Потеклото на Албанците

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.527
Поени од реакции
26.015
Чекај, и ти викаш дека немаше миграција на словените?
Миграција несомнено имало.... колонистите се враќале во матичната територија под притисок на Хуните.....
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.288
Поени од реакции
4.664
На времето имав еден аргат од Кукс, збореше перфектно Македонски, архаично. Значи не да го приучил во Македонија, не Тито да го учел, а таќе си зборуеле по дома. Словенски(Македонски) елемент во Албанија има и те како, и не само во Голо брдо и Пустец а и „по длабоко“ во Албанија. Не бадиела Пулевски ја вбројува Албанија како дел од Македонија.
Што значи Пул?
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.527
Поени од реакции
26.015
Извини ама после вакви напишани глупости не можам да разменувам мислења со тебе.
ти неможеш да разменуваш мислење со мене уште кога ти ги подотворив очите за Ѓорѓија... Прво твредеше дека се христијански имињата, па после тврдеше дека Албанците како несловени биле дел од словенската црковна заедница во средновековието... сега немаш уште што да кажеш во врска со тоа зошто на Скендербеј Мајка му и браќата и сестрите имале чисто словенски имиња, без религиозен контекст....

Скендербеј се родил во Турско, неговиот татко се родил во Турско, неговата мајка се родила во Турско... Неговите браќа се родиле во Турско... нивниот избор да носат словенски имиња, не зависел од никакво влијание, тоа било нивното чувство на припадност, кое за разлика од денеска, не се добива по тоа што се чувствуваш... туку по твоите предци....[DOUBLEPOST=1549575583][/DOUBLEPOST]Инаку Пуно, немој да се нервираш за историјата. Ниеден историски факт, ма каков и да бил нема да ја измени денешницата. За нечија жал и за нечија среќа, денешницата се исплела вака, баш заради историјата. Тоа не треба да ти пречи да ја бараш вистината во историјата.
 
Последно уредено:

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Дури имаш до ден денес имаш албанци кои се презивеат Гропа.
Гропа можеби сеуште постои како презиме, но во Албанија, вакво презиме не сум слушнал да постои кај Албанци на територијата на Македонија или Косово !
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Константинопол им дозволил на словените црква на мајчин јазик, албанците немале затоа што биле интегрирана маса во византиската империја, не постоело националност тогаш или лична карта па да им пишува што етникум се.
Види, види?!? Албанците биле интегрирани и за нив не постоела националност, а за “Словените“ постоела и нација и не биле интегрирани?!?

После нижењето на византија почнуваат и албанците да се спомнуваат и да се појавуваат независни албански кнежества. Тоа е 2 -3 века пред доаѓањето на турците.
Независни “албански“ кнежества?!?!? Не би рекол... На какој јазик се говорело во тие “албански“ кнежества? :)

Во интерес на црквите е што повеќе верници да имаат, со тоа повеќе пари и поголема контрола на маси. Константинопол ги добил словените затоа што им дозволиле литургија на словенски јазик. Вие сте православни сте само затоа што на аукција сте биле за Рим и Константинопол.
Ај препрочитај се какви глупости си пишал.

Албанците црпат имиња и од грците бе, што сега грци се тие албанци, или егејските македонци што имаат грчки имиња што се?
До 19 век не постојат Грци како етнос. Имињата не се “грчки“ туку воглавно имиња од коине (новокомпонирани - најголем дел од нив ги немало во антиката, па според тоа “паѓа во вода“ и грчкиот “континуитет“)

Сигурно има и други примери освен албанците, ти спомнував словенските имиња кај албанците се протнаа како верски. Исто како турските, италијанските или грчките.
Има и кај англичаните таканаречени “грчки“ имиња, а имаат и тие “горд Албион“, а тоа Албион бил островот каде што после битките се одморал Кралот Артур и неговите витези од округлиот стол. Овој остров поинаку бил наречен и “Јаболчник“, а тоа ја има истата етимолошка основа со Авалон/Абалон - јАбалон, Јаболкон и сл. (англиски - apple) а тоа го доведува во врска со АПОЛОН или Богот кој го фрлил златното ЈАБОЛКО со натписот “за најубавата“ што било причина за Тројанската војна... И така...

Албанци постоеле уште пред Римската држава и спомнати се како персиско племе, борци против војската на Александар Македонски (4 век.пр.н.е. - што значи дека постоеле и порано). Спомнати се ама како ПЕРСИСКО племе. А во Рим во тоа време уште нужници немале, а камо ли да имаат организирана држава која ќе стигне до Кавказ и уште таму да именува некој народ со СВОЈА, римска, именка. Значи, името Албани, Албанои, Албанија НЕМААТ РИМСКА/ЛАТИНСКА ЕТИМОЛОГИЈА туку локална Персиска.

Чекај, и ти викаш дека немаше миграција на словените?
Па нормално е дека немало. Нема никакви материјални докази за такво нешто, а ниту разумна основа и логика за такво тврдење (освен на цитирање на цитати, од цитати на некој си титулиран “научник“ кој освен титулата нема ништо друго во црпката и никогаш не излегол на терен туку си седел на биро и си фантазирал за историјата).
 
Член од
21 април 2019
Мислења
145
Поени од реакции
116
Таен документ од Виена открива дека Австроунгарија ги создала Албанците како нација










Албанците никогаш не постоеле како единствен народ, туку како народ биле создадени по иницијатива на австроунгарски договор, да ги соедини различните племиња, да создаде еден јазик, и сето тоа потмогнато со пари, за да, пред се, го намали српското влијание и тежина во ослободувањето на сите српски земји, од кои добар дел се наоѓале под контрола на Австроунгарија. На долга патека, цел овој проект имал за цел да овој дел од Европа кој излегува на Медитеранот се намали и на тој начин да се влијае на Русија.

Ова тврдење предизвика големи полемики и интересирања кај научните кругови во Европа, а изнесена е во докторат неодамна почината бугарска историчарка Теодора Толева (1968-2011). Трудот под име „Влијание на Австроунгарската империја на создавање албанска нација (1896-1908)“ е заснован на прочуениот документ во Царската архив во Виена, од кои, за многумина во тоа време биле најстрога чувана тајна.

Толева со текот на истражувањето и потрагата за документите за меѓуедничките односи во Осоманската империја во царската архива во Виена пронашла документи во врска со тајните состаноци на австроунгарскиот двор одржани во 1896 година, во кој е договорено создавање на компактна албанска нација.

По бугарската историчакра, меморандум за четири состаноци кои се одржани, покажува дека на крајот на деведесетиот век, албанската нација сеуште не постоела и дека Виена ќе направи конкретни напори да ја изгради, хомогенизирајки ги жителите, промовирајќи единстве меѓу католичките и муслиманските кланови, помагајќи го новинарството и образованието на народото, издаваштвото на националистичките публикации, создавање на еден унифициран книжевен јазик и така натаму.

Мотивите на Австроунгарската империја се сосема јасни: да краткорочно вложи притисок на Србија и Црна Гора, а долгорочно на Русија.

Докторатот на Толева е објавен на шпански јазик под името „La influencia del Imperio Austro-Hungaro en la construccion nacional albanesa (1896-1908) и она во фактографскиот богат научен труд поделен во десет поглавја ги објаснува своите прогнози и развој на албанската нација во периодот меѓу 19 и 20 век.

Бугарската издавачка куќа Сиела постхумно го објавила нејзиниот труд и на бугарски јазик, во декември 2013 година, а истиот е објавен во германски превод под името „Der Einfluss Osterreich-Ungarns aud die Bildung der albanischen Nation 1896-1908“.

Треба да се каже дека нејзиното име во бугарската историографија Теодора го изгради со вреднуваните истражувачки дејности професионално високите стандарди, вонсериските полиглоти (говорела шпански, португалски, француски, италијански, руски, англиски, германски).

Освен тоа го сврте вниманието во 2006 година, со капиталниот труд „Надворешна политика Тјуле Андрашија и македонското прашање“, а наскоро се очекува постхумно објавување на нејзната трета книга “Геноцид и судбина на Јермените 1905“.

Основаната теза е дека Виена ќе направи се да ги обедини различните албански племиња и кланови кои во втората половина на 19 век според нејзе, немале развиена национална свест, туку била расцепкана. Односно дека виенската дипломатија активно ги помагала и создавала унифицирана книжевен албански јазик, издаваштво на албански национални публикации, и развој на новинарството и образованието.

Мотивите на Австроунгарија за тоа се спречување на ширењето на конкурантската Србија и Италија, а индиректно, преку спречување на Србите, тоа било спречување на ширењето на Русите кон Медитеранот.

Толева во 1999 година за прв пат излегува во Виена, империјалниот архив за да собере податоци од архивската документација за македонското прашање. Трагајќи за докумените за тоа, еден ден сосема случајно во една фиока открива досега необјавнен меморандум за четирите тајни конференции одржани во дворот во Виена 1896 година, а по повод планирањето за создавање на тогаш непостоечка албанска нација.



Инаки на тие состаноци се споменува и документот „Die Albanienpolitik Osterreich-Ungars un italiens 1877-1908 de Hans Dieter Schanderl“ од 1971 што наведува и Толева во фуснотата на 28 страна на бугарското издание.

Почетната точка на нејзиното истражување е во 1896 кога Виена одлучува за акивното делување на просторот на јужниот Јадран, а завршната во 1908 кога Младотурското движење ја превзема власта, што се менува дотогашниот контекст за делување на Австроунгарија кон отоманското наследство.

Првото поглавје под името „Организација на надворешната политика“ се однесува на објаснување на надворешната политика на Австроунгарија. Толева објаснува: „Целта на ова поглајве е да ја покаже традицијата во надворешната политика на имерпијата, и нејзината организација и работа на тајната конференција во смисла на реалното управување“.

Таа ја објаснува структурата, функцијата и прераготивниот министер за надворешни работи. Според австрисите истражувачи, Министерството за надворешни работи досега никогаш не е изучувано. Толева наведува две причини. Прво Министерството почнува да претставува истражувачки инитерес сосема одскоро, во потрага по одговорноста за ултиматумот кон води до избување на Првата светска војна, а кога се сватени фактите дека Министерството работело во корист на сопствените цели и по свои сопствени механизми. А другата е специфичност на самото Министерство.
Според Хелмут Римплер, сеуште не постои ниту една студија која ја открива суштината на Министерството за надворешни работи како институција, односно која е директно врзана меѓу неговата организација и неговата активност“, нагласува Толева.

Второто поглавје е особено значајно, а се нарекува „План за Албанија или виенска рационалност или ирационалност“, во кое Толева експлицитно пишува дека сузбивањето на Србите е еден од рационалните елементи на Меморандумот со кои се опфатени четирите тајни конференции, но и дека било ирационално да се допушти еден проект на изградба на нација, затоа што тоа е тешка задача, во спротивност со воените мислења.

Третото поглавје „Прифаќање на планот - дипломатси ризици и долгорочни предвидувања“ зборува за несогласувањето со планот на претставниците на австроунгарскиот генералштаб или поедини дипломати, на кои им е јасно дека таквиот план ги крши одредени меѓународни норми. Но, планот е прифатен и покрај гласовите кои беа против.

Четврото поглавје под името „Иницијатива на Виена пред Османлиската империја или грижа на еден народ меѓу две империи“, говори со конкретно завземање на австроунгарскиот конзул за заведување на албанските племиња пред турските власти, затоа што ни Портата не имала високо мислење за разбојништвата и клановите.



Тајниот протокол за состаноци на австроунгарскиот двор ноември 1896.

Петтото поглавје „Патување на австроунгарскиот конзул низ албаномуслиманското друштво или почеток на една романтична консипрациј“, зборува за воспоставување на врска со австроунгарскиот конзул со водачот на албанските муслимански племиња.

Во шестото поглавје Толева говори за „заштита на вероисповедувања“. Разработува таканаречени Културпротекторат.

Во седмото поглавје темата е албански јазик, кој до тогаш е пишуван на дваесет различни начини (грчки, латински и со арабски букви), но од 1908 година, се стандардизира, во која главна улога ја има генералниот конзул на Австроунгарија.
Осмото поглавје за занимава со образованието, а деветото е насловено „Печатот или како Виена почнува да пишува на албански“. Толева нагласува дека печатот на различни материјали е необично високо ниво, изработено со цел да развива национални чувства кај Албанците во склоп со заклучоците на Меморандумот на тајната конференција од 1896 година. Воглавно станува збор за календри, граматиа, историски книги. Се прават многубројни образовни иницијативи.

Во десетотот поглавје, Толева ја расветлува улогата на римокатоличкиот монсињор Прима Доџија, кој имал план на создавање на северноалбанска книжевност, каде главна улога би имало племето Мирдита. Толева приложила и цела низа на необјавени документи, кои ја поткрепуваат нејзината теза дека албанската национална ренесанса всушност почнува од геополитички мотив „Ka und Ka monarhija“.

Таа наведува дека постои албански комитет во Букурешт и во Софија, а особено прави осврт на создавање на албанските школи во Италија и италијанските во Албанија. Интересно е тоа што се споменува Романецот Алберт Џике, кој себеси се смета за потомок на Скендербег, кој активно лобира за албанската работа.

Во заклучоците на книгата Толева наведува и други геополитички околности. На пример вели дека Германија не зема учество во овие австриски акции, но е наклонета на Албанците (од своите геополитчки причини) додека од редот на Бекташија ја поддржува Младотурската револуција.


http://www.press24.mk/taen-dokument-od-viena-otkriva-deka-avstroungarija-gi-sozdala-albancite-kako-nacija

ПС.однапред се оградувам од точноста на информацијата.само ја пренесувам па кој сака како сака нека тумачи
Каде може да се купи или копира книгата?
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
појма немам...сум нашол информација и сум ја постирал.....исто како и во другите теми
Така, како некои ботови ќе продолжите со ширење на србска пропаганда.
"Веста" е од србскиот медиум "Курир" и "Веб трибуне" а Толева никаде не вели дека албанската нација е создадена на вештачки начин.

Наредна ваква "вест" ќе ти донесе бајаги казнени поени и перманентен бан од темата.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.906
Поени од реакции
14.598
Така, како некои ботови ќе продолжите со ширење на србска пропаганда.
"Веста" е од србскиот медиум "Курир" и "Веб трибуне" а Толева никаде не вели дека албанската нација е создадена на вештачки начин.

Наредна ваква "вест" ќе ти донесе бајаги казнени поени и перманентен бан од темата.
ако сакаш одма банирај...немора да чекаш следни постови.....

тролање е кога некој сам ќе плесни некоја будалштина....а не да се пренеси комплетна информација

ни ти ни јас не сме компетентни да оценуваме поратли..а посебно странски
ти ги претеруваш сите граници со твоите закани.....на други места членови пишуваат увреди од најдолен можен начин...а нема реакција....а ваму за пренесување цел текст од странски портал-бан

ајде мајката...
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
ако сакаш одма банирај...немора да чекаш следни постови.....

тролање е кога некој сам ќе плесни некоја будалштина....а не да се пренеси комплетна информација

ни ти ни јас не сме компетентни да оценуваме поратли..а посебно странски
ти ги претеруваш сите граници со твоите закани.....на други места членови пишуваат увреди од најдолен можен начин...а нема реакција....а ваму за пренесување цел текст од странски портал-бан

ајде мајката...
За да има здрава и квалитетна дускусија се користат историски извори а не копи-пејст артикли од сомителни сајтови.
Ако сте деца и не го разбирате ова тогаш не дискутирајте.
 
Член од
21 април 2019
Мислења
145
Поени од реакции
116
За да има здрава и квалитетна дускусија се користат историски извори а не копи-пејст артикли од сомителни сајтови.
Ако сте деца и не го разбирате ова тогаш не дискутирајте.
Епа, каде да ја купам книгата на Толева?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom