Точно за јазикот, ама ќе има тестирање..Добро ајде што викаш ќе седнат ќе поднаучат да речеме не е проблем, ама ако го поминат тоа за престојот ќе биде голем проблем, затоа што регулирање на престој е друга процедура, а можат да те проверат кога сакаат без проблем и да те одбијат. Виде што им направија за возачките, дури и глоби им закачија по 1000 лв. во Ќустендил/Благоевград затоа што лажеа за престој што мора да го имаш за промена на возачка од МК на БГ.
За предлогот за уседналост т.е. престој веќе реагираат друштва од Молдавија и Украина, нашите никаде ги нема.
Нема врска ова со престој и возачки. Во било која држава, не само во БГ. престој ти е адреса кога имаш, а дали јас ќе живеам таму 3 дена или 5год никој не може да ти каже и ограничи според закон за човекови права и слобода на движење, така да тука играат и други закони што немаат врска со државјанства и слично и важат во скоро цел свет, а посебно во Европа. Еве на пример бев Шведска а исто е во Данска, Норвешка, финска и др, доволно е да си пријавен на некоја адреса и можеш слободно да си се вратиш во МК но за шведска ти си со престој таму а можеби работиш, патуваш и сл било каде во светот, така да тоа е тоа, слобода на движење, а бугарите нема теорија тоа да го проверат и да го ограничат,(нели ЕУ се, имам адреса во Бг, а сум си во Еу било каде, така да.... ) како прво немаат луѓе за да одат по домови и да проверуваат а и не смеат!. За возачките, не сте информирани баш добро, им лупнаа казни од 1000 лева на тие што правеа фалш документи за возачки, а не на тие што имаа престој а не живееја таму па оделе по легален пат за возачка!. Со возачките уште си е по старо, си имаш адреса, одиш полагаш и си добиваш возачка, или одиш си правиш препис и исто така си добиваш возачка без никакво живеење во БГ, (моментално 4ца пријатели си возат часеви за камион и ќе си положат и ќе си земат возачки- еден зема пред 1 недела). За јазикот, не сум сигурен, но никаде во светот не се полага јазик за државјанство, така да и тоа не е според законот за човекови права, секаде во светот а посебно во ЕУ се цени тоа да си го гаиш и знаеш мајчиниот јазик, посебно на децата им обезбедуваат доколку може да си учат мајчин јазик, и за јазикот нема да им помине дека ќе прават тестирање за да даваат државјанства,не смее тоа така според женевска конвенција на која се потписнички и Бугарија, сето ова се шпекулации и ништо на терен нема, а мое мислење нема ни да има, но ајде, живи били па видели што велат србите