- Член од
- 3 мај 2019
- Мислења
- 19.424
- Поени од реакции
- 10.351
Незнам каде гледаш слобода, каде гледаш љубов!?Па баш затоа што не може да се искорени, декриминализацијата и легализацијата се начинот на кој може да се елиминираат негативните аспекти од неа - присилувањето, трговијата со луѓе, ширењето на сексуално преносливи болести и слично. Ако државата го регулира социјалниот статус на тие луѓе, тогаш тие луѓе ќе имаат кому да се обратат доколку некој ги приморува на проституција, ќе може да има редовни здравствени контроли и слично.
Легализацијата може само да помогне во постоечките негативни појави поврзани со проституцијата.
Друг многу битен аспект е што нема апсолутно ниеден правен аргумент зошто би била незаконска. Не се повредува никој, не се прави штета, не се работи за измама. Нема ниеден правен аргумент за проституцијата да биде нелегална.
Автоматски споено мислење:
И ти и тие либералите не сте сфатиле две суштински работи.
Првата е дека слободата на човекот е неприкосновена, не зависи од ничие мислење, гадење, несогласување и слично. Ако тоа што го правиш не повредува никого, не предизвикува штета и не е предмет на измама, истото е човечко право и нема правна причина да биде забрането. Од овој аспект проституцијата нема основа да биде забранета или казнива. Змисли веган кој гледа како детето му јаде скара, зошто да не му ги скратиме маките и да го прогласиме јадењето месо за незаконско?
Втората суштинска работа е дека да сакаш некого значи да го прифатиш каков што е. Да се обидуваш да го смениш, да му забрануваш нешто или да го присилуваш на нешто значи дека ти на ја сакаш таа личност, туку идејата, сликата што ја имаш за него/неа. Љубовта е безусловна, условите значат дека тебе ти е битно како останатите ќе ја доживуваат таа личност и со тоа ќе ја асоцираат со тебе.
Суштинското за кое ти мислиш не е ни слобода, ниту љубов, туку пари, само пари...пари со кој на клиентот, муштеријата, како сакаш наречи го, му се дозволува да прави што сака, да се изживува, да моча врз една жена, да бара од неа што му се ќејфува во тој момент.
Суштинско е што живееме во свет во кој доминираат и владеат мажите.
Никој не го гледа и не го анализира профилот на еден барател на сексуални услуги, а и што би, тој нели е сигурно некој парајлија, некој мачо мен...а женското створење е курва, обична курва.
Легализирање не е никаква паметна работа, сосема обратно, пак ке се богатат сосема други(машки)криминални болни умови.
Незнам во која држава било, каде што е легализирана проституцијата, имало бордел во кој се плаќа карта и добиваш "Шведска маса", правиш што сакаш и со која сакаш....е една таква вечер сите проститутки завршиле на ургентна служба.
Пишувам од телефон, неможам повеќе....но СТОП ЗА ПРОСТИТУЦИЈА, ОБРАЗОВАНИЕ НА СЕКОЈА ЖЕНА ДА СИ ГО ЧУВА СВОЕТО ДОСТОИНСТВО А НЕ ДА ИЗИГРУВА КУЧКА НА СЕКОЈА НАДРКАНА БУДАЛА
Пари се заработуваат на поштен начин.