Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

  • Креатор на темата Креатор на темата onak
  • Време на започнување Време на започнување
А тебе дали сега ти недостасуваат работи кои ќе ги имаат младите и луѓето за едно 50-60 години? Замисли во 2070-2080 година ко ќе велат “а бе како живееа бе тогаш со тие примитивни коли, процесори, лаптопи и смартфони од камено доба ?!!? Кутри луѓе - ги жалам!“
Поприлично сум сигурен дека во 2070та подолго и поубаво ќе се живее од денес. Исто како што денес поубаво се живее од 1970 тоа се вика прогрес и речиси секогаш се случува и е неминовен.
Автоматски споено мислење:

Незнам во отоманско време како било опшественото уредување ваљда поголема држава империја ,ама читам таткому на Гоце Делчев живееле добро поседувал дуќан, околу шест декари лозје, од кои сам правел вино и ракија, како и околу осум декари ниви близу до Кукуш. Никола држел крчма на житниот пазар во Кукуш, а на пазарниот ден (четврток) станувал и гостилничар. Водел трговија со жито и имал мандра од неколку стотина овци (околу 600-700). На сликата е со капа како ефендија ,Гоце студирал во Солун пиел кафе на пристаниште еде вид на аристократски живот . и преминал во револционер не од економски причини туку од патриотски идеолошки

Ама комунизмот е сосема друга прича побуна на пролетријатот аргатите работниците и сл.против аристократијата буржуазијата,и не е финтата да се живее раскошно да се има многу туку скромно и да не се екплотира работникот и да не му го користи друг трудот буржуазија и аристократија тајкуни.тоа нема цена
Јас ни за милион евра не би се вратил во 1945,1918 или 1903та да живеам трајно. А ти? Прашање кон сите!
Автоматски споено мислење:

Па и не било толку лошо во Турско додека централната власт била јака (додека не се појавиле разни одметници и качаци). Се плаќал десеток (10%) на државата и секој си ја гледал работата. Сега се плаќа осумнаесеток (морам така да ги наречам 18% ДДВ), па уште и прогресивен данок се воведува...

А и во Српско не било лошо. Барем за земјоделците на мој терен. Плаќале одреден данок и државата не ја интересирало ништо друго.
Сега ќе платиш данок на имот, па ќе платиш данок на куќата, па данок на колата, па данок на телето што си го продал...
 
Последно уредено:
Поприлично сум сигурен дека во 2070та подолго и поубаво ќе се живее од денес. Исто како што денес поубаво се живее од 1970 тоа се вика прогрес и речиси секогаш се случува и е неминовен.
Автоматски споено мислење:

Јас ни за милион евра не би се вратил во 1945,1918 или 1903та да живеам трајно. А ти? Прашање кон сите!
Автоматски споено мислење:
Секое време има своја илузија, Шта денес имадемо Играме Дота 2 Гледаме спотој Таки таки румба на јутуб ,и Роналдо кај шо дава голој joker betmen filmoj so efecti за то денес се користи најповеќе технологијата.
 
Последно уредено:
Одговор на темата, да дефинитивно МИТ. Имало убаво работи, но далеку од совршенство како што сакаат југосите да го испрезентираат.
 
Поприлично сум сигурен дека во 2070та подолго и поубаво ќе се живее од денес. Исто како што денес поубаво се живее од 1970 тоа се вика прогрес и речиси секогаш се случува и е неминовен.
Како може да речиш дека тогаш поубаво ќе се живее кога цените на храната и на сметките ќе бидат изгор скапи... Од година за година цените на храната имаат двоцифрен% раст, ами што ќе биде дотогаш... Сега секоја година технологијата и белата техника и точкојте, колите, поефтинуваат, ама се разбира најбитно е да поефтинува храната и сметките. Без технологијата се живее, ама без храна не се живее...

И без ноќен живот се живее...
Но мислиме денеска тоа што младиве имаат три пати неделно ноќен живот и дека се збираат на скари во двор дека којзнае колку пари имаат...

Но што се дешава после тоа одвреме - навреме со тие што имаат редовен ноќен живот кун крајот на месецот???

empty.jpg

После тоа дома на трпезата имаат леб и најефтини паштети, виршли, рибни конзерви и нарезоци.

И одат по куќи кај неколку души и прашуваат:

„БРАТ ИМАМ ЕДНА МОЛБА ДО ТЕБЕ: ДАЛИ ТИ СЕ НАОЃАТ ЕДНО ИЛЈАДАРЧЕ НА ЗАЕМ ОСТАНАВ БЕЗ ДИНАР СКРШЕН ДО КАЈ 10-ТИ ДУР ДА ЗЕМАМ ПЛАТА ЌЕ ТИ ГИ ВРАТАМ“...

И друго „БРАТ ЌЕ МОЖЕШ ЗА ДОМА ДА МИ НАТОЧИШ ЕДНО ШИШЕ ОД ДОМАШНОТО ВИНО И ЌЕ ДАЈШ ЕДНО ПАРЧЕ МЕСО ОД ПРАСЕТО ШТО ГО ЗАКЛА“...

И тогаш одат често по гости не од поштовање туку да се најадат, напијат бидејќи останале без пари!!!
 
Прегледај го приврзокот 219037

Има доволно и многу за јадење...ај сега.
Автоматски споено мислење:

Секое време има своја илузија, Шта денес имадемо Играме Дота 2 Гледаме спотој Таки таки румба на јутуб ,и Роналдо кај шо дава голој joker betmen filmoj so efecti за то денес се користи најповеќе технологијата.
Култура е едно ама и тоа вреди. Треба едно на пеесетина работи да се откажеш и уназадиш за да се вратиш 50 години наназад.
 
Има доволно и многу за јадење...ај сега.
Автоматски споено мислење:
Oд што има многу за јадење кажи ми тогаш зошто насабајле доста луѓе роварат по контењерите? И тоа Македонци. Јас последниве години ретко некој циган да видам да ровари по контењерите. Сега дојде време Ѓупците нас да не нарекуваат Ѓупци.
 
Јас од 1-2000 луѓе дали знам 1 кој има проблем да си обезбеди јадење.
 
Треба едно на пеесетина работи да се откажеш и уназадиш за да се вратиш 50 години наназад.
[/QUOTE]

Ајде баш ме занима кои се тие пеесетина работи од кои треба да се откажам!?
 
Треба едно на пеесетина работи да се откажеш и уназадиш за да се вратиш 50 години наназад.

Ајде баш ме занима кои се тие пеесетина работи од кои треба да се откажам!?
[/QUOTE]
Почнувајќи од мобилен до изолација на куќа речиси се што гледаш окулу тебе е подобро или го немало од пред 50 години.
 
Јас од 1-2000 луѓе дали знам 1 кој има проблем да си обезбеди јадење.
Да таква е ситуацијата само во Скопје. И евентуално во поголемите градови. Но оди ти да видиш како е во Битолско - Прилепските изолирани планински села во Мариовскиот регион, Македонски брод, Македонска Каменица, Берово, Валандово, Злетово, Кратово, Крива Паланка, Демир Капија и Делчево???
 
Инаку не знам дали си свесен, но загубите на претпијатијата во Југославија беа 15% од нејзиниот БДП, а покриеноста на увозот со извозот во 1979та е мизерни 48%. Толку од митот дека многу се произведувало и дека фабриките добро работеле.
Овие загуби во комбинација со екстремни нивоа на инфлација и невработеност доведоа до целосен крах на тој систем.
овие текстови ги преземаш од страни како нови светски поредак, каде прво треба да ги испиташ авторите на тие писанија, пошто и кај нив гледам омраза кон бившиот систем.
Инаку за болдот 1, во 2016 долгот бил 2/3 од бдп (6 од 9.2 млрд долари), а повеќе од 1/3 фирми работат со загуба. Чисто да си знаеш колку денес поубаво им иде.
Патем, задолженоста на граѓаните и фирмите во 2018 била 4.8 милијарди евра.
од нејзиниот БДП
бдп по жител на Австрија 1990 бил 17000 долари, на Полска, 5100, на СФРЈ 5500, Турција 5400, Норвешка, 18500. Во 2018та, Австрија 51700, Полска 14500, Македонија 5950, Турција 8700, Норвешка 82300. Или во сооднос 1990та со Австрија 1:3, Полска 0,9, Турција 0,98, Норвешка 3.36. Во 2018 со Австрија 8,7, Полска 2,4, Турција 1,5, Норвешка 13,8. Гледаш негде разлика? Ма јок.
Најголемиот долг СФРЈ во 80тите стигнал до 30% од бдп. Сега Хрватска и Србија се 100 и над 100%, Македонија 50-70% од бдп.
Беа тоа нови коли од салон, но какви? Свесен сум за технолошкиот напред,но реалноста е дека колите кои што народот во Југославија ги има возено во својата ера биле едни од најлошите во светот.
Од каде овој податок дека биле најлоши? Си чул за принц, трабант, вартбург, москвич, шкода спорт...? Застава беше национална ознака, покрај тоа се произведуваа и Рено и Голф. Тогашна Русија за нордиските земји произведувала лада касик. Што е ова на сликава, кола или жаба? А ова, сандак за замрзнување кој го возеле европјани? Епа хибриди немало тогаш, ни голф 5 ни киа сид.
Дури и предолго траеше тој систем живеејќи речиси исклучиво од странските кредити, гастарбајтерите и туристите од западот.
грешка си, од 50тите се развија аграрот (Дотогаш селаните ораа со дрвени ралници и волови, а производители кон Краљевина главно бевме на модри сливи. И опиум.), инфраструктурата и индустријата. Моеш да кажеш слободно дека сега Македонија живее од странска помош и гастарбајтери.
Значи стандардот кога станува збор за коли биле горе-доле ист само што сега имаш поголема слобода и голем избор на половни возила во добра состојба.
Во 80тите СФРЈ имала просек 7.3 членови по возило, како и Грција. Значи во глобала и други земји немале толку возила колку денес.
Во 2015 вкупен број возила 425000, 0.2 жители на 1 возило. Но, просечна старост им е 19 години, 3 од 4 коли се постари од 10 години и нецели 2% стари до 2 години.
Во 2018, од вкупно 39400 увезени нови и стари секакви возила (и лесни и камиони, автобуси), само 15% биле нови, 75 стари возила.
Тоа што пресметуваш број месеци/плати за возило не ги земаш предвид кредитите и каматните клаузули тогаш и сега. Затоа тука со сувопарна бројка грешиш во старт.
Пред 1945та најголем дел од народот има живеено на село.
и во градовите најголем број има живеано во куќи од керпич и кал. Не биле куќите ко Ристичева. Погледни го маџармаало пред 40-50 години за да ти стане појасно.
Ниедени систем не е идеален, меѓутоа овој во споредба со претходниот (55та-80та) бил далеку подобар за радничка класа, селанство, високо образование, описменување, вдомување и снабденост со основни добра за домаќинствата.
 
Последно уредено:
Ајде баш ме занима кои се тие пеесетина работи од кои треба да се откажам!?
Почнувајќи од мобилен до изолација на куќа речиси се што гледаш окулу тебе е подобро или го немало од пред 50 години.
[/QUOTE]
Грешка си...гарант ти не си ни бил роден во СФРЈ затоа збориш напамет.
Тогаш луѓето беа луѓе, имаше ред, закон, улиците беа чисти, воздухот чист, една плата беше доволна и за јадење и за подновување, дружбата беше дружба, службата беше служба, весели лица, смеа насекаде, децата беа деца, хуманост, морал,.....уффф, како радо би се вратила во тие години на човештвото кога не се замарам со политики..
И да кажам дека тогаш никој не просеше, никој не ровареше по контејнери или на семафори да висат со бебиња....тогаш циганите продаваа пластика, вангли и корита во замена за облека или храна.
 
Одговор на темата, да дефинитивно МИТ. Имало убаво работи, но далеку од совршенство како што сакаат југосите да го испрезентираат.
Насловот на темата е Дали подобро се живеело, не дали совршено се живеело. Ниту еден систем не е совршен (освен замислениот комунизам), впрочем совршенство не постои.
 
Нормално да немаше војни и да се збогува со комунизмот (последново и се случи)...Ама и Австроунгарија да не се распаднеше ќе беше различно...ама што би било кога би било.
Војните беа после Тито од "политичари" на кој тоа им одговараше и беа обични марионети контролирани од страна,како што и денес еден Мијалков го направи Диво Насеље и сл.,а таквите во комунизмот си кршеа камења на Голи Оток.
Одговор на темата, да дефинитивно МИТ. Имало убаво работи, но далеку од совршенство како што сакаат југосите да го испрезентираат.
А уште подалеку од тоа дека било полошо од денес,како што сакаат да го претстават празноглавите партиски "патриоти".
 
весели лица, смеа насекаде, децата беа деца, хуманост, морал,.....уффф, како радо би се вратила во тие години на човештвото кога не се замарам со политики..
затоа фејсбук профилот пред икс години го отворив и користев извесно време. Кога видов честитки за родендени, имендени, годишници, муабети за на кафе водени на чат...па ете јадев во Мулино (слика на празна чинија со изглодано ребро, бев ваму онаму...) го баталив, целосно. Не знам која му е целта на фб ама ако е за такво "дружење" :(
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom