Загадувањето е во градовите. На село нема никаков проблем со горење дрво и греење на дрво. Во главен град е крајно ретардирано, моронско и умоболно да гориш дрва за греење кога има многу понезагадувачки решенија.
Не е баш така едноставно. Ти гледаш за градовите, јас гледам во глобала. За да се грее Битола на струја треба да се зголеми производството на електрична енергија. РЕК Битола треба да троши повеќе јаглен и пак му доаѓа исто. Кога ќе мора да го зголеми производството и за Скопје, Битола ќе биде позагадена отколку што е сега. Значи дека не е тоа решението. Всушност целосно решение нема. Одамна се испуштени конците. Уште во времето на СФРЈ. Ги принудија луѓето од селата да мигрираат во градовите, потоа ги принудија од помалите градови да мигрираат во поголемите. Во поново време на сите зелени површини се изградија згради. Се уништува зеленилото, истовремено се зголемувга потребата за греење. Затоа Скопје е толку загадено.
Можеби наместо субвенции за клима уреди треба да се даваат субвенции за енергетски фасади. Тоа е единствено што може барем малку да ја ублажи загаденоста. Инаку во Скопје ќе ја ублажи, но на друго место ќе ја зголеми.
Мислам дека автомобилите се многу поголеми загадувачи од греењето. Премногу автомобили има во Скопје, а улиците не се проектирани за таков сообраќај. Постојано застанување на семафори, возење во колона. Огромно загадување од издувните гасови.