Брејнсторминг: Како би се справиле ВИЕ со загадувањето во Македонија?

Член од
17 август 2011
Мислења
10.315
Поени од реакции
18.396
Да дополнам само за глупоста на еколошките здруженија кој очигледно појма немаат окулу тематиката загадување у скопје. Што ефект ќе има барањето за вклучување на војската, кога јагленот како екстремно загадувачко гориво е легален за користење по домовите?
Автоматски споено мислење:

Покрај тоа за ова придонесуваат загадувачи ко цементара, ТЕТО и слично кои испуштаат водена пареа во воздухот која што пак прави т.н. стаклена градина на Скопската котлина која што го блокира проветрувањето па сета гнасотија во воздухот останува овде
Ова е тешка глупост. Цементара гори кокс и тоа е загадувањето, а пареата нема врска со стакленичката градина.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.607
Поени од реакции
37.557
Да дополнам само за глупоста на еколошките здруженија кој очигледно појма немаат окулу тематиката загадување у скопје. Што ефект ќе има барањето за вклучување на војската, кога јагленот како екстремно загадувачко гориво е легален за користење по домовите?
... ами си кажа министерката, вклучување на војска во смисол на позајмување на навигаторски апарати, дронови, за да точно лоцираме од каде иде загадувањето, а не буквално војниците... демек не знаеме од каде иде загадувањето, а тие навечер ќе ни дадат дронче и тоа одозгора нинуууу нииинууу све ќе сними и со точност ќе знеме од каде излегува тоа чадот! :facepalm:
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.315
Поени од реакции
18.396
... ами си кажа министерката, вклучување на војска во смисол на позајмување на навигаторски апарати, дронови, за да точно лоцираме од каде иде загадувањето, а не буквално војниците... демек не знаеме од каде иде загадувањето, а тие навечер ќе ни дадат дронче и тоа одозгора нинуууу нииинууу све ќе сними и со точност ќе знеме од каде излегува тоа чадот! :facepalm:
Што ако го лоцираш, кога е законски легално?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.607
Поени од реакции
37.557
... па не велиме само за јагленот, да речеме чергарите покрај Вардар снимени од дрон демек цврст доказ ќе се има! :facepalm:

1572885369851.png
 

SpiderWeb

ја заменува титулата под името во вашите мислења.
Член од
12 мај 2008
Мислења
632
Поени од реакции
622
Што ќе кажете за ова? И јас се сложувам со генералната констатација дека загадувањето е алармантно и дека треба да се превземат мерки, но дали се претерува со пласирање на неточни и непроверени информации само за сензационализам и кликбејт? Дали има и скриена политичка агенда зад пласирањето на ваквите податоци?

 

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.269
Поени од реакции
2.025
Има семејства кои горат дрва иако не го сакаат тоа.Едноставно,немаат избор оти немаат пари за друг вид на греење.
Тој кој не може да плати казна со пари може да биде натеран од државата да чисти ѓубре во некоја населба 6 месеци,бар така парковите и улиците ќе бидат чисти.
Сопствениците на големите бизниси не треба да поминат лесно.За нив треба затвор или големи финансиски казни оти нема да се опаметат само со опомени и мали финансиски казни.
Дронот не е ефикасно решение.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
Има семејства кои горат дрва иако не го сакаат тоа.Едноставно,немаат избор оти немаат пари за друг вид на греење.
Тој кој не може да плати казна со пари може да биде натеран од државата да чисти ѓубре во некоја населба 6 месеци,бар така парковите и улиците ќе бидат чисти.
Сопствениците на големите бизниси не треба да поминат лесно.За нив треба затвор или големи финансиски казни оти нема да се опаметат само со опомени и мали финансиски казни.
Дронот не е ефикасно решение.
Азошто никој не ја спомнува врската помеѓу суви и мокри дрва? Нашите стари биле глупи што купувале дрва во јуни? Мокри дрва произведуваат 30 пати повеќе чад од сувиет дрва. Зошто никој не направи контрола во Македонски шуми какви дрва се продаваат? Има многу начини како да се намали загадувањето. И не треба да се занемарува ниту еден аспект и ниту минимални намалувања на чадот. Нема никаква врска помеѓе греење на дрва и економска состојба. Што е со куп куќи кои имаат преубави камини споени со греење во куќи?
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Кога сме на темава, како да се аплицира за плински уред....знае ли некој?
 

Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
Да дополнам само за глупоста на еколошките здруженија кој очигледно појма немаат окулу тематиката загадување у скопје. Што ефект ќе има барањето за вклучување на војската, кога јагленот како екстремно загадувачко гориво е легален за користење по домовите?
Автоматски споено мислење:


Ова е тешка глупост. Цементара гори кокс и тоа е загадувањето, а пареата нема врска со стакленичката градина.
Тешка глупост е тоа што не го разбираш?
 
Член од
10 април 2018
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.550
кој не сака да дише загаден воздух нека оде на село
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.315
Поени од реакции
18.396
Тешка глупост е тоа што не го разбираш?
Ние неаме проблем со глобално затоплување туку со пм10 честички. Си видел некоја студија или истражување за корелација меѓу водена пареа и пм10 честички или од рака го извади.
 

Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
Ние неаме проблем со глобално затоплување туку со пм10 честички. Си видел некоја студија или истражување за корелација меѓу водена пареа и пм10 честички или од рака го извади.
Сум прочитал повеќе од што можеш да замислиш. Пристапов као ти многу паметен, а јас од ракави вадам тешки глупости, е крајно простачки и не остава простор ни за елементарна дискусија. Бев вољен да ти објаснам тоа што не ти е јасно, поточно кој е ефектот на стаклената градина, т.е. зошто зимно време воздухот е загаден (со PM честички) енромно повеќе од летно време. За жал не знам да комуницирам на твоето ниво и тука ќе завршам да дискутирам со тебе.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.566
Поени од реакции
5.610
Интересно е како дрвата и сталите афтомобили ви сметаат повеќе од индустријата.
Некој од вас викате ќе ги земеме старите коли, да ги казниме тие што се греат на дрва...
Океј, ќе ми дадете тогаш нова кола ? Некоја која што нема да загадува ? Ќе ме казниш затоа што се греам на дрва ? Ќе ми дадеш алтернатива? Да идам со велосипед на работа ? Ќе ми дадеш услови ? Па најзагадените населби во Скопје имаат највеќе велосипедисти. Лесно е од Ново лисиче/Аеродром или од Карпош да идеш со точак до работа и назад. Каде што имаш услови како да се движиш безбедно со твојот велосипед. Што е за другите населени места ? Некако многу гледате на работите како политичари, у превод „удри на сиротињу“. Градскиот превоз ни е повеќе од очаен. Алтернативите се достапни само за „Високо-средната“ класа и тоа со тешки маки да можат да си ги дозволат.

Населба Радишани
Село Радишани (Пред населбата десно) и „Бел Камен“ (пред населбата лево)
Села:
Мирковци
Побожје
Кучевичка Бара
Љуботен
Љубанци
- 99% од населението во овие населби/села се грее на дрва. над 70% од нив често користат коли/моторчиња. А верувајте колите генерално се постари од 15 години. Како може во овие населени места да има над 10 пати по чист воздух од населби како:
Ново Лисиче
Аеродром
Кисела Вода
Дебар Маало
Карпош 1,2,3,4
Каде што над 90 % од населението се грее на струја/парно.
Често имав прилика да возам после 01:00 на улицата помеѓу Алкалоид и Пивара. Грозна смрдеа, како на оцет. Исто и после фон, пред и на мостот кон Аеродром. Неподнослива смрдеа, мораш да исклучиш клима/греење пошто не се дише у кола.
Пред 3-4 години муабетов:
При разденување, од зградата Соравиа кога ќе погледеш накај едни убави Оџачиња, кои ми рекоа дека биле на топлана, искача ЦРНИЛА ко 100 години стар дизел. Тоа збориме за оџаци колку цела зграда. Во 07:00 искача бел - скоро невидлив чад. (Иам и слики во старото ПЦ, баш да ги најдам ќе ги постирам тука). Не знам кој ме убедуваше дека не е возможно, си добив кладба гага јадење од 7ца. јеј.
Дрисла, Цементара, нив кој ги контролира ? После 17:00/18:00 има филтри? Цементара смее да си пече на гума ? Дрисла смее да си увезува медицински отпад ? Или не, за нив е во ред се тоа ?
Нека ми објасни некој како е можно во 07:00 да биде по загадено и да има повеќе „магла“ и да смрди воздухот од 09:00 ? Нели автомобилите загадувале. А нај загадено и највеќе смрди баш пред да искочат тие автомобили на улица.

Проблемот со загадувањето, ако ја погледнеме малце по големата слика е „Урбаната Мафија“. Населбите се унаказија. Згради никнуваат како кокичиња. Ветер не може да се осети низ Скопје веќе. Само Аеродорм и Ново Лисиче колку нови згради има ? Дуплирана е населбата во последниве 15 години. Џабе се парковите кога вие ќе направите Ѕид ветерче да не може да дувне. Чаир, Кисела Вода, Карпош, Ѓорче, Влае... Од сите страни е Скопје „затворено“ со згради. Водно - Преполовено, Гази Баба - Преполовена...

Чаре ?
- Со закон да се забрани Фабрика/Производство во населено место. Во превод дислоцирање на сите фабрики на минимум 20 км од населено место. А на нивно место рушење се и правење зелена површина - Парк/Шума.
- Воведување Гасовод - МАСОВНО. Исфрање од употреба на топлификација, дрва, јаглен, брикети. Секое населено место греење - ГАС или Струја. Ама да МОРА да има опција за ЕФТИН ГАС.
- Сите диви депонии да се ИСЧИСТАТ и да се отвори ЕКОЛОШКА ДЕПОНИЈА каде што отпадот од тие депонии ќе се сортира и ќе се рециклира/уништува.
- Субвенции и бесплатни Канти за рециклажа за секоја куќа/стан. Каде што домаќинството што ќе рециклира ќе добива некој ситни бенефиции.
- Доколку е возможно уривање на дел од зградите во големите населби во Скопје со компензација за станарите - им се доделува иста квадратура стан во соседна зграда во истата населба и правење на Паркови на нивните места. Или пак тотална дизлокација на дел од населбата на периферија. (знам дека не е фер и е научна фантастика но тоа би било одлично за намалувањето на загаденоста)
- Воведување на Метро/Трамвај или Електрични Автобуси и дуплирање на линиите. Ни фалат повеќе автобуси, ни фалат ПО ЧЕСТО автобуси. Јавниот превоз ни е С Р А Њ Е !
- Центар да се направи пешачка зона.
- Големи БЕСПЛАТНИ катни гаражи на 4 те влеза на Центар за сите да можат да си паркираат возилата кога ќе треба да завршат некоја работа во строгиот Центар на Градот.
- Дислокација на Министерствата од Центар и тие површини да се претворат во Паркови. Исто така паметно би било и 1-2 министерства да бидат во Битола, 1-2 во некој друг град итн.
- Дислокација на Факултетите, во Скопје да останат само 3-4 факултета а се друго да се премести во другите градови низ Државата. Зашто само во Скопје да има студенти ? И Прилеп, Битола, Штип, Гевгелија, Охрид, Струга, Кичево, Тетово, Крива Паланка, и многу други градови имаат доста простор да се прошират и да вдомат 1 факултет. Ем ќе се растерети гужвата од Скопје, ем ќе заживеат многу повеќе и другите градови. Како што Штип на пример има доста студенти од надвор, Битола исто така. Зашто да не се заживеат и другите градови а со тоа ќе се олабави малце скопје а и сите тие Згради ќе можат да бидат срушени и на нивно место да дојде зелена површина - Парк.
- ИТНА ДИЗЛОКАЦИЈА НА ДРЖАВНА БОЛНИЦА И ПРЕТВАРАЊЕ НА ОГРОМЕН ПАРК/ШУМА. Државната болница треба да биде на отворено, на некој од излезите од скопје, блиску до обиколница и далеку од гужвата во Центар. Во центар треба да си има Градска Болнца, но државната болница нема никаква логика да биде во најстрогиот центар на Скопје.


Во главно ова е само дел, голем дел како би можело да се справиме НАЈБРЗО со загадувањето. Само треба некој да има МУДА и да ги увиди проблемите. И да го најде најлогичното решение. А не сите да збориме како старите дизели и тие што се греат на дрва се проблемот а се друго е нормална работа. Па баба ми на 70 години ко памти скопје кога цело се греело на дрва па нит магли вакви имало ни смрдел воздухот ни ништо од ова сега.

Е МЕНЕ ДА МЕ ГЛАСАТЕ.
ЗА ПОДОБРА ИДНИНА!
ЗА ЖИВОТ ВО МАКЕДОНИЈА !
 

Kajgana Shop

На врв Bottom