Основаност за категоризирање на проституцијата како нелегална

Дали сте за легализација на проституцијата?

  • Вкупно гласачи
    55
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.786
Поени од реакции
9.561
Па баш затоа што не може да се искорени, декриминализацијата и легализацијата се начинот на кој може да се елиминираат негативните аспекти од неа - присилувањето, трговијата со луѓе, ширењето на сексуално преносливи болести и слично. Ако државата го регулира социјалниот статус на тие луѓе, тогаш тие луѓе ќе имаат кому да се обратат доколку некој ги приморува на проституција, ќе може да има редовни здравствени контроли и слично.
Легализацијата може само да помогне во постоечките негативни појави поврзани со проституцијата.
Друг многу битен аспект е што нема апсолутно ниеден правен аргумент зошто би била незаконска. Не се повредува никој, не се прави штета, не се работи за измама. Нема ниеден правен аргумент за проституцијата да биде нелегална.
Автоматски споено мислење:

И ти и тие либералите не сте сфатиле две суштински работи.
Првата е дека слободата на човекот е неприкосновена, не зависи од ничие мислење, гадење, несогласување и слично. Ако тоа што го правиш не повредува никого, не предизвикува штета и не е предмет на измама, истото е човечко право и нема правна причина да биде забрането. Од овој аспект проституцијата нема основа да биде забранета или казнива. Змисли веган кој гледа како детето му јаде скара, зошто да не му ги скратиме маките и да го прогласиме јадењето месо за незаконско?

Втората суштинска работа е дека да сакаш некого значи да го прифатиш каков што е. Да се обидуваш да го смениш, да му забрануваш нешто или да го присилуваш на нешто значи дека ти на ја сакаш таа личност, туку идејата, сликата што ја имаш за него/неа. Љубовта е безусловна, условите значат дека тебе ти е битно како останатите ќе ја доживуваат таа личност и со тоа ќе ја асоцираат со тебе.
Незнам каде гледаш слобода, каде гледаш љубов!?
Суштинското за кое ти мислиш не е ни слобода, ниту љубов, туку пари, само пари...пари со кој на клиентот, муштеријата, како сакаш наречи го, му се дозволува да прави што сака, да се изживува, да моча врз една жена, да бара од неа што му се ќејфува во тој момент.
Суштинско е што живееме во свет во кој доминираат и владеат мажите.

Никој не го гледа и не го анализира профилот на еден барател на сексуални услуги, а и што би, тој нели е сигурно некој парајлија, некој мачо мен...а женското створење е курва, обична курва.
Легализирање не е никаква паметна работа, сосема обратно, пак ке се богатат сосема други(машки)криминални болни умови.

Незнам во која држава било, каде што е легализирана проституцијата, имало бордел во кој се плаќа карта и добиваш "Шведска маса", правиш што сакаш и со која сакаш....е една таква вечер сите проститутки завршиле на ургентна служба.
Пишувам од телефон, неможам повеќе....но СТОП ЗА ПРОСТИТУЦИЈА, ОБРАЗОВАНИЕ НА СЕКОЈА ЖЕНА ДА СИ ГО ЧУВА СВОЕТО ДОСТОИНСТВО А НЕ ДА ИЗИГРУВА КУЧКА НА СЕКОЈА НАДРКАНА БУДАЛА
Пари се заработуваат на поштен начин.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Види вака,има многу либерали се додека мечката не заигра во нивниот двор.За истава тема имам муабетено со таканаречени либерали.И разговорот трае се додека не ги прашаш дали би прифатил при либерализација на проституција жената или керката да им работаат како проститутки во некоја дупка во Тетовско?Тогаш либераливе пази богати збеснуваат и нивниот квазилиберализам исчезнува!Или замисли некој 12 годишен напален пубертетлија отвора Porn Tube и таму мајка му со 4 ца црнци како ја растураат со питоните?Шо мислиш нема да му се заеби психата?
Сето ова може да се случи ( и се случува) и сега кога проституцијата е нелегална. Нечии жени, ќерки, мајки се проституираат.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Незнам каде гледаш слобода, каде гледаш љубов!?
Суштинското за кое ти мислиш не е ни слобода, ниту љубов, туку пари, само пари...пари со кој на клиентот, муштеријата, како сакаш наречи го, му се дозволува да прави што сака, да се изживува, да моча врз една жена, да бара од неа што му се ќејфува во тој момент.
Суштинско е што живееме во свет во кој доминираат и владеат мажите.

Никој не го гледа и не го анализира профилот на еден барател на сексуални услуги, а и што би, тој нели е сигурно некој парајлија, некој мачо мен...а женското створење е курва, обична курва.
Легализирање не е никаква паметна работа, сосема обратно, пак ке се богатат сосема други(машки)криминални болни умови.

