Крф

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.150
Поени од реакции
25.290
Да не знае некој како се вика плажава?

67466835_2520199791332012_6996140728887803904_n.jpg
 
Член од
3 март 2010
Мислења
656
Поени од реакции
444
мораитика какво е, дали има ноќен живот по малце, млади, дали е убава плажата, оти гледам ептен плитка делува
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.319
Поени од реакции
11.701
мораитика какво е, дали има ноќен живот по малце, млади, дали е убава плажата, оти гледам ептен плитка делува
Не знам плажата ама за ноќен живот мислам дека е тапа.
Ќе си одиш во Кавос или Ипсос
 
Член од
24 ноември 2013
Мислења
216
Поени од реакции
269
Треба да одам до Грција викендов, ама пасошот ми важи до 4 Ноември. Може ли да ме вратат?
 
Член од
26 август 2019
Мислења
351
Поени од реакции
763
Треба да одам до Грција викендов, ама пасошот ми важи до 4 Ноември. Може ли да ме вратат?
3м пред истек на пасошот не можете да влезете во земји на ЕУ. Е сеа може и да ви се посреќи ама може и не. 2 пати влегов во Бугарија, 2 пати во Грција и вториот пат на одење накај Албанија ме вратија од Грчка граница бидејќи имам 1м до истек на пасош. Јбг!
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.665
Поени од реакции
14.539
Super izgleda, nema sto. Barem na slikava kaj nea...
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.315
Поени од реакции
18.398
Дали некој што бил со свое возило памти колку пари е траектот до Крв?
 
Член од
26 август 2019
Мислења
351
Поени од реакции
763
Дали некој што бил со свое возило памти колку пари е траектот до Крв?
Ако не се лажам беше комплет за сите околу 70е. Нешто така ми има останато во сеќавање, карта за кола, за нас. Дали има поврзаност типот на возилото и габаритот не знам, ние бевме со големо возило.
 
Член од
16 јули 2017
Мислења
108
Поени од реакции
169
Некој што бил Крф скоро? Како е протоколот на плажите?
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.665
Поени од реакции
14.539
Eдно мое видување на Крф.

По Лефкада (2016, 2017) и Кефалонија (2017), време е да се посети уште еден јонски остров - Крф. Малку подолга пауза, но што е - тоа е.
Одлуката да се замине на Крф падна во 2019 година, но поради мал број денови за одмор од работа, таа година бевме на Тасос, а минатата година (2020) дури и имав резервација за Крф од февруари, но јнекаде во април бев принуден да го откажам сместувањето бидејќи Грците ги затворија границите поради короната. Тоа лето бевме „локално“, односно Охрид.

Минатата година расчепкав отприлика каде, што, кога и како на Крф, па оваа година остана само да се соберат пари, да се резервира сместување и траект. И одиме :)
____________________________________________________________________________________________________________________________________________

Документи

Што се однесува до потребните документи, ова е комплетната листа на се што ни требаше:

- Зелена карта
- Автомобилска асистенција (зедов Vozzi, пакет EU1, цена 2500 денари)
- Меѓународна возачка дозвола
- Патничко осигурување
- PLF формулари за влез во Грција
- Негативен тест за корона (направивме брз антиген со валидност од 48 часа, цена 1000 по лице)
- Билети за траект (испечатено што ми испратија по имејл, генералии и два QR кодови. Едниот код го скенираа при поаѓањете, другиот при враќањете)
- Pre-boarding health declaration (ова е потребно за траектот и при поаѓање и при враќање, што значи 4 копии, 2 по лице)
- Self-test од аптека (максималната валидност на тестот е 24 часа. Цената е 7 евра (од плунка))
- Self- test declaration (ова е поврзано со self-тестот, беше потребно за траектот при враќање, но не го ни побараа
____________________________________________________________________________________________________________________________________________

Патарини:

Вкупниот износ на патарини натаму - наваму е 22 евра.

Evzoni – 1.80
Malgara – 1.20
Polymylos – 1.40
Siatista – 1.50
Malakasi – 1.40
Pamvotida – 1.20
Tyria – 2.10
____________________________________________________________________________________________________________________________________________

Гориво, километри, граници и џепарац:

Прилично брзо ги поминавме границите. На одењето, бевме на ГП Богородица / Евзона околу 02:00 часот и бевме први на двата шалтери, а кога се вративме околу 17:00 часот имаше 5-6 автомобили пред нас, исто така на двата шалтери.
Поминавме вкупно 1500 километри. Од Штип до Игуменица е точно 477 километри (преку Струмица - Богданци). Извозено околу 550 километри на островот.

Што се однесува до горивото, потрошени 118 евра:

Макпетрол (53.3L) - 52 €
Shell (32,9L) - 50 €
Макпетрол (16L) - 16 €

Моја лична перцепција е дека нема разлика во горивата. Ова го кажувам како искуство од овој одмор, како и секој претходен пат кога одам во Грција и ставам строго Shell V-Power Diesel.
____________________________________________________________________________________________________________________________________________

Траект:

Резервирав траект преку Интернет од Kerkyra Lines. Тргнавме од Игуменица во 09:00 часот по локално време, со траектот Ano Hora II. Се вративме од Крф со истиот брод, 12:00 часот по локално време.
Цената беше 64 евра, повратни билети за двајца и автомобил.
____________________________________________________________________________________________________________________________________________

Сместување:

Следев сместување можеби месец и половина, директно контактирајќи со газдите на Viber, преку имејл, Booking, Airbnb…
Јас дури и не знаев точно каде сакам да одам, гледав сместувања во Moraitika, Benitses, Perama, Gouvia, Dassia, Ipsos, па се до Barbati.
И можеби една недела пред поаѓање, се појави интересно студио во Gouvia - Gouvia House Luxury Apartments.


Газдата се вика Stavros Lamprousis и му помагаат две ќерки. Фактички, на ист плац има две куќи: ова сместување и Ekaterini Apartments во сопственост на неговиот брат. Гледајќи слики на Гугл, пред некоја година веројатно и двете куќи биле една целина (обоени во иста боја), но сега се поделени. Кога одев до плажите и назад, забележав дека газдата се дружеше со брат му и снаата, па веројатно се поделиле поради X причини

Што би рекол за сместувањето... хмм. Нашето студио беше на најгорниот кат. Ова е прво сместување во кое имав три (3) тераси. Една ОГРОММА, една пред влезната врата и една странична. На огромната тераса имаше чадор и 2 лежалки за да се сончаш преку ден или навечер за да се излежаваш на терасата. Студиото се состои од две соби. Една дневна соба (со два единечни кревети), во комбинација со добро опремена кујна, шпорет и голем фрижидер. Другата соба беше спална соба со брачен кревет што излегуваше на големата тераса. Купатилото беше доста добро и пространо.

Генерално, би дал рејтинг од 8,5/10. Еден недостаток е што нема клима во дневната соба, а таму има два кревети. Не знам кој би се осмелил да спие таму затоа што прилично стануваше жешко и спарно, а климатата од спалната соба не постасуваше баш да разлади цел смештак. Претежно бевме принудени да ја затвориме вратата помеѓу спалната и дневната соба.
Друг недостаток - нема базен :)

Цената што ја плативме е 440 евра, за двајца. 8 ноќевања (04.08.2021 - 12.08.2021). Пред да заминам, уплатив аванс од 100 евра преку Western Union.
____________________________________________________________________________________________________________________________________________

Itinerary:

Овака некако изгледа одморот по денов, запишував (може и предетално) каде бевме и што посетивме.

04.08
– Check in
– Lidl
– Germanos
– Corfu

05.08
– Yaliskari Beach
– Glyfada Beach
– Ipsos
– Papagalos Gyros

06.08
– Marathias Beach (Wave Beach Bar)
– Issos Beach
– Gouvia

07.08
– Golden Fox (Lakones)
– Bakalokafenio Michalas Kostas (Lakones)
– Paleokastritsa Monastery
– Rovinia Beach
– Vlacherna Monastery
– Royal Boutique Cafe

08.08
– Asian Museum
– Kanoni
– Agios Gordios Beach

09.08
– Agios Spyridon црква
– Margherita Pizza Artigianale
– Emeral Bakery

10.08
– Kassiopi
– Sidari Beach
– Loggas Beach

11.08
– Agios Georgios Pagon Beach
– Malibu Summer Beach Club (Dassia)

12.08
– Check out
____________________________________________________________________________________________________________________________________________

Одиме со впечатоци, слики и видеа, ден по ден.

04.08

– Check in
– Lidl
– Germanos
– Corfu

Стигнавме во 10:30 часот на островот, а веќе во 11:00 часот бевме во сместувањето. Бидејќи патувавме ноќе и не бевме одморени, сме заспале и станавме околу 18:00 часот. Бидејќи веќе беше малку доцна за плажа, решивме да пазаруваме во Лидл и да отидеме до Германос да купам припејд СИМ - Cosmote WhatsUp со неограничен интернет за 30 дена.
Во Лидл мислам дека потрошивме околу 40 евра, а СИМ картичката чинеше 20 евра (12 евра за интернет пакетот + 8 евра за СИМ картичката).
Вечерта отидовме во градот, прошетавме низ центарот, уличките...




Видеа:


05.08
– Yaliskari Beach
– Glyfada Beach
– Ipsos
– Papagalos Gyros

Денот почна на плажата Yaliskari, онаа кај Pelekas. Но немаше место на песочниот дел, па останавме малку и отидовме до Глифада, од десната страна на плажата. Прилично искомерцијализирана плажа, нешто како Катизма на Лефкада. Лично, добро си поминав.
По враќањето во сместувањето и кратка пауза, продолживме со кратка прошетка до Ипсос и пробавме гиро во Papagalos. Скапи цени, ОГРОМНО мени, како и бавна услуга. Забележав дека Ипсос беше полн со млади Италијанци, не знам дали станал италијанскиот Кавос.
Кога сме веќе кај Кавос, не го посетивме затоа што мислам дека сега нема поента додека трае короната.

Yaliskari:



Glyfada:



Ipsos:


Видео од Glyfada:

06.08

– Marathias Beach (Wave Beach Bar)
– Issos Beach
– Gouvia

Се мислев која плажа да изберам, Gardenos или Marathias. Сепак, одлуката падна на втората, поточно на Wave Beach Bar.
Дуваше ветер прилично силно, така што пропадна опцијата да си ставиш свој чадор. Поминавме одлично, плажата можеби за мене е во топ 3 плажи на Крф.
Попладне продолживме на плажата Issos, а навечер, малку уморни од борењето со брановите и од сонцето, прошетавме околу пристаништетот во Гувија и ги разгледувавме мноштвото меѓународни јахти.

Marathias (Wave Beach Bar)




Issos



Видео од плажата Marathies:

Видео од плажата Issos:

07.08

– Golden Fox (Lakones)
– Bakalokafenio Michalas Kostas (Lakones)
– Paleokastritsa Monastery
– Rovinia Beach
– Vlacherna Monastery
– Royal Boutique Cafe

Го поминавме денот во регионот околу Палеокастрица, се искачивме до селото Lakones, се спуштивме до манастирот во Палеокастрица и продолживме кон плажата Ровинија. Водата беше премногу студена, не знам зошто.
Вечерта ја завршивме во Kanoni, предградието на главниот град, го посетивме тамошниот манастир Vlacherna и завршивме на пијачка во и сладолед во Royal Boutique Cafe.

Golden Fox:




Paleokastritsa Monastery


Плажата Liapades сликана при пешачењето кон плажата Rovinia


Поглед кон кафулињата над аеродромот во Крф


Црквата Vlacherna


Royal Boutique Cafe



Видео со поглед од Golden Fox:

Слетување и полетување на авиони од аеродромот:

08.08

– Asian Museum
– Kanoni
– Agios Gordios Beach

Утрото го посветивме да го видиме градот Крф денски.
Попладне, како и зајдисонце, дочекавме на плажата Agios Gordios.

Крф







Agios Gordios




Денско слетување:

Agios Gordios:

Зајдисонце:

09.08

– Agios Spyridon crkva
– Margherita Pizza Artigianale
– Emeral Bakery

Ден без плажа, бевме малку преморени и исончани. Околу 19:30 часот ја дочекавме литургијата во црквата Свети Спиридон, потоа отидовме на пица, повторно прошетавме низ градот и го завршивме денот со прекрасни колачи во слаткарата Emeral, која не е во градот Крф, туку на патот Гувија - Палеокастрица.

Црквата Свети Спиридон


Пица маргарита од пицеријата Margherita Pizza Artigianale


10.08

– Kassiopi
– Sidari Beach
– Loggas Beach

Сакавме да го поминеме претпладнето на плажата Mpataria кај Касиопи, но беше премногу гужва. Застанавме малку и продолживме кон Сидари, на големата плажа, поточно во Argilos Beach Bar. Беше премногу жешко пешки да одиме по каналите, па се искачивме само до најдесниот (Small D’Amour Canal).
Сакавме да го дочекаме зајдисонцето во 7-th Heaven Cafe во близина на Перуладес, но само се сликавме над плажата Loggas и продолживме кон сместувањето.

Sidari


Loggas



Видео од Sidari:

/продолжува, да помине времето бидејќи ги спојува пораките.
 
Последно уредено:

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.665
Поени од реакции
14.539
11.08

– Agios Georgios Pagon Beach
– Malibu Summer Beach Club (Dassia)

Претпладнето го поминавме на плажата Agios Georgios Pagon. Топло ви препорачувам ако одите од главниот град да возите до Sidari, а потоа да свртите кон Agios Georgios Pagon. Оние патишта што се нудат на навигациите се МИЗЕРИЈА. Паника ме фати кај заглавив, а сум возел по секакви беспаќа.
Попладне се вративме во Malibu Summer Beach Club во Дасија. Скапо место мора да се признае, 12 евра за сет од 2 лежалки и чадор, а ниту пијалоците/храната не се евтини.

Agios Georgios Pagon



Malibu Summer Beach Club (Dassia)





Видео од Dassia:

12.08

Се спакувавме и тргнавме да го фатиме траектот во 12:00. По Egnatia Odos имаше поприлично гужва, најмногу на патарините. Во Штип стигнав некаде околу 18:00, со пауза-две.
___________________________________________________________________________________________________________________________________________________

Традиционално, на секој одмор гледам да правам панорамски фотки (360 степени).

Glyfada Beach:

Marathias Beach:

Issos Beach:

Agios Gordios Beach:

Sidari Beach:

Dassia Beach:
____________________________________________________________________________________________________________________________________________

Ако морам да ги рангирам плажите кои ги посетив, овака нешто би било:

– Marathias Beach
– Sidari Beach
– Glyfada Beach
– Issos Beach
– Rovinia Beach
– Agios Georgios Pagon Beach
– Agios Gordios Beach
– Malibu Summer Beach Club (Dassia)
– Yaliskari Beach
____________________________________________________________________________________________________________________________________________
Од позитивните страни, би сакал да го издвојам градот Крф, кој е прекрасен и има што да се види, како и самата урбаност на островот. Можам комотно да работам и да живеам таму.
Од негативните страни, би ја нагласил катастрофалната патна мрежа, барем за репутацијата што ја има островот Крф како урбан остров. Не очекував вакво мачење до плажите.
Ги имам поминато скоро сите плажи на Лефкада, Кефалонија, Ситонија, Тасос, Халкидики далеку побрзо и полесно…
Исто така, ми фалеше типичното јонско сино, она што Кефалонија има да го понуди, а Лефкада го има во изобилство. Мислам дека Кефалонија исто така има и подобар избор на плажи, има сешто за секого. Не дека отидов на Крф неподготвен, знаев што ме чека и соодветно на тоа имав лични очекувања.
Крајно - убаво си поминавме, се одморивме и ги наполнивме „батериите“.

Драги Крф, ти давам 3,5/5.
Можеби ќе се видиме некогаш повторно, само за да повториме нешто и да надоместиме она што сме пропуштиле.
За лето 2022 година, моја лична желба е Крит (прво западен/јужен, источниот е посебен одмор). Можеби и Закинтос, за да ги поминам сите големи острови во јонскиот дел на Грција.
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.150
Поени од реакции
25.290
@STEALTH скоро се си прошол. Јас само ќе ти предложев три работи.
La Grotta Beach Bar - за добра журка, коктели и скокалница.
Крстарењето со бродче околу островите Paxos и Antipaxos.
Аква Паркот - зависи од луѓето, во зависност дали сте авантуристи или не. Далеку поголем од Water Land кај Солун.

Глеам си бил на Beach Bar-от од Оксана хахха.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom