Фан клуб - РК Вардар

ако не тргне колата низ брдо,не би требало да имаме потешкотии.Ради тоа што тренерот им бил дрво,како што кажуваат стручњаци!)))20190907_123009.jpg
 
Какви комити сте бе од Мотор се плашите има да ги згазиме

Sent from my SLA-L22 using Tapatalk
Никој не се плаши. Но, тие се сериозна екипа. Играат на домашен терен. Ние не сме во цел состав, не сме во форма, плус колку сериозно гледаме кон СЕХА, за нас ова не се толку озбилни натпревари, со умот сме кон ЛШ.

Кога ќе собереше се ова, не е тешко да изводливо да изгубиме. Иако сме поквалитетни. Ќе видиме. Секој случај, прав натпревар пред ЛШ.
 
Очекувам многу тежок натпревар денеска во Запорожје и сум прилично сигурен дека ќе се вратиме со пораз. Ние сме сеуште далеку од посекуваната форма, а во исто време ни фалат и премногу играчи. Украинците се мошне сериозна екипа, Жуков, Донцов, Денисов, Дорошчук, Киреев, Кус итн. се навистина квалитетни имиња. Претпоставувам дека Писонеро нема баш да ги отвори сите карти денеска и дека нема да го покажеме целосниот потенцијал, во пресрет на гостувањето во Монпелје нареден викенд. Сигурно Кизиќ, Карапалевски и Кукуловски ќе видат некаква минутажа.
Ако Карапалевски и Кукуловски играат у ЛШ,коментаторите јазик ќе искршат дур им го изговорат презимето!
 
Заебано изгледаше повредава на Дисингер.

Инаку добро изгледа овој Кугис, дефинитивно ќе биде прв голман.
 
Ептен стаклен е Дисингер, не ни го превитка зглобот, друг играч не би ни осетил такво нешто.

Збор-два за тимот:

Кугис делува дека ќе е копија на Милосављев, само треба да се работи уште со него.

Чупиќ премногу се опуштил изгледа после титулата, изгледа како ракометар кој се враќа од пензија после две-три години.

И се разбира како и што претпоставивме, играчот што најмногу фали е Карачиќ. Друго горе-долу е исто како и минатата сезона.
 
Кугис ветува доста.. Брани зицери тоа доста ми се свиѓа, и ме потсеќа на Милосављев. Има некои шутеви од 9 м кои не треба да ги прима, ама се надевам дека коа највише ќе треба ќе биде ѕвер. Ќе видиме каква ќе биде ситуацијата со Диско, не сакам ни да помислам дека ќе останеме со ваков Горбок. Ако е така ни се еба мамата.
 
Овој тренеров ни да викне, ни некој притисок да напраи, ау..
 
ај бе не умарајте, утакмицава не им е ни сфатена здраво за готово, Писонеро не урлал. Возрасни мажи се, двократни шампиони некои од нив, ако им треба урлање за да сфатат што се прави, најдобро уште од сега да се откажеме.
 
Не ми е јасно како не сфати дека со ваква одбрана нонстоп Мотор прави вишок и зицер ситуација. Не може Криштопанс да покрива 5 метри лево и десно сам, ептен голема грешка е ова.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom