- Член од
- 3 мај 2019
- Мислења
- 17.786
- Поени од реакции
- 9.561
Претходната влада,навистина донесе нови апарати во болниците, но заедно во пакет со главоболка на началниците на одделенијата, а зошто...затоа што сервисирањето на апаратите остана на трошок на самата установа, а знаеме дека министерството каснеше со префрлање на буџетски пари, не исплаќаше сразмерно со направените услуги, не рефундираше воопшто колку треба и како треба....на пр. една сонда на компјутер кога ке се расипе, а нормално и дека ке цркне од прегрејување, бидејќи компјутерот се упоребуваше нон стоп, и на секој два месеци треба да се заменува а кошта 300000 евра.... и за ова не се сложувам! точно е така како кажуваш ти од таа страна, е јас ќе кажам поинаку од другата страна и материјали има и услови има па дури и софистицирани апарати има, голема пара потрошени се од предходната влада (зборувам за државни болници), ама застанаа до тука, за тоа како се применува дали се реализира сето тоа што се случиле со тие апарати и не само тоа туку и болнички кревети воопшто медицински инвентар, мебел, немаше контроли, ниту некој одговара, ни тогаш па и во продолжеток е така никој за ништо не одговара ни зашто нема, снема или се расипе!
...има повеќе објаснувања, дали тоа самиот медицински перосонал не е обучен за тие апарати, па се заклучени во подрум (има гинеколози, на пример, не знаат ехо преглед со вагинална сонда), дали некој преку ноќ си ги присвоил без трага, дали некој ги оштети поради незнаење како се ракува, односно може и да се онака неспакувани во подрумите! знаеш да „со сила“ се препраќаат пациентите таму каде ги има тие апарати, нели, во приватни болници! дали знаеш, тоа е јавна тајна, да докторите во Скопје се договараат со тие од провинција за пациентите делејќи меѓу себе тоа што пациентот ќе плати, дури и тие што вршат транспорт учествуваат во тоа?
...има исклучок, мал исклучок на тие кои се посветени на најхуманата професија што денес на жалост се претвори во еден од најдобрите бизниси на грбот на пациентот? нема казни, нема контрола, а никој не смее да каже зошто може да биде санкциониран, нема правда, нема синдикат нема кој да го штити „тој што гласно ќе го каже тоа“! можам да ти кажам примери, за многу градови во провинција, ама сите се заштитени мечки, никој ништо не им можесе додека, пак ќе кажам не ја тргнат „политиката“ од здравството!
Ниедна установа неможе да си ги одржува апаратите од сопствени средства.