Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Од книга на државјанства. Единствената законски веродостојна база. Те има таму, државјанин си, имаш право на лични документи, имаш право на глас. Те нема, немаш. Поедноставна работа од тоа здравје. И поверодостојна.
Кој гарантира дека е навремено ажурирана со тие што се умрени?
 
Кој гарантира дека е навремено ажурирана со тие што се умрени?
Никој. Во државава има бар милион луѓе што не ги пријавуваат умрените и ги чуваат по фрижидери. Опасна работа е тоа.

Дај бе, срамота е млади луѓе да се филмате со такви теории на заговор.
 
Имаше една добра комедија - донт мес вит ЗОЛТАН ме потсети на тој лик сега.
Автоматски споено мислење:

И на крај ќе испадне дека ЕУ се мајтапела со имево за никогаш да не влеземе таму пошо не се надеваа дека има човек штп ќе го направи тој потег. И тогаш ЗЗ - холд мај бир...

Не бе тој Зохан беше, овој од друг филм е :) https://en.wikipedia.org/wiki/Zoltan_(hand_gesture)
 
Никоj не иска да ти става приjaтел, биди спокоен.
Зошто си тогаш на македонски форум?

Ако сакаш да ги запознаеш македонските природни убавини или да слушнеш македонска музика си ја згрешил темата.

Рече дека стотина илјади Македонци веќе биле дел од Бугарија а самиот знаеш дека не е така.И Турците земаат пасоши од Бугарија и Романија но тоа го прават од интерес исто како што го прават и Македонците,исто како и Србите од Хрватска и така натаму но не се чуствуваат така.И татко ми добил шанса да добие европски романски пасош но не се чуствува Романец исто како и јас што кога сега го имам не се чуствувам Романец,утре ако добијам Германски пасош нема да се чуствувам Германец го правам тоа само од корист во одредена ситуација.Сакате да го преставите македонскиот народ како бугарски а не знаете како да го изведете тоа зошто сте полни со комплекси и со омраза.Џабе ве плаќаат да пишувате овде и по јутуб кога не знаете како да пристапите.Еве ако сакаш еден бесплатен совет учете од Србите,они успеаа и покрај убивањето Муслимани и грантирање на Сараево,курвата на Аркан Цеца да пее баш во тоа Сараево ,за разлика од вас кои после 30 години независност немате направено ни еден концерт барем во Делчево.
 
Никој. Во државава има бар милион луѓе што не ги пријавуваат умрените и ги чуваат по фрижидери. Опасна работа е тоа.

Дај бе, срамота е млади луѓе да се филмате со такви теории на заговор.
Нема теорија на заговор, факт е дека изборниот список е полн со ѓубре, значи процесот на негово востановување и ажурирање некаде има пропуст и треба да се корегира.
 
Нема теорија на заговор, факт е дека изборниот список е полн со ѓубре, значи процесот на негово востановување и ажурирање некаде има пропуст и треба да се корегира.
Кој го констатирал тој факт? Ноторна глупост е дека избирачкиот список не е веродостоен.
 
Европа нема да потклекна на тоа. Тоа поради тоа што не даваат датум за Македонија и Албанија. А ова е негова реакција, затоа што најголеми баратели на азил во Франција се албанци. Плус Холандија пред извесно време побара да се воведат визи за Албанија. Најголеми криминалци се, сите го знаат тоа ама на соросоидите им се најверна односно најлојална артилерија за сите гомнарии. Во светот се води трета светска војна само без оружје меѓу екстремните левичари на чело со Сорос и конзервативците.

Вучич денес дава изјава уште пред 1 недела им кажав на Рама и Заев дека нема датум. Не ми веруваа. Заев поцрвене. Па позелене. Па како дете се посра.
Вучич чим знае тоа значи му кажале Русите. Тоа ми се поклопува со она што го мислам,а тоа е дека има поделба на сфери на влијание. Штом падна Харадинај и почнаа да се замараат за злосторствата на ОВК, а еве сеа и Сорос кризира.
Русите знаат се, а тоа не се должи на службите туку просто на тоа дека они се тие кои што ги креираат политиките. Како така наеднаш земји почнаа да повлекуваат признавање на Косово, демек барање на Србија hhh. Како у Интерпол не ги ни ставија на дневен ред? И како тоа Америка се повлекува од Сирија и Авганистан?

Искрено не знам дали и за оваа одлука имаат умешано прсти јер нив не ги занима членство у Еу, туку НАТО. И како што е тренд веќе ништо не проаѓа без нив на голема геополитичка сцена. И тоа што Медведев отиде у Србија 1 ден после самитот има некое значење и симболика. Некои странски експерти велат дека вака Франција одиграла директно за Србија, по налог на Русија.
Тоа е затоа што ако Македонија и Албанија станат членки или членка пред Србија, Србија никат нема да влезе. Албанците од Македонија или Албанија по налог на сорос и левичарите вечно ќе им тураат вето и ќе им се бара признавање на Косово во замена за тргање на вето.
 
Нема теорија на заговор, факт е дека изборниот список е полн со ѓубре, значи процесот на негово востановување и ажурирање некаде има пропуст и треба да се корегира.
На која основа го тврдиш ова?
Избирачкиот список се ажурира пред секои избори, секој има право да направи увид во него. Ако мислиш дека некое лице е на списокот а не треба да биде, имаш право да реагираш и ќе биде отстрането.

Последен пат е ажуриран на 8/2/2019 година.
 
Кој го констатирал тој факт? Ноторна глупост е дека избирачкиот список не е веродостоен.
На која основа го тврдиш ова?
Избирачкиот список се ажурира пред секои избори, секој има право да направи увид во него. Ако мислиш дека некое лице е на списокот а не треба да биде, имаш право да реагираш и ќе биде отстрането.

Последен пат е ажуриран на 8/2/2019 година.
Во селото од каде што потекнува дедо ми едвај има останато 40тина луѓе од кои дел се деца, на избирачки список има 42 луѓе од кои еден мислам и дека е починат, а останатите не живеат таму ниту во државата преку 30 години. Сакаш да кажеш дека во ред е да ти се водат во одредено населено место луѓе кои немаат допирна точка со државата? Искрено не ги знам на која општина се водат во Швацарија за да проверам дали и таму гласаат во амбасада, али за тука сум сигурен дека ги водат сеуште.
 
А кај очекуваш да ги водат? Баш така треба да се водени, што е битно колку години се исселени.
 
А кај очекуваш да ги водат? Баш така треба да се водени, што е битно колку години се исселени.
Ако сметаш дека е логично човек отселен од тука преку 30 години и се враќа во државата еднаш во 3-4 години да се води на гласачки список на местото каде што живеел пред да се отсели, секоја чест, искрено се надевам дека не си вклучен во одржувањето на базата и делење на консултации како треба да изгледа истата. Тие ти се дијаспора и ќе си гласаат во амбасадата или конзулатот таму, се друго е погрешно и фејкување на информации.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom