Здраво. Имам Форд Фиеста 2007, 1.25 бензин на плин. Втор пат во рок од еден месец ми се расипува бензинската пумпа. Најпрво започнува така, што кога ќе ја запалам колата, стрелката за бензин пага на нула, сијаличката за бензин свети и кога работи на бензин тресе. Откако ќе смени на плин се е ок, но сеуште сијаличката за беннзин свети како да нема бензин, иако има преку пола бензин во резервар. И после ова некаде за отприлика 7-10 дена ќе пресатане да пали и рокне веројатно бензинската пумпа. Ова ми се случува веке втор пат, и тоа со нова бензинска пумпа да ми се расипува во рок од 1 месец. Да напомнам дека редовно ја сервисирам, прв газда сум, плин имам веќе 5 години и освен редовен сервис и на колата и на плинот, никогаш не сум имал проблеми. Избезумен сум, би сакал да ми дадете идеја што може да биде, и каде имам добар мајстор кој би го решил ова, па ако треба и би одел во официјалниот сервис. Некој ме советуваат да идам кај човек што се разбира од плин местење, но сметам дека ова апсолутно нема врска со плинот. Ве молам за совет.