Само мала корекција. Ти овде не пишуваш за систем, туку за луѓе. Системот го има ова прашање солидно регулирано, од Уставот(кој декларативно наложува дека "Малолетните лица и мајките имаат право на посебна заштита при работа"), преку законот за еднакви можности на жените и мажите, до законот за работни односи(кој трпел измени баш во оваа насока на заштита на жената за време на породилно отсуство).
Да не ти цитирам членови, ќе одземе многу простор тоа, ама и жената и работодавецот се и законски и финансиски покриени во тие случаи. Значи, проблемот не е системски и нема тука некоја конспирација против жените. Вакви постови даваат таков впечаток.
Проблемот е во луѓето и тој проблем е ист и за мажи и за жени. Исто како што шеф на конфекција е другарче со некој кој директно или индиректно може да влијае на судот, така и, на пример, шеф на градежна фирма/рудник често има такви другарчиња, па злоупотребите врз мајките и нивното право на породилно отсуство заедно со злоупотребите со работниците на градилишта и повредите што често настануваат за време на работното време остануваат без правна сатисфакција. Во приватниот сектор сите го јадеме.
Ама ако така гледаш, акцентот на мајките е далеку поголем отколку било која друга форма на злоупотреба во приватниот сектор. Најмногу внимание се одвојува и од јавноста и од законодавецот за да се искорени тој, еден од многуте, а сигурно не посериозен проблем од тој на рударите и градежните работници.