Мојот партнер има ќерка, девојчето има 8г, разведени се кога она имала 4г и веќе и е сфатен фактот дека татко и не е дел од нејзиното секојдневие. Од неодамна почнав да живеам со партнерот и јасно разграничивме дека мора да и се каже и да и се даде време да го соџвака тој факт. Овој викенд ќе дојде кај нас на гости, инаку татко и разговараше со неа и јасно и е, не е мала до толку, башка мајка и исто така има веќе втор брак. Мислам дека на девојчето му е измшано главчето малце ама ќе се среди. Баба и, на мајка и мајка, не може да го прифати фактот дека нејзината ќерка и мојот партнер не се заедно веќе 4г и прави проблеми, ама тоа не е моја работа. Нема да и бидам мајка на малата, ниту ќе се обидам нешто такво, ама сакам взаемна почит. Имам простор во станот, ќе добие соба која додека живееме овде и она доаѓа на викенд, недела, распуст може да ја користи, а доколку во иднина имаме друго заедничко живеалиште нејзината соба ќе биде само нејзина. Ако сум го прифатила него, сум ја прифатила и неа, таа секогаш ќе биде негова мезимица, прва и единствена, тој факт не се брише. Признавам дека ќе се потрудам да ја придобијам со мали ситници како омилениот сладолед, боја, мали ситни подароци, зошто не сакам да мисли дека не ја сакам. Наскоро ќе разговарам и со мајка и да ја прашам што смеам и што не смеам во нашит однос, можеби постои нешто што партнерот пропуштил да ми каже, сепак мајка најубаво си го познава детето.