Зошто не си сигурен?
-----------
Отповикување на веќе дадено помилување не е овластување кое го има претседателот, барем така пишува во Устав, е сега или си легалист или си ... од изборот се претпочита сечиј светоглед.
еве го членот:
Член 84
Претседателот на Република Македонија:
- го определува мандатот за состав на Владата на Република Македонија;
- ги поставува и ги отповикува со указ амбасадорите и пратениците на Република Македонија во странство;
- ги прима акредитивните и отповиковните писма на странските дипломатски претставници;
- предлага двајца судии на Уставниот суд на Република Македонија;
- предлага двајца членови на Републичкиот судски совет;
- именува тројца членови на Советот за безбедност на Република Македонија;
- ги предлага членовите на Советот за меѓунационални односи;
- именува и разрешува и други носители на државни и јавни функции утврдени со Уставот и со закон;
- доделува одликувања и признанија во согласност со закон;
-
дава помилување во согласност со закон и
- врши други функции утврдени со Уставот.
еве го линкот до Уставот
Никаде не стои дека претседателот има овластување да одземе веќе доделено помилување, прашањето дали истото е дадено праведно или пак е мотивирано од други побуди е небитно во случајов за оценка на законската норма затоа што се оценува усогласеноста на истата со уставот, и ако некој не се согласува претседателот да има вакво овластување тогаш истото треба да се избрише од Устав а не да си играме 2 напред 3 назад, тоа води само кон амбис.