не знам стварно.
државата ни тоне во корупција. Администрацијата неспособна скроз.
Јани макрадули и неговиот шеф, тотално неспособни, малтене неми на сево ова. Они уствари и тоа само знаат, да штанцаат акциони планови, стратегии и да идат на МОФ дебати. за стварање на лажна претстава дека се работи нешто се махери, нема збор.
Гарантирам дека 90% од овие клошари не ја ни имаат апликацијава мој воздух у телефон. Не ги дира едноставно.
Дури и се манипулира со мерните станици, ко небаре тоа да е меме од Winnie the pooh за Ли Џинпинг. Срамно.
Сеа пред избори, очигледно власта се фокусира на суптилно (или не баш толку) купување на народни гласови и абер немаат од сопирање на загадувањето а да не зборам за активно работење на темата. пу пу, скраја да е.
Градежната експанзија продолжува со исто темпо, во најава уште многу проекти и цели квартови со "лего коцки".
Никој не сака да удри по фирмите, дали градежни или оние од останатата индустрија. пошто мора да има кеш за избори.
Буџетот за животна средина, скромен, прескромен. А богами, колку се способни, и 1 милијарда да им дадеш овие ќе ја лапнат ко да е бургер од 7ца.
Животната средина е сегмент кој е толку во хаос, што било каква РЕАЛНА активност да покажеш, истото ќе се осети и ќе има макар мало подобрување. Ама овие си ја тераат неактивноста и тишината, бидејќи очигледно ради тоа лапаат дел од колачот.
До толку се болни по власт што и сопствените деца ќе си ги испотрујат за да останат на тие фамозни позиции.
Решение или барем минорен прогрес, многу тешко.
Дрвокражби,сомнителен увоз на половни автомобили. Се тоа е тотално сивило и е пар екселанс пример за затајување на давачки спрема државата, со кои можеби барем малце ќе се подобри буџетот за животна средина. Македонецот, абер нема. и со право, пошо државата е инхерентно корумпирана.
У меѓувреме, редици и редици автомобили по улиците за дистанци од неколку километри.
Ќе искочат на протести у карпош 2, ќе повикаат, ќе бидат искористени од опозицијата, нормално, ќе бидат маргинализирани од власта како пиуни на вмро, ќе си влезат у своите дизели од 2003/04та и правец до (лупам) Кисела Вода на само 3км дистанца.
Самопрогласени еко-активисти со нивниот нагон за различност и гласноговорништво против загаденоста ќе си одглумат алтернатива, ќе се сликнат за социјални мрежи заради awareness-raising моментот, и ќе си продолжат со своите конзумеристички нагони кои ја загадуваат средината не само во Македонија, туку и пошироко.
излез од ситуацијава - темелна промена на менталниот склоп на северџанинот, т.е - невозможна мисија.