Валверде е дефинитивно откритие на сезонава. Нема збор.
Азар полека се враќа во форма, ама некако сеуште ми е во некој "Chelsea mode".
Незнам дали сам го има тој притисок на грб дека треба со секој напад, кога топката е кај него некоја магија да направи или па некој го бара од него тоа?
Муабетот ми дека во Челзи , сакал - неќел , мораше така да игра, во однос на соигрчите што ги имаше, но тука треба да е друга ситуација.
Што знам , премногу солира и кога треба и кога не треба. Во моменти задржува топка, повеќе одколку што е е потребно и ја кочи играта.
Како и да е, пак со него во игра сме многу поопасни одколку без него.