Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Najinteresno mi e a voedno i najsmesno koga komunjarata ke pocne da kenja teski idiotizmi kako ona pred nekoj den mladite da sonuvale da stanele robovi (pardon pretpriemaci) a oni fino lepo dodeka ovie sonuvaat sve do peto kolen
Тој сон моментално може да се сонува на друго место, дефинитивно не тука, од добро познати причини.
Инаку, во глобала земено ние немаме претприемачки ген како нација. Македончето е научено да си легне на претходно послано, т.е ние сме учени да рмбаме за други. Ние бараме предходно среден систем каде што некој друг ќе управува со него, ќе се грижи да се почитуваат законите и правилата, а ние само ќе отидеме на готово да работиме и притоа ќе си живееме на маргините, нема да се буниме за ништо.

Затоа и бегаме на Запад, во земји каде што работите кои што ние триесет години не можеме да ги средиме, таму веќе функционираат и ги земаме здраво за готово. Амбициите нас ни завршуваат до моментот "ако има за леб, добро е"
Тоа размислување е веројатно наследено од нашето ропско минато, каде што да се дојде до корка леб преку ангарија било нешто нормално. Тоа и денес е така. Впрочем тоа се гледа секој ден преку нашиот пи*карски менталитет и начинот преку кој што (не) се справуваме со секојдневните општествени проблеми.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.797
Поени од реакции
15.714
А заби им вадеше ли, нарочито оние очњаците??

(мала шала;))
не е шала, опасни се и стерилизираните... агресивноста е од мозокот, стерилизација помага само да не се множат..... но и тоа не помага многу ако не е висок %, на пример 99%... кучињата и мачките се подвижни и ќе се најдат нестерилираните и ќе се парат...
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Тој сон моментално може да се сонува на друго место, дефинитивно не тука, од добро познати причини.
Инаку, во глобала земено ние немаме претприемачки ген како нација. Македончето е научено да си легне на претходно послано, т.е ние сме учени да рмбаме за други. Ние бараме предходно среден систем каде што некој друг ќе управува со него, ќе се грижи да се почитуваат законите и правилата, а ние само ќе отидеме на готово да работиме и притоа ќе си живееме на маргините, нема да се буниме за ништо.

Затоа и бегаме на Запад, во земји каде што работите кои што ние триесет години не можеме да ги средиме, таму веќе функционираат и ги земаме здраво за готово. Амбициите нас ни завршуваат до моментот "ако има за леб, добро е"
Тоа размислување е веројатно наследено од нашето ропско минато, каде што да се дојде до корка леб преку ангарија било нешто нормално. Тоа и денес е така. Впрочем тоа се гледа секој ден преку нашиот пи*карски менталитет и начинот преку кој што (не) се справуваме со секојдневните општествени проблеми.
Glavnoto moto vo siptaristanot so decenii e ... sakam da lezam vo drzavno... I ete zaradi toa narodot e spremen i gazot da si go dade ni drzava ni butur ne go interesira ke trca od stab do stab barajki ja svojata fotelja. Jebes drzava, nacija, zagaduvanje, dvojazicnost, ljockarizacija..., sakam da lezam u drzavno. Zatoa ja/ke ja snema drzavata.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.656
Поени од реакции
4.315
Добро шо е сега ова? (претприемачи економија минимална плата и слични рабоќе...)

А шо убо си одеше дискусијата за кучињата малечки и големи и за се околу нив...
Ме расплакавте море еееј!
Само чекав некој да дојде и да предложи да се формира друштво за заштита на правата на кучињата и другите незаштитени и обесправени животни, и таман дојде таков амбиент, оп ете ти некој да го нарушува спокојот... (во држава Северџистан каде повеќе од 50% од населението, население во случајов се луѓе, е на работ на егзистенција да се трошат неколку страници за да се бараат права за кучињата ми е ....)
Сите чекале како “натегнат“ пиштол само некој да отвори тема за ... и сите како (како повод се искористи случка во која некој пациент побегнат од умоболница убивал кучиња и сега наместо да се говори која и каква е грижата за пациентите кои ни водат држава ние ќе се занимаваме со правата на кучињата) и потоа се прашуваме зошто нам ...
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.167
Поени од реакции
17.964
Интересно денеска

Катица Јанева беше избор на Груевски, но СДСМ не се противеа – интервју со Питер Ван Хојте


 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.410
Поени од реакции
42.663
Убаво вака што си ги браните децата со секири од кучињата, ама што правиме со загадувањето, што ќе превземете да ги заштите од загадениот воздух во наредните 5-6 месеци? Да не случано почнете да ги носите со точак/пеш на школо или излезете на некој протест, кај што имаше повеќе кучиња од луѓе последните неколку пати кога организираа? Да не зборам за тоа колку деца се испогазија низ државава во последниве години, оти не се најде некој херој да искасапи некој од идиотите што возат 150 на булевар во сред град и кои се милион пати поголема опаснот за животот на децата и околината отколку некое маалско улично куче.

Јас ќе ви кажам - вас ве боли кур за децата. Со години си дишат воздух 20 (ДВАЕСЕТ) пати позагаден од што границите на нормалата со неразвиени дишни патишта и бели дробови, а на вас малото прсте од место не ви мрднува додека не ве изнесе ВМРО/СДСМ на протест. Не дај боже на некој си "сенароден митинг" кај што мора да се излезе да си ги измерите пред избори, охоо тогаш и по 100 и кусур иљади се собирате без проблем.


Место да подржувате вакви психопатски постапки, прва работа што треба да направите за да ги заштитите децата од кучињата е да ги научите да не се плашат и како да се однесуваат со нив. Пред да каже некој дека тропам глупости, ќе ви кажам дека сум жив пример за тоа.

Во Валандово, како и во секое место во "државава" наша има милион улични кучиња. Неколку пати ми се имаа пуштено како дете и имав ОГРОМЕН страв од нив. Девојка ми кога ја испраќав, од пусти страв го кружев цел град накај дома само за да ги заобиколам. А сум бил сведок на неколку настани како кучето трча и лае крвнички накај нас и она со буквално едно "абе кај си ти" го преобразува во најмилото суштество на светот. Ама јебига, јас си мислев дека го немам тоа во мене.

Како и да е, да не бегам од муабетот. Пред скоро 4 години некаде, она се реши да земе куче. И сеа нормално, од малечко кученце никој не се плаши на светов. И ајде почнав да се опуштам полека, демек ме знае. Па почнав да си играм со него, па почнав топка/јаже да му земам од уста, нешто што ми беше незамисливо, пошто нели тоа е куче - крволочен ѕвер и ќе ми ја изеде раката ако пробам да му одземам нешто од уста.

И ете 3 и кусур години веќе си живеам во мир и не бегам на 5 километри пошто имало куче на патот. Само еднаш ми се има пуштено едно од тогаш, и иако на прва се уплашив и испаничив, успеав да го смирам. Мислам дека кучињата имаат некој вид сенс во нив и знаат да ги проценат твоите чувства во моментот. Ако осетат дека се плашиш, знаат да ти се пуштат, ако тргнеш да бегаш (место да клекнеш и да се направиш дека земаш камен - нешто што ќе ги избрка одма) тие ќе продолжат да трчаат по тебе.

Муабетот ми е, знам дека може да има агресивно куче на улица - посебно ако претходно било тепано/малтретирано, користено за борби па пуштено или ако е во години па полека му се губи паметот, ама прво и основно учете ги децата да не се плашат од животните и како да постапат во случај на некоја немила случка. Да земеш секира и да искасапиш некој што е 100 пати послаб од тебе не значи дека си го браниш детето, туку е психопатски чин, кој го прави само некој што е нестабилен во главата.

Е сеа си имам други стресови - кога шетаме низ парк, кај што има милион неодговорни сопственици на агресивни раси на кучиња (агресивни кон други кучиња). Па си ги пуштаат демек да "се истрчаат" и тоа нивното куче кога ќе го види моето и ќе улета накај нас, па ќе треба јас да се влечам и тегнам, и да внимавам да не се испоубијат дури да истрча нивниот сопственик и да си го собере кучето.. Ама тоа е веќе друга тема.
 
