Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Никојат не сум бил фан на традиции, ниту пак сум ги следел слепо како што нели налага нашето воспитание. Еби тоа.
Пред некој ден на кафе со мајка ми и татко ми праевме лаик муабет како би сакале да им ги крстиме внуците здравје кога ќе ги имаат, и во едно се сложивме дека дефинитивно нема да ги крстиме по нив. Не дека заради традицијата толку да се подигаат бабите и дедовците, туку сакам ако имам ќерка некој ден да ја крстам по тебе.
И ќе ја крстам, и само јас ќе знам зошто се вика така. :) 10 септември 2009 год, врнеше истураше, уште можам да го осетам мирисот на таа влага.
 
Постојано размислувам за тоа која ти беше целта на сето тоа што го направи. Се каам што целосно ти се доверив и бев искрен кон тебе. Ти се доверив иако знаев дека ќе се случи ова. Ако ти ме заборави така лесно, зошто јас не можам да те заборавам тебе? И зошто очекувам дека случајно ќе те сретнам и ќе ни се сретнат погледите? Искрено и самиот не знам како ќе продолжам понатаму.
 
Нема поубава глетка од мојата моментално, мојата љубов спие на неколку метри од мене, јас читам книга и пијам кафе, на терасата од куќата е се цветно и зелено, морето е мирно и рамно, малата плажа е скоро празна, од некаде се слуша турска музика и мириса на маслиново масло и плодови од морето. Љубов ти си моето остварување на животот, мојата втора половина, ништо друго не ми треба во моментов. Те сакам!
 
Што да им кажам кога ќе ме прашаат што ми е? Зошто сум бил нерасположен, замислен и отсутно сум делувал. Само да ме погледнат во очите и се ќе им биде јасно. Каде и да се свртам насекаде те има. Дури често и во сон почнуваш да ме посетуваш. Те сонував изутринава. На твоето преубаво снежно бело лице се тркалаа солзи. Ги видов и тие преубави насолзени очиња кои бледо ме гледаа. Со помош на костенливата косичка се обидуваше да го покриеш лицето и да ги сокриеш солзите за јас да не ги видам. Ми се замрзна крвта кога видов дека плачеш и во тој момент се разбудив. Се би дал да знам како се чувствуваш и како си. Ама никогаш нема да го дознаам тоа.
 
Јас и ти, овде, под небово, над морево, во прегратките твои, во желбите мои, да живееме целиот остаток од животот... Еден ден, го сакам тоа кога ќе ми речеш еден ден <3
 
Те гледам додека спиеш, денешниот ден беше она што за секоја жена би значело остварување на соништата, денешниот ден беше вистинска љубовна приказна. Сите оние мигови кои ми ги приредуваш од ден во ден денес кулминираа, денес покажа дека си посветен на ова чудо што го градиме заедно. Денес повторно се сетив на оној убав мај кога се запознавме, на оние 40мин додека чекавме заглавени, на разговорот, на кафето следниот ден, на секој миг од тој ден па наваму. Те сакам љубов моја, ти си мојата најголема радост откако останав сама, ти си се што ми треба. И да, кога ќе дојде ден ќе попуштам и ќе ме направиш своја сопруга, нечујно одговарам на премолченото прашање, знам што ти се врти во главата додека шетаме низ онаа чаршија и ги гледаш убавите прстени, не се плашам од тоа, се плашам од себе, да не уништам повторно се што сакам.
 
Ако времето лечи се, зошто станува уште полошо? Со секој изминат ден јас се чувствувам многу полошо од претходниот ден. Се чувствувам празно и тажно и станувам нервозен поради сето тоа. Сакам да го вратам времето. Времето кога со насмевка на лицето заспивав и се будев. Често од навика кога ќе станам проверувам дали има порака од тебе, порака за убав ден која правеше да се чувствувам сакано. За жал одамна не добив таква порака од тебе. Сакам да заврши оваа голгота и да се разбудам од овој кошмар. Биди повторно мојата малечка ѕвездичка и осветли ми го ова мрачно небо на кое се наоѓаат само сиви облаци. Не можам да го замислам животот без тебе. Те молам појави се од некаде.
 
Нема засекогаш да бидам тука за да можеш да ме побараш. Мислам дека го знаеш тоа , ама не ти е грижа за тоа во моментот. Не сакам засекогаш да те нема за мене и да ми недостасуваш на ваков начин. Можеби некогаш и јас ќе ти недостасувам вака, ама мене за жал ќе ме нема за да ме побараш да бидам покрај тебе. И сето тоа поради фактот дека никој не умее вака совршено да не постои како мене.
 
Оваа моја среќа денес, е твоја, знаеш?! Денес сум среќна благодарение на сите тие денови благосостојба со тебе љубов! Ти благодарам што се понуди да помогнеш, ќе биде интересно да те видам како помагаш со сите тие машни, цвеќиња и тулови.
 
Ти благодарам за синоќа љубов, ми требаше она чувство кое ми го подари, ми требаше да бидеш покрај мене и да ми подаваш ножици, хартија, жица, вода, да ме бакнеш одпозади додека работам и да ми речеш тука сум! Понеделник едвај чекам да дојде, да се разбудиме заедно и да го почнеме новото патување. Ти благодарам што се откажа од својата комоција за мојата, ти благодарам за се!
 
Многу ме нервираш и лутиш на моменти. Но те сакам како никој друг досега
 
Време е да се заврши нашата приказна, доста е, колку и да неќам морам, помина долго време, ќе остани во сеќавање засекогаш. Збогум
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom