Ги прочита советите? Остави го, замини си, јас не би го трпела ни пет минути, крај е, како се осмелува да биде љубоморен, глупа си што си му кажала за бившиот.... Како да пет години врска се паштета од 20 денари па ако не чини фрли ја и купи си друга. Пет години се добар дел од твојот и добар дел од неговиот живот и тие пед години немало да се случат ако не постоела љубов и од двете страни. Не ти е никаква грешка тоа што си му кажала за бившиот. Криењето на минатото само може да создаде проблеми, неискреноста никогаш не носи добро, секогаш нештата ке се дознаат и тоа во зол час. Башка што не живееме во метрополи па дури некогаш и нема што да се каже, се се знае.... Љубомората, од една страна, е опасна работа, знае поради болвата да го изгори јорганот но од друга страна не постои љубов без љубомора, неможе да сакаш некого а да не тие важно каде е и со кого е, неможе да сакаш некого а да ти е ок тоа што си комуницира со бившиот/ата.... љубовта подразбира исклучивост. Проблемот настанува кога љубомората преминува во посесивност, кога врската се претвора во затвор, не постојат луѓе и свет надвор од врската.... За да не дојде до посесивност, да не дојде до бркање вештерки, клучна е довербата, искреноста, желбата да се разбере другиот и причината за неговото однесување, комуникацијата, изразување на вистинските чувства, без меѓусебни обвинувања.... Ако пет години бил ок, тогаш најди што тоа сега се случило за да така се однесува, може би е некоја твоја постапка, може би е некоја постапка на бившиот за која може би и не знаеш, може би е некој коментар од трето лице.... се може да биде, ако го сакаш не се предавај лесно.