Зависи што подразбираш под „лик„.
Во мојата вероисповест, поимот „лик„ не е исто што и „лице„, туку „лик„ подразбира две нешта; (раз)ум и слободна волја.
Така, створени сме според ликот/образот Божји, а треба да се стремиме кон подобието Божјо. Подобието ја означува нашата должност за чинење добри дела.
Така, ако сумираш, ќе увидиш дека личното делување согласно волјата Божја, не‘ чини Боголики, а спротивното од наведеното, не‘ чини демонолики. Токму тоа приклонување кон доброто (волјата Божја) или кон злото (волјата демонска), го има за последица дури и нашиот физички изглед а не само начините на делување.