Незнам во која држава било, каде што е легализирана проституцијата, имало бордел во кој се плаќа карта и добиваш "Шведска маса", правиш што сакаш и со која сакаш....е една таква вечер сите проститутки завршиле на ургентна служба.
Пишувам од телефон, неможам повеќе....но СТОП ЗА ПРОСТИТУЦИЈА, ОБРАЗОВАНИЕ НА СЕКОЈА ЖЕНА ДА СИ ГО ЧУВА СВОЕТО ДОСТОИНСТВО А НЕ ДА ИЗИГРУВА КУЧКА НА СЕКОЈА НАДРКАНА БУДАЛА
Пари се заработуваат на поштен начин.
Слободата е токму тоа, можност некој да живее, работи и да се изразува на начин на кој тој решил, без разлика дали тоа некому ќе му се допаѓа или ќе му се гади од тоа.
Друга работа! Никаде не реков дека проституцијата треба да биде резервирана само за жени, тоа е твој заклучок и перцепција што си ги формирала пристрасно, под влијание на какви се не стереотипи и заблуди.

Проституцијата мора да биде легализирана што поскоро, бидејќи во спротивно остава можност и за други области да се применуваат необјективни методи како модел за законски решенија.
 
Во ред е душо, јас и ти сме два различити света...јас мислам дека не е добро да имаме тотална слобода, треба да имаме пишани правила и закони, треба дисциплина и ред, оти сведоци сме каде отиде се у неповрат, у разврат, криминал, насилство...човекот го изгуби човечкото во себе...
Кажи ми која држава што ја легализирала проституцијата, постигнала некој бенефит, некои подобри услови за "вработените"...баш ме занима како им е регулиран пензискиот стаж, има ли одредено до која возраст смеат да работат...
Кои смешки, пензионирани проститутка.....боже мој мили!!!
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397

Пош‘о чинот на проституирање е субјективен, каде во гревовна релација стапуваат 2 (и повеќе) субјекти, дај напиши ни и подучни не‘, која е таа „објективна метода„ која ќе биде модел за „законско решение„.

Само немој пак да киднеш...

Тоа што гревот ќе го легализираш, тоа не значи дека гревот ќе стане „нешто друго„, туку проституцијата останува она што отсекогаш била-блуд.

По твојот памет, ајде да ги легализираме сите гревови, ајде сите да се впуштиме во гревовно живеење, само затоа што некој малоумен решил да го легализира гревот па затоа ич да си немаме гајле, а не затоа што гревот е погубен.

П.С.
А што е тоа „слобода„?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.672
Поени од реакции
11.713
Знам, ќе ми кажеш само „Хепта ова е пак твоето ништо“ :)
Бидејќи не знаеш што да кажеш, заглавен таму во Византија... со големо жалење што не може да убивате јер религија > слободата и човекот!

Тоа што ти постојано се повикуваш на православието, учење за кое се е грев, дури и дете родено е грешно јер Адам и Ева - не значи дека се е грев. :)
Ако тебе ти е грев да водиш љубов и да платиш 50 евра, некому не е...
Што, црквата смета дека е грев? Кому му е гајле за тоа? Рековме нели дека религиозни има само на папир и на рекла-казала! Дали црквата и е гајле што јас сметам дека златото по олтарите и фреските треба да се претопи и да се искористи за нешто подобро, дека иконите и без злато ќе покажуваат пак во исти правец и без него?
Не и грижа, така? И нам исто... доста се повикуваш на авторитет кој само тебе ти значи нешто! Не сме сите православни, диши... не може секаде да го вметнуваш твоето верување како мерило за било што!
Ќе ме прашуваш сеа што е грев? Немој :) Ти си грев ќе ти кажам, што е и точно, бидејќи нели... христијанин!
Паричката постојано ја вртите накај вас и вашите цркви еј, дајте и на другите, не само да велите вие сте грешни, ние не!

Се треба да се легализира од овие маргинални дејанија во нашето општество! Дури и на твојата црква треба данок да се удри!
А не мафии и луѓе од кои стигнале до некој степен да управуваат со луѓе да владеат со нив како узурпатори и да си играат со човечки судбини заради огромната вредност на сето тоа бидејќи само заради една причина - тие се нелегални!
И да немате погрешни разбирања за работите од тоа што го знаете токму заради нелегализирање на истите!
Бидејќи знаеме што има по тетовско и Западна Македонија, па и Скопје а и на други места и како пејачките по клубовите не се само пејачки! Приморани да се продаваат... тоа е лошо! Многу лошо!

Дали со легализирањето на проституцијата ќе исчезне овој дел од синџирот на оваа професија? Тоа е вистинското прашање, а не да ми бладате грев било неморал било! Многу ни е грижа дали е морално или не за другиот!

Ако ви е неморално и грешно да се продавате за пари, не го правете тоа, ако не сакате да одите да бидете со некој таков само за пари и задоволство на телото - пак исто, не го правете тоа! Толку е лесно! И ако е легализирано, големи се шансите и така и да биде...
Дали ти е јасно зошто треба легализација на овие „грешни“ ствари? Не, а? :)

Не ти е јасно, нема ни да ти биде јасно! Ти гледаш само Христос и црквата... толку ти е чергата и толку ти е битно и право и закони и легализирање!
 
Или има слобода или нема. Слобода во која смееш нешто само доколку на другите не им е одвратно, не е слобода. Останува фактот дека луѓето што се бават со проституција не повредуваат никого, не принудуваат никого на ништо, не прават штета и не се измамници. Од правен аспект, нема ама баш ниедна причина да биде таа дејност илегална.
 
Последно уредено:
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.786
Поени од реакции
9.561
Знам, ќе ми кажеш само „Хепта ова е пак твоето ништо“ :)
Бидејќи не знаеш што да кажеш, заглавен таму во Византија... со големо жалење што не може да убивате јер религија > слободата и човекот!

Тоа што ти постојано се повикуваш на православието, учење за кое се е грев, дури и дете родено е грешно јер Адам и Ева - не значи дека се е грев. :)
Ако тебе ти е грев да водиш љубов и да платиш 50 евра, некому не е...
Што, црквата смета дека е грев? Кому му е гајле за тоа? Рековме нели дека религиозни има само на папир и на рекла-казала! Дали црквата и е гајле што јас сметам дека златото по олтарите и фреските треба да се претопи и да се искористи за нешто подобро, дека иконите и без злато ќе покажуваат пак во исти правец и без него?
Не и грижа, така? И нам исто... доста се повикуваш на авторитет кој само тебе ти значи нешто! Не сме сите православни, диши... не може секаде да го вметнуваш твоето верување како мерило за било што!
Ќе ме прашуваш сеа што е грев? Немој :) Ти си грев ќе ти кажам, што е и точно, бидејќи нели... христијанин!
Паричката постојано ја вртите накај вас и вашите цркви еј, дајте и на другите, не само да велите вие сте грешни, ние не!

Се треба да се легализира од овие маргинални дејанија во нашето општество! Дури и на твојата црква треба данок да се удри!
А не мафии и луѓе од кои стигнале до некој степен да управуваат со луѓе да владеат со нив како узурпатори и да си играат со човечки судбини заради огромната вредност на сето тоа бидејќи само заради една причина - тие се нелегални!
И да немате погрешни разбирања за работите од тоа што го знаете токму заради нелегализирање на истите!
Бидејќи знаеме што има по тетовско и Западна Македонија, па и Скопје а и на други места и како пејачките по клубовите не се само пејачки! Приморани да се продаваат... тоа е лошо! Многу лошо!

Дали со легализирањето на проституцијата ќе исчезне овој дел од синџирот на оваа професија? Тоа е вистинското прашање, а не да ми бладате грев било неморал било! Многу ни е грижа дали е морално или не за другиот!

Ако ви е неморално и грешно да се продавате за пари, не го правете тоа, ако не сакате да одите да бидете со некој таков само за пари и задоволство на телото - пак исто, не го правете тоа! Толку е лесно! И ако е легализирано, големи се шансите и така и да биде...
Дали ти е јасно зошто треба легализација на овие „грешни“ ствари? Не, а? :)

Не ти е јасно, нема ни да ти биде јасно! Ти гледаш само Христос и црквата... толку ти е чергата и толку ти е битно и право и закони и легализирање!
Јас ништо не те разбрав...Дај ми добра причина и посочи ми држава во која е легализирана проституцијата и со кој регулативи е тоа направено?
Автоматски споено мислење:

Или има слобода или нема. Слобода во која смееш нешто само дојолку на другите не им е одвратно, не е слобода. Останува фактот дека луѓето што се бават со проституција не повредуваат никого, не принудуваст никого на ништо, не прават штета и не се измамници. Од правен аспект, нема ама баш ниедна причина да биде таа дејност илегална.
Што е СЛОБОДА те праша Мики, а јас само ке кажам дека не постои слободен човек, сите сме зависни од системот, од храната, од воздухот....кој е газда на нашето тело кога ке почне да се разболува од разни болештини и вируси, умираме кога не сакаме...слобода нема исто како што нема ни слободна воља.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Пош‘о чинот на проституирање е субјективен, каде во гревовна релација стапуваат 2 (и повеќе) субјекти, дај напиши ни и подучни не‘, која е таа „објективна метода„ која ќе биде модел за „законско решение„.

