... оти беше совет до некого, ама ете погрешив не знам по кој пат не проценив на кого треба да коментирам... и затоа самата си го избришав!
Ај ти прво земи од матичниот упат до интернист и он ќе ти даде упати што се да испиташ...вака у поверење да те прашам, стварно растат цицки од хелекс
...интернист? што има врска со средно уво (вестибуларни) 90 % одговорен за сите вртоглавици, неговата отогена вртоглавица од 15 минути и го тера кон лево, значи во десното уво има проблем (инаку да не беа 15 минутни вртоглавиците и „терање кон лево“ ќе речевме дека можеби криви се и вратните пршлени!) фактот дека членот е од помлада генерација ги анулираме сите вртоглавици од централно потекло, па дури и анемијата не дава 15 минутна вртоглавица!
...во врска со Хелексот
(alprazolam)...eдна студија објави дека од 17 пациенти со панично нарушување третирани со алпразолам, 15 пациенти имале повторна појава или зголемување на напади на паника, а 9 имаат значајни нови соматски симптоми, како што се малаксаност, слабост, несоница, тахикардија и
вртоглавица!
....самиот бенефит на овој лек е сосема друга индикација, а не да го „смири“ стравот од вртоглавици што е нормална реакција на секој човек кога ја има, самиот лек најмалку 4,5 недели се дава под контрола за да се види ефектот и уште толку постепено стручно да се намали и прекине, а тука матичната да даде така „превентивно“ без никакво испитување и одредување на причината на овој симптом- вртоглавица, не само што не професионално туку е и неодговорно код млад пациент кој може несвено да „навлезе“ во други опасни води од зависност (толеранција) од бензодиазепини каде спаѓа одој лек!
...инаку ДА! растење на гради кај мажите (гинекомастија) е еден од несаканите дејства на Хелексот поради зголемување на серумскиот пролактин и „отекување“ на ткивото кај градите на мажот, кај жените млечно празнење (галактореја)!