла на детално чистење на каналите за довод, бош пумпата и главата на моторот.
 
Да а ја заборај бучавата(штракањето) што ја имаат. Плус треба акомулатор секоја година да им менуваш. Многу се крути, поубо од бензинец немат. Бензинциве имаат само една мана то што е поскап бензинот :)
 
многу чури кога ќе остаре колата брчи како трактор али поевтина е нафтата
 
Модерниве дизели (на пример кај мерцедес новата Ц класа) дизел моторот неможе ни да се препознае дека е дизел дури ни однадвор, така фин такт имаат што неможеш да ги разликуваш бензин/дизел.

Исто занемарливи се веќе разликите во брзината/забрзувањето/бучавата и сличните вообичаени разлики кои постоеа до пред години.

Кај нас нафтата не чини. Како што кажа струмикс, и прават каубојски финти и скапи мотори се расипуваат.

Јас лично, би одбрал бензин. За постарите автомобили, бензинот и тоа како се познава.
 
Влатко, мислам ти објаснив на една друга тема зашто е така со брчењето на HDI на PSA групацијата( и кај сите модерни дизели де). Како што кажа и Андроник, кај современите дизели нема вибрации, освен на ладен старт. Знаете ли дека Алфините Common rail дизели се со подобри перформанси од бензинците? А на почетокот закоравените Алфисти го сметаа дизелот во Алфа за ерес. Времињата се сменија.

Инаку, не препорачувам дизел во Македонија. Горе напишав и зошто.
 
Јас прв пат кога слушнав алфа да брчи како дизел, му тропнав на шоферот и го прашав дали му е дизел! :) И вистина беше дизел, јас крајно се изненадив.

Ова се деси пред некои 7-8 години.
 
До 1999 год. Алфа вградуваше дизели, производ на VM. Toa беа крајно спори дизели. Со Common rail дизелот, Алфа во голем стил произведе дизел мотор, согласно својата традиција, и дури влијаеше на другите производители да ја применат таа технологија, секако со лиценца.
 
Денешните дизели навистина многу се разликуваат од некогашните, технологијата е ептен напредната кога се зборува за овој вид мотори. За жал, сеуште кај сите остануваат некои недостатоци или за мене тешко прифатливи карактеристики во однос на бензинските мотори. На прво место вибрациите додека е моторот сеуште не постигнал работна температура, големото ниво на чад и отровни материи во издувните гасови како и бучавата која е далеку поголема одколку кај бензинските мотори. Можеби кај нов автомобил со дизел мотор бучавата и вибрациите и не се толку големи додека тој сеуште не поминал барем 50.000км, но после оваа километража речиси кај сите модели се јавува зголемена бучава и вибрации. Овде не ги вбројувам новите модели на Мерцедес, но постои и непишано правило дека дизел мотор треба да биде сместен во робусна каросерија, а сите модели на Мерцедес се робусни аута така да не представува проблем на ауто од скоро 2 тони тежина да ставиш дизел мотор и да не се чувсвуваат вибрациите и бучавата како на пример кај Голфот, Пежото или Цитроенот:)
И покрај сите новитети во производството на дизел моторите како што е HDI на пример, јас останувам приврзаник на бензинскиот мотор кој пред се чини поевтино, има поевтин сервис, работи потивко и помирно и помалку загадува.
Инаку, новитети нема само кај дизелите туку и кај бензинските мотори, а што се однесува до потрошувачката на гориво денес веќе и бензинците се далеку поекономични од колку пред 10 години, имаат поголемо искористување на обртниот момент, поснажи се а и векот на експлоатација им е далеку поголем од некогаш.
 
jas sakam dizel kola bidejki malku trosi a sepak mrzam dizel kola bidejki e pospora
 
Sega gi usovrsuvaat i zakon se nemozes da primetis dali e dizel ili ne PRAJME MUABET za audi A6 TDI ne mi teknuva kolku kubici.Audito e novo t.e. pred eden mesec e zemen mislam 35000 EURI DECKI
 
абе луѓе какво брчење, па новита технологија ги усоврши до максимум дизел моторите и имате и убрзување да не ви се верува дека возите дизел, прочепкајте малце за технологиите, знаци како почнаа дизел па турбо дизел па незнам сди хди и мислам според мене дека до пред 2 години дци беше најдоброто е сега може има и нешто друго, незнам.
 
Ок, my share of the talk.

DIESEL vs. GASOLINE

Кај бензинот имате поевтин сервис, лесно за одржување, ако ти троши ставаш плин (не дека и во дизелот неможиш ама не се исплаќало, ова не знам како функционира ама...велат работело).
Бензинот помалку трае од дизелот (чистата физика на дизелот овозможува подолготрајна работа - работи на самодетонација) иако некои викаат дека бензинскиот мотор ако го возите повеќе на плин повеќе ќе трае бидејки смртта на бензинот доаѓа од самодетонацијата (што кај плинот речиси ја немало) и потивка работа се разбира и повеќе сила (ако ставите турбо полнач што го има кај TDI моторите и CDI).

Во однос на загадувањето...бензинот повеќе загадува од дизелот. Факт е тоа, проверете во сите светски списанија имаат emission tests ќе ги видите резултатите. Најмалку загадува плинот:) така што HOOOREEEEY за LPG (во последно време најмногу возам на тоа).


Фактички кога ќе видите...се се врти околу бош пумпата и турбо полначот (се разбира поновите дизели)...масло нормално треба да си ставате поквалитетно... и Bosch пумпата и Turbo полначот е она што ги одвлекува познавачите на автомобилите од дизелите...„Што ако се расипи Bosch пумпата или Turbo-to...скапи поравки...”, бензинецот...најмногу што можи да ве чини 300-400 евра поправка за некој дел, за разлика од тоа...дизелот може и илијадници евра.

Паааа...есапот е ваш...ризикот е тој. Дизелот навистина е добар последните...15 години ...бучавата мене толку не ми смета. Другата недела ќе имам шанса скоро секој ден да возам TDI мотор (нова кола Skoda Octavia Tour 1.9TDI/90KS)...па ќе ви пренесам импресии (до сега само бензинци возам редовно).
 
Оффтопик; Што...моторцикл (претпоставуам) имаш?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom