Ipsissimus
P.I.
- Член од
- 23 јули 2010
- Мислења
- 15.582
- Поени од реакции
- 12.949
Баш затоа што законите не паѓаат од небо, треба да има објективна причина за истите. Ќе ти наведам со примери зошто и како е апсурдна нелегалноста на проституцијата.Правото и законите не паѓаат од небото, ги носат луѓето согласно нивните сваќања за тоа како треба да нешто биде устроено. Ако луѓето сметаат дека е оправдано проституцијата да биде легална ке донесат закон со кој ке ја легализираат, во спротивно закон со кој се забранува.
1.Ако одиш на масажа и не платиш за истата, не си го прекршил законот. Ако одиш на масажа и платиш за истата повторно не си го прекршил законот. Си добил задоволство и во првиот случај не си платил за истото, во вториот си платил.
2. Ако имаш секс со жена или маж без да платиш и не си во брак со нив, не си го прекршил законот, ако си во брак и имаш секс со друг маж или жена, повторно не си го прекршил законот. Дури и ако тоа го направиш со десет различни луѓе во ист ден. Ако имаш секс со маж или жена и платиш за тоа, си го прекршил законот. Си добил задоволство и во првиот случај не си платил за тоа, во вториот си платил.
Што ако сестра ми или сестра ти реши да има секс со пет непознати мажи денеска? Дали тоа што нема да им наплати ќе ја направи помалку неморална?
Каде е казнивоста тука? Ако е сексот, тогаш и првиот случај содржи секс, ако е ,,неморалот" и првиот случај содржи неморал.
Испаѓа дека поддржувачите на овој апсурд, бараат државата и законите да им бидат гарант дека материјалноста и парите нема да ги искушат нивните блиски на неморал...?!
Последно уредено: