Го земав Philips HR3655. Малце го покачив буџетот за блендер, планирав до 100 евра да потрошам овој ме фати 150 евра, на попуст од 11000 во Нептун.
Смутиња прави без никаква мака, мусли меле без проблем, брашно ги прави. Блендеров е грамада, денеска првиот посериозен тест му го направив, путер од кикирики правев. Го направи топ, се држев до рецептата што иде во брошурата од блендеров. Таа е: 500 грама кикирики печени несолени (јас додадов мало лажиче сол) и 50мл масло, јас користев маслиново. Мислам дека и без масло може да се направи без проблеми. По моја проценка излезе околу 400-450 грама путер, што е добар резултат. Целиот процес не траеше повеќе од 5 минути, се држам до препораките со паузи блендам не го оставам подолго од 15-20 секунди да бленда.
Прегледај го приврзокот 221377
Прегледај го приврзокот 221378