15 мин ме држеше да , постепено после се повлече а не изгубив на цело свест туку на време приметив и седнав за да не паднам... ма тоа мање битно на секој може да му се случи оваа ама ме загрижува што има последици веке после 1 месец дури константно ....
ова ми се анализите од крвта од пред некој си 20 дена мислам ...
Прегледај го приврзокот 218880Прегледај го приврзокот 218881Прегледај го приврзокот 218882
... секогаш телото самото дава насока каде да внимаваме и да делуваме при некој здравствен проблем, конкретно нашата крв ни дава патоказ кон што да се стремиме со понатамошно испитување, тоа значи според твоето приложено лабораториско испитување е хормонот ТСХ (тиреостимулирачки хормон ) со насочување на проблемот кон штитна жлезда! и наместо ЕХО и упат на невролог за ЕЕГ снимки како не те испратиле барем на ЕХО на штитна жлезда што е оправдано според самиот лабораториски наод, а не репер им било „звездичките“!
...со еден збор ти се наоѓаш во една состојба на
Субклинички хипетиреоидизам (Subclinical hyperthyroidism-SCH) намаленото ниво на TSH забележано во SCH е резултат на реакцијата на хипофизата иако нивото на T4 и (T3 не си испитал) останува во рамките на нормалниот опсег,преваленцијата на SCH зависи од нивото на TSH што се користи како праг,така да кога долната граница на TSH е поставена на 0,4 mIU / L, а ти имаш 0,33 mIU / L , а нивото само на Т4 е нормално (би требало и Т3 да испиташ, иако „викаат“ нема потреба) ти имаш нешто како пред клиничко третирање т.е. состојба која се уште нема потреба од терапија, но треба да се следи!
...дефицитот на Јодот во денешно време е страшна работа, никаде немаме Јод за може организмот да го внесе и да го формира Т4 хормонот, а од него Т3, а со тоа правилна функција на штитна жлезда и метаболизмот во телото!
... нема Јод во храна затоа што го нема во растенијата, а растенијата немаат Јод оти го нема во земјата, во земјата Јод нема, оти го нема во водата, а човекот е тој што мора да ги пополни тие работи со основните секојдневни навики на внес : - јодирање на солта, јодирање на водата и јодирање на лебот (прехрамбена индустрија), ДЕНЕС ниту ја јодираат водата ( Национална програма во екс ЈУ обавезително јодирање и на вода и на лебот), во прехрамбена индустрија применуваат бром како поевтин адетив кој дури му го „зема рецепторот за апсорбција на јод внесен со друга храна“, морска храна не јадеме, а и денес извршени испитувања на морските плодови увидено дека имаат многу ниска концентрација на јод, а и морската сол мора да се јодира во домаќинство, оти не е доволен тој јод што го има природно... така да кој ни гарантира денес јодираност на солта? само затоа што пишува дека е јодирана? јас лично однесов неколку мостри на сол каде морска, каде хималајска, каде тузланска и верувај никаде не беше доволна јодираност, освен во австриската сол која ја јодира Алкалоид и гарантира јодираност!
... недостаток на Јод е основна причина и за хипотиреоидизам и за хипертиреоидизам, само понатамошно развивање метаболички поинаку се одвива, па имаат спротивни симптоми!
... инаку субклиничките хипертироидизам се поретки и помалку проучени, а со тоа и нејзината природна историја и ефекти се помалку јасни што точно самиот го укажуваш со реченицата, цитирам ,,..
помалку од нормалата 4 до 20 нормално а мене 3.30 така нешто ама рекоа дека немало врска тоа со мојата состојба) ...,, ...така да највероватно поради твојот често низок притисок, варирање на притисокот (кои се потврдува со тие звездички што ти се појавиле 15 минути со чуство на губење на рамнотежа), очекувај и брзосрцево биење во такви случаеви, се едни од симптомите на овој субклинички хипертиреоидизам (испитување после 3 месеци повторно на ТСХ и Т4 и Т3), така да би ти рекла „welcome to the club“ оти јас сум иста ама од субклинички хипо!