Прашање до познавачите на Гри, поврзано со електричната инсталација до уредите.
Лани монтирани Хансол и Амбер, двете 3.5ки, од иста екипа, поврзани од штекер прво во внатрешна единица, па потоа во надворешна заедно со цевките и цревото кои водат низ зид.
Пред некој ден, монтиран уште еден Амбер, но оваа екипа го поврза обратно, од штекер прво во надворшна па потоа во внатрешна единица, притоа нагласуваќи дека така е правилно инаку надворешната единица не добивала доволно енергија и не се искористувал целиот потенцијал.
Првата екипа остав!!!
Нема врска со потенцијалот-капацитетот врзувањето туку со нешто друго.
Надворешната прво треба да добие напон зашто тоа е таа единица што ги има сите заштити и од превисок напон и све што треба а не внатрешната.
Ако штекерот е внатре кај внатрешната, треба од тука да пушти кабел до надворешната, и од надворешната да врати иста должина кабел до внатрешната ама само за комуникација.
Или у метри пресметано ако должина на бакар е 3м, од штекерот кој е внатре кај внатрешната треба да пушти вкупно 6м струен кабел, 3м до надворешната, и поврат назад до внатрешна уште 3м ..а вака кај тебе место 6м пуштиле само 3м и заштедиле 50ден.
Ова што го прават, е заштеда на повратниот кабел од надворешна до внатрешна, кој некошта ни 100ден. затоа остав.
Пиши ми која екипа е првата...можеш и на ПП.. .црвен картон одма за нив.
Оваа манипулација сите монтери ја прават, дури и кај мене ја имав и после пар преписки и закани фино лепо си дојдоа да ја преправат