Народот ни јаде, ни пие, ни спие, едвај чека 12ти април да дојде да оди на избори да гласа за КуртоМуртовци. Абе на народот му е преку глава од избори, почнувајќи од 1991 год. па навака скоро секоја година имаме или некаков референдум или редовни избори или предвремени избори, како оние што треба да се одржат (доколку се одржат) на 12ти април. Кобајаги ако не го бива Заев и неговата власт постои некоја сигурна алтернатива за нивна политичка замена и спас на Македонија. Што да се бира, за кого да се гласа во април, што ќе се бира помеѓу два пукнати кондоми, дупнати гуми, издишани балони, политичко-идеолошки лешови, говорам за двете партии кои не владеат 30 год. ДПМНЕ/СДСМ т.е. Курто/Мурто политичкиот систем или најсоодветно кажано Курто/Мурто политичкото едноумие или двоумие кој како сака нека си го нарече во државава скоро цели 3 децении наназад (змија да те касне или магаре да ти го бапне е работава). Заев сите знаеме каков политичар е, односно какви се политиките на оваа власт, тоа сите го осеќаме и трпиме на грб последниве 2-3 години, јас на Заев и неговата влада/власт максимум би му дал оценка 2 и тоа во некои најдобри можни ресори, инаку во повеќето ресори и институции како на пр. судство, полиција, катастар, царина, образование, здравство и.т.н. би дал оценка 1 чиста единица (кец) а можеби и 0 (нула) или -1, -2, -3 и.т.н. Но од друга страна пак која е политичката алтернатива во моментов која би го заменила Заев, да за жал тоа се оние тенеќе тенџериња како Жмицко, баба Гога Јога, Аце Николоски звани Керозин бидејќи остварил патни трошоци како да не е од Охрид туку од Камчатка или од Владивосток, потоа Јанушев, Милошоски, Влатче Ѓорчев (овој вечитиот студент со репче што си отвори приватна детска градинка по дома), потоа Илче Димовски и многу слични вакви потрошени и издишани партиско-политички и штабски пиони, собраниски карикатури, политички кловнови и ај така да се изразам испукани куршуми во политиката на оваа земја за кои само прости, глупи луѓе, слепи партиски послушници како и хиени желни и жедни за власт, односно за повторно враќање на власт можат да кажат дека се добри политичари и соодветна политичка алтернатива. Богами за вакви политичари и од едната и од другата страна навистина вреди да се гласа и да им се даде пак власт односно мандат !