Само немој пак да киднеш...

Тоа што гревот ќе го легализираш, тоа не значи дека гревот ќе стане „нешто друго„, туку проституцијата останува она што отсекогаш била-блуд.

По твојот памет, ајде да ги легализираме сите гревови, ајде сите да се впуштиме во гревовно живеење, само затоа што некој малоумен решил да го легализира гревот па затоа ич да си немаме гајле, а не затоа што гревот е погубен.

П.С.
А што е тоа „слобода„?
Објективната метода е утврдувањето дали со одредена дејност некому е нанесена материјална штета, дали некој е повреден, дали е принуден на нешто против негова волја и дали е измамен. Ова се критериумите според кои законите одредуваат дали нешто е легално или не. Проституцијата нема ништо од погоре споменатото. Во секуларно општество, гревови, мевови и слични тралалајки не се репер за легализација или криминализација за било што.

За болдот - Слобода е можност индивидуата да живее, верува, делува, работи и да се изразува како и е волја, дури и ако тоа некому е одвратно или смешно, се додека со тоа индивидуата не повреди, нанесе штета или не измами некого.
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.672
Поени од реакции
11.713
Со просто брзо пребарување (да википедија е) ова го најдов.
Мислам дека лесно може да најдеш каде што и како е легализирано или не се смета за нелегално!

И што е битно која држава? Што ние не можеме да бидеме први? :D

П.С. Читни го бладањето на тоа гревови и слични глупости пишувања и ќе го разбереш и мојот одговор, бидејќи се заборава на кои теми се пишува, само едно та исто вртење наоколу...
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.786
Поени од реакции
9.561
Со просто брзо пребарување (да википедија е) ова го најдов.
Мислам дека лесно може да најдеш каде што и како е легализирано или не се смета за нелегално!
Немам намера да читам, требаше со неколку збора да ми кажеш тоа што те прашав...ќе се повторам само упте еднаш а тоа е дека секаде каде што е лагална проституцијата, наилството и трговијата со луѓе, со деца е во пораст.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Објективната метода е утврдувањето дали со одредена дејност некому е нанесена материјална штета, дали некој е повреден, дали е принуден на нешто против негова волја и сали е измамен. Ова се критериумите според кои законите одредуваат дали нешто е легално или не. Проституцијата нема ништо од погоре споменатото. Во секуларно општество, гревови, мевови и слични тралалајки не се репер за легализација или криминализација за било што.
Ајде де...

Ај вака:
- субјектот одредува комплет мерила, со кои оформува одредена метода,
- субјектот вели дека таа метода е објективна,
- методата е објективна затоа што субјектот ја именувал методата како „објективна„.

...:tapp:...Велиш, циркулараната логика ја користеле некои други...

Да резимираме; субјектот креира субјективни методи.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.672
Поени од реакции
11.713
Немам намера да читам, требаше со неколку збора да ми кажеш тоа што те прашав...ќе се повторам само упте еднаш а тоа е дека секаде каде што е лагална проституцијата, наилството и трговијата со луѓе, со деца е во пораст.
Зошто ме праша всушност каде е легализирана и како...? Не сакала да чита...
Немам намера да ти реплицирам на глупостите што ги пишуваш без да провериш факти. Оди гледај филмови и гради ставови врз тие темели.

Секако кажа дека не разбираш што сум рекол во мојот пост, само бладања и да се реплицира било што...

Ох, доста ми е од темава и истите луѓе со кои „дебатирам“.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
За болдот - Слобода е можност индивидуата да живее, верува, делува, работи и да се изразува како и е волја, дури и ако тоа некому е одвратно или смешно, се додека со тоа индивидуата не повреди, нанесе штета или не измами некого.
Ај пак; што е слободата?

Која црна можност, кој бутур...

Што е слободата сама по себе? Каде се наоѓа? Од што е составена? Како се појавила? Од каде паднала? На која ливада никнала?...
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Што е СЛОБОДА те праша Мики, а јас само ке кажам дека не постои слободен човек, сите сме зависни од системот, од храната, од воздухот....кој е газда на нашето тело кога ке почне да се разболува од разни болештини и вируси, умираме кога не сакаме...слобода нема исто како што нема ни слободна воља.
Заборавате на кој подфорум сте. Не сме на подфорум филозофија.
Овде дискутираме што е што од правен аспект. Дали е истото опфатено во уставот, законите, човечките права и слободи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom