Ок. Ајде да почнеме по некој ред. Мада ова ќе биде мноооооооогу долго и мнооооооогу макотрпно. Прво за генерализациите. Не си прв што ми префрлил за ова, а нити пак јас сум рекол дека не го правам тоа. Да, точно, генерализирам. Имав еднаш и тема отворено за тоа, ама еве сега и тука. За разлика од природните науки, во општествените не постои друг начин ако сакаш да дојдеш до одредени заклучоци. Иначе ако не да се затворат 90% од темиве на форумов и да не ги дискутираме. Еве како би изгледало тоа.
-Зошто сте сами? Се е индивидуално и зависи од случај до случај.
-Зошто Македонците не фаќаат Албанки за девојки? Се е индивидуално и зависи од случај до случај
-Од кои причини Македонците ретко одат на егзотични патувања во далечни земји? Се е индивидуално и зависи од случај до случај
-Дали е паметно да се ожените со некоја што ја знаете три дена? Се е индивидуално и зависи од случај до случај.
-Злоупотребата на човековите права во Северна Кореа. Се е индивидуално и зависи од случај до случај.
-Се заработува ли од коцка за живот? Се е индивидуално и зависи од случај до случај.
-Во врска со љубовта сакам да ти кажам. Се е индивидуално и зависи од случај до случај.
-Како да се справиме со депресијата? Се е индивидуално и зависи од случај до случај.
Да пишеме ако не дека се е индивидуално и зависи од случај до случај и да ги затвориме темиве. Точно е дека секој човек е индивидуа и прича за себе, но тоа не значи дека људското однесување не формира одредени патерни, стилови, трендови, дека не може да се врши категоризација или обопштување по разни основи: полова, расна, религиска, културолошка, менталитетна, субкултуролошка, избор на професија и деформациите што си идат со тоа (после ќе се навратам на ова, а личен пример ќе ми бидеш ти). Од сето тоа произлегуваат и самите генерализации што во основа more often than not се точни. Докторите (како лекар а не како PhD) имаат лош ракопис, Јапонците се вредни и работливи луѓе, металци сакаат да носат црно... Генерализациите во основа се алатка која (барем на мене ми) помага во животни ситуации, особено кога имаш малку информации на располагање. Така на пример јас не би се шетал со развеано македонско знаме и дрес на Цветан Димов (улица во Чаир со мнозинство од браќава за оние што не се од Скопје или не се запознаени со градот). Би избрал некоја неутралана облека без национални и религиски обележја како ланче со крст или слично ако веќе сум таму. Дали тоа значи дека сигурно нешто ќе ми се деси ако се шетам со обележја? Не. Дали па од друга страна ако сум неутрално облечен сигурно нема да ми се деси ништо? Пак не. Генерализациите помагаат се додека си свесен дека не важат за апсолутно 100% од случаевите. Ако дадеш простор за исклучоци и научиш како да ги препознаеш и да се однесуваш соодветно на истите, тогаш генерализациите работат во твоја полза. Ако мислиш дека се апликабилни за 100% од случаевите, тогаш си глуп. Ако мислиш пак дека не треба да се генерализира и се зависи од случај до случај може да ти се деси ова:
news.bbc.co.uk
en.wikipedia.org
Е сега, ако бот мисли дека во моите пишувања јас мислам на 100% од случаеви сериозно ме потценил и е да ми прости глуп, или барем поглуп од тоа што се курчи (струмички синдром, еве ти уште една генерализација) и не ради тоа што сум јас во прашање или ме удрил на его или ме навредил (ништо од тоа не направил бај д веј, сосем коректно пиша јас и поагресивно сум пишувал). Можеше да бидеш во прашање ти, Трајко, Станко.
Зборот ми е, цели студии, сцоиологии, книги се правени врз база на генерализација. И е функционална. Малку подолго се задржав на ова, не само ради тебