Верувате ли во судбина?

  • Креатор на темата Креатор на темата Marche12
  • Време на започнување Време на започнување

Верувате ли во судбина?

  • Да

    Гласови: 11 47,8%
  • Не

    Гласови: 12 52,2%

  • Вкупно гласачи
    23
Член од
20 октомври 2019
Мислења
78
Поени од реакции
46
Возраст
35
Дали според вас постои судбина,сметате ли дека ние луѓето самите си ја кроиме судбината,ви се случило ли да сретнете луѓе во вашиот живот само поради самата помисла на нив,а не сте ги виделе долго време или пак да сте се запознале со некој човек и после неколку години го сретнувате истиот со кој можеби го поминувате времето заедно.Понекогаш,а веројатно и на вас ви се случила коинциденција,односно да речам од чиста случајност да ви се случат некои работи,па ако се подразмисли дали воопшто постојат случајности,сметате ли дека постојат работи кои можеме да ги контролираме или не?
 
Мислам дека судбината е мешавина од случајност и намера. За некои работи немаш контрола на пример генетиката меѓутоа од друга страна доста работи се постигнуваат со работа и пот.
 
Дали според вас постои судбина,сметате ли дека ние луѓето самите си ја кроиме судбината,ви се случило ли да сретнете луѓе во вашиот живот само поради самата помисла на нив,а не сте ги виделе долго време или пак да сте се запознале со некој човек и после неколку години го сретнувате истиот со кој можеби го поминувате времето заедно.Понекогаш,а веројатно и на вас ви се случила коинциденција,односно да речам од чиста случајност да ви се случат некои работи,па ако се подразмисли дали воопшто постојат случајности,сметате ли дека постојат работи кои можеме да ги контролираме или не?
Сметам дека постои судбина како виша сила која дејствува и се осеќа кога има потреба, на пример кога се сретнуваме со некого кој скоро сме го мислеле или пак кога наидуваме на некое место што сме го мислеле и сл. и дека секој човек сам си ја одредува судбината и течењето на животот преку постапките што ги прави и одлуките што ги носи
 
На енглески се вика DESTINY. - Destination. Судбината е процес на самиот живот од раѓање па до смрт, а измеѓу патување и еден куп случајни дешавки при кои крајното одредиште е смрт. Целио универзум работе перфектно под совршено наштимана програма. Само размислите малце на тоа како совршено фукционираат земјата , месечината, сонцето, останатите планети и тако далје до галаксии кои се вртат под саат. Сета природа на земјата, годишните сезони...Савршено савршество. Смо слеп човек може да ја доведе судбината у питање. А тоа кој како си ја сфаќа е друга работа...
 
Не верувам во судбина, ние сме архитекти на своите животи.
 
Не би реко да је совршено ,може бити и горе и боље,Соврешено е нешто со Zero Erorrs,Универзум е повеке Рандом хаотичен случаен со висока точка на ентропија
 
"There's no fate but what we make for ourselves." - Sarah Connor :)
latest
 
Ако универзумот е затворен систем, со строго определени физички закони, во него судбината е строго правило.
Но ако на универзумот има влијанија однадвор, кои не можат да се предвидат, тогаш судбината не е строго дефинирана.
Не верувам дека некој ја разбира доволно физиката, квантната физика и религијата, за да даде релевантен одговор.
Ако ја слушаме пак религијата, таа ни кажува дека душата доаѓа од друг свет и пак се враќа таму. Таа не припаѓа на овој свет. Тогаш тоа значи дека сите ние, во материјална смисла, сме аватари и креатори на на нашите судбини.
Во однос на ова прашање, по паметно би било да размислуваме како што не учат религиите. Нели?
 
Не верувам во судбина, ние сме архитекти на своите животи.

Што архитекти ке бидеме ако се родиме во Африка или Тунгузија:rolleyes:

местото и начинот на раѓање, како и причината за смртта, ни се судбински...останатиот дел од животот ни е само избор, некој има поголем а некој помал избор..Верувам во судбина, јес.
 
Нема судбина, нашите одлуки и одлуките на околината во сегашноста влијаат врз нашата иднина.
 
А шо влијае на нашите одлуки? Размислувањето, нели? А шо влијае на размислувањето? Се е поврзано у синџир од мисла до судбина, ништо не е незасивно. Се е условено. И размислувањето кое ти мислеш дека е лично твое и дека твојот карактер е уникатен и имаш свое "јас".
Нашто "свое јас" e наше колку изнајмена кола или куќа. Значи судбина си постое, тоа е целокупното збиднување во животот без разлика дали е случајно или од некоја виша сила.
 
Колку повеќе би верувал у медицина место у тие спиритуални работи тоа појасно ќе ти биде колку тие сфаќања се промашени.
 
Не верувам. И покрај тоа што старите веруваа, сепак ја користеа поговорката: „Не стапни во оган, не изгори се.“ Ние сами си ја правиме „судбината“.
Ако некого на улица го удрам, потоа тој ме претепа, зарем тоа е судбина? Или ако одлучам да газам надојдена река и се удавам?
За мене зборот судбина постои само во фигуративна смисла. „Ми било судено да останам неженет.“ „Ми било судено да земам лоша жена.“ „Ми било судено на форумов да се расправам со секакви луѓе. :icon_mrgr:
 
Ај објасни како си ја кројат судбината луѓето шо ѓи снаоѓа земјотрес, тие ѓо биваат убиени од некој терорист у црква или џамија, тие шо возат прописно ама некој невнимателен алебак залетан на црвено ги усмртува, тие шо се раѓаат слепи, со тешки ефекти на телото итн итн? Уште милион примери можат да бидат набројани на човечки судбини кои нивните одлуку немаат ни прашинка удел, туку им се десило по тебе ете така случајно, по некоја си хаотична случајна лотарија.
 
Пемногу сме зависни од судбината.Местото на раѓање, полот ,карактерот,фамилијата во која шо сме се родиле зарем не е сето тоа судбина!? Па и самото раѓање е судбина.Е сеа има љуѓе се трудат се борат против своите ограничувања,некои преземаат ризици,а некои се пасивни,едноставно оставаат текот на животот да ги носи.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom