Има многу такви, види ја БИМ од Свети Николе. Прекрасно работи, нема слободни акции најголем дел ги држи директорот и уште некоја брат му.Дел и од тие што имаат трансакции би сакале да станат ДОО или АД со 99,9 проценти сопственост на еден човек / фамилија. Типичен пример за ова е Пекабеско но има и многу други.
Хамзали оранжерии, Струмичко поле, Грозд, Герас Цунев....не знам зошто воопшто ги примаат на берза.
Јас да сум би ги исклучил, до душа пред некој ден гледав новиот ценовник на Македонска берза, груба пресметка годишно плаќаат по неколку илјади евра за да ги има..
Абе државата нека даде помош на секоја фирма што ќе излезе на берза, не отвориле маалски гранап па државата ќе му додели субвенции, грантови...
Огромен број на фирми со камиони, зошто некоја не излезе на пазарот, (во Унгарија е Waberer's), 4300 камиони имаат, толку компании со метал...
Берза ќе имаме додека Мукаетов и компанија не приберат се или Адора во Комерцијална, Фондовите секако секаде....после тоа единствено што може е вложување во странство зошто тука и ќе нема некоја нормална цена на страната на понудата.
Последно уредено: