Јас прифаќам дека вакви денови се случуваат и дека тоа е тоа, нема лутиш. Баш ми е мило што 80% од публиката остана и по натпреварот. Така треба.
Мене што ме иритира е што имаме многу небалансиран тим, а и имаме играчи во него кои се тотално нефункционални и немаат никаква улога во екипата, освен да се ЛШ навивачи со најдобри места во салата.
Горбок и Димитриоски реално дали 2 мин ќе стапнат на паркет во некој натпревар кој значи нешто. Истото важи и за младиве вардарци. Значи тоа ти се 5-6 играчи што џабе ги имаш во екипа, освен за тренинг.
Горпишин добива се помала минутажа, и делува дека ко полека да го филтрира надвор Писонеро. Прашање и он колку ќе игра сезонава. Пелко исто многу мала минутажа. Останавме со човек кој беше донесен да игра дефанзива, да ни биде главен офанзивен пикер. Да се биде искрен, коректно си игра човекот, во склоп на своите можности, може и над нив, во напад.
Се гледа дека Писонеро не сака да го пушта Дисингер во напад, сега ептен мораше пошто Атман беше очаен. Он си го сака Атман на лев бек, зошто од тројцава му е најдобра опција, ама па, и он не е за таму. Лани тоа функционираше добро зошто Игор е побрз и креативен играч. Атман е добар среден бек, ама не знам колку ќе ја биде вака работава.
Кога луѓе викаат Дисингер бил слаб оваа сезона, моето прашање е, колку беше добар лани? Првите 6 кола не ги играше. Имаше едно феноменално полувреме со Веспрем. Со Монпеље се повреди таму во 2-3 минута. Со Загреб тоа беа тренинг мечеви. Со Сегед не играше. Со Барса нешто второто полувреме изигра некои 15 мин, а со Веспрем финалето беше незабележителен. Оваа година делува изгубен.
Скубе. Не знам, знам дека ќе наидам на неодобрување, но, за мене, Скубе не е играч за Вардар. Ко што се кажа погоре, делува како да се гушат со Атман. Ама и Скубе ми делува ко да не функционира добро под притисок. Му испаѓаат топки од раце, лоши додавања, нервозен е, не превзема одговорност, неконстантен е. Ќе блесне некој натпревар, после ќе дојде јак ривал и ќе се изгуби дечково.
На ова додади двајца неискусни голмани со непроверен квалитет.
Многу крпен состав имаме, неплански граден. Ама, тоа е.
Плус и тоа што немавме помошник тренер, па се стави еден ради-реда, исто ко лани. Па ко се бараше заменик/чка за Лојаница. Ги одби тој од МЗТ, па и на тоа како да се заборави. Малку ко се укажува дека треба подобро да се работи во клубот. Без разлика кој е буџетот, сепак се работи за европски првак.