Абе каков Хамес не се заебавајте, одличен е, али Феде е тоа што му треба на Реал моментално во средина.
Дечкото внесува ново ниво на свежина, ги покрива дупките и недостатоците на Касемиро и Крос и плус придонесува во напад.
Вчера доби МОТМ на натпреварот против Гранада, на секаде го имаше. Едноставно мора да почне од прва минута на Кампот против Барса.
А кога станува збор за притосок, ич не се секирам за тоа. Минатата недела стартувше против Атлетико на Ванда и дечкото беше еден од подобрите играчи на терен. Кур го боли и за публика и за почит према противник и за се, си го игра својот фудбал и одлично му иде.
Во моментов пред Ел Класикото само две работи се загрижувачки. Повредите и опасност на Касемиро ако направи жолт против Мајорка дека ќе му биде 5ти жолт и нема да може да игра на Ноу Камп. Сепак, има уште 3 недели до тогаш, сеа со репрезентативнава пауза очекувам доста од играчите што се повредени да се вратат. Премногу мускулни повреди се случија сезонава.
После 8 кола сме први на табела, единствени без пораз во лигата.