Македонските емигранти во Русија, во 1754 формираат своj полк и сите македонски се декларирале kako припадци на МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА. Документите се чуваат во Архивот на Украина.
Оти се мочи за оваа тема?!
Не се молчи, позната работа е тоа само што ни им одговара на некои наши соседи па тие молчат.
Во 1759 година по наредба на Екатерина II бил формиран посебен македонски хусарски полк на териториjата на денешна Украина, со посебни униформи и инсигнии, со своj грб и македонско национално знаме (види
А.А. Скал'ковскiј, Хронологическое обозренiе исторiи Новоросiјскаго краја (1731-1823), I, Одеса, 1836, стр. 24, 269-273).
Значаjно е што македонските доселеници биле наполно диференцирани од другите народи (Срби, Бугари, Грци, и Власи) и биле заведувани во рyските списоци како припадници на "
македонској нацiеј" (
ЦДИАУ Киев, ф. 1413, оп. 1, сб. 6/1756)
Иако во 1773 година народносните називи на хусарските полкови во Русиjа биле укинати и биле преименувани според градовите, тие уште долго неофициjално си ги носеле старите имиња. Од македонските преселници денес во Украина се зачувани топонимите: Македонов, Македонивка, Македони, итн., но и населби според местата од каде што дошле преселниците: Скопиевка, Куманово, Кумановка, Малаjа Каратовка, Новиj Полог, итн. (
Александар Матковски, Македонскиот полк во Украина, Мисла, Скопjе, 1985, стр. 283-285).
Прашаj ако нешто конкретно те интересира, неколкумина наши автори како Александар Матковски имаат екстeнзивно пишувано на темава.
Изворите односно документите ги наведов во загради.