Според државен завод за статистика во 1985 година невработеноста на населението до 25 години била 85%.
Она што следуваше по смртта на Тито, во 80-те години, беше чист хорор.
Рестрикции на струја, бонови за храна, бензин ич, корупција од која би се застрамила и Колумбија, епидемии на жолтица (Б) секое лето, дивоградбите кои сега се легализираат потекнуваат од тогаш... со еден збор - катастрофа.
Да не ја заборавиме и енормната инфлација.
Носталгијата ги мава затоа што виделе благосостојба помеѓу 65 и 80.
3-4 "пути" на одмор се одеше во одморалиштата сопственост на фабриката, со превоз од фабриката на државен трошок.
Што јаделе и како поминувале тие си знаат.
Дури и ова не можеше секој да си го дозволи.
Fun fact
Од ослободување до распад државата Југославија имала изградено само 50 (педесет) километри автопати.
Све останато е со тн. "само-допринос" односно со запирање на плата.
Устата затворена "со леб и игри" и "биче боље". Дај му одмор во феријално, К-15 кој не вреди ништо и кажи дека имаш супер пасош.
Иначе државата имаше потенцијал да се опорави за многи кратко време и да фати тек со остатокот од Европа.
Ама апашаната ја растури. За жал!