Последно уредено:
Член од
6 мај 2019
Мислења
61
Поени од реакции
26
Glavnoto moto vo siptaristanot so decenii e ... sakam da lezam vo drzavno... I ete zaradi toa narodot e spremen i gazot da si go dade ni drzava ni butur ne go interesira ke trca od stab do stab barajki ja svojata fotelja. Jebes drzava, nacija, zagaduvanje, dvojazicnost, ljockarizacija..., sakam da lezam u drzavno. Zatoa ja/ke ja snema drzavata.
Kaj нас треба повеќе да се посветува внимание на приватниот сектор како би се заштитил , но и еден од најголемите проблеми што треба да се посвети е како државата да се одвои од бизнисот односно да не се се меша со политика и триста раб, тие работи да се разграничат за да имаме пофункционален приватен сектор.А Не само да се оди по штабови и да се чека на државна фотеља.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.656
Поени од реакции
4.315
посветува внимание на приватниот сектор како би се заштитил
Какво внимание и од кого да се заштитува?
(како мислиш еден приватен субјект кој е заштитен потоа да излезе на тнр светски пазар каде пливаат големите ајкули...)

државата да се одвои од бизнисот
Како да ја одвојуваш државата од бизнисот кога таа меѓу другото е и “креирана“ за да го регулира тој бизМис?
( за да создадеш амбиент кој го пласираш, потребно е државата да биде суверена пред се, да може самата да креира економска политика и да проектира раст... во услови кога државата е окупирана, колонија на четвртиот рајх и вазал на ... да бараш такви работи само е уште една дистракција со сомнителни мотиви...)

пофункционален приватен сектор
Врз каква анализа говориш за ефикасен приватен сектор, па тој сектор ги има сите механизми да управува што во крајна рака и го прави.
Системска грешка да прикажуваш како периферна аномалија, не е добро. Потребни се коренити промени од системска природа, постоечкиот ги покажа сите свои негативни страни, значи време е за изнаоѓање на нов вредносен систем (праведна распределба ...) кој ќе понуди решение за наталожените проблеми.
Еве и еден предлог, да се престане со максимата:
да се сакаат парите а да се користат луѓето и да се промовира нов кој би изгледал вака некако: да се сакаат луѓето и да се користат парите!
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Kaj нас треба повеќе да се посветува внимание на приватниот сектор како би се заштитил , но и еден од најголемите проблеми што треба да се посвети е како државата да се одвои од бизнисот односно да не се се меша со политика и триста раб, тие работи да се разграничат за да имаме пофункционален приватен сектор.А Не само да се оди по штабови и да се чека на државна фотеља.
Државна работа знае да биде многу фина... има еден куп човечиња што уредно одат на работа во 8:00, се куцаат дека стасале, пијат кафе и одат да бркаат приватни бизниси... во 4:00 исто така уредно се куцаат дека заминуваат. Обврски имаат инцидентно, платата им „капе“ таман да покријат сметки и месечни давачки а приватното си го тераат.
И види, добар им е планот...
Поента е: администрацијата треба да биде ефикасна. Ова е пример за тие што се појавуваат, сите знаеме дека има и такви што немаат место за седење па не одат... (да не пречат)
Додека не се направи ревизија, реорганизација и целосен попис на административци со опис на работни обврски овој сегмент ќе биде ваков никаков.
Приватниот сектор е друга приказна. Врзан е со тромавиот и нефункционелен државен систем. За почеток државата треба да биде поажурна за пласман и промоција на домашнитните фирми.
Од Нешто мора да се почне.
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
36.786
Поени од реакции
29.222
,,,zoshto skandal i hit tip,,,ta toj go pravi toa sosema legalno,neli zakonot za jazici e izglasan,,,nema dolgo da bide i kazni ke frchat,,,
Автоматски споено мислење:

,,,kako beshe onoa koga govoreshe od govornica,,,koj od kogo treba da se strami sega,,,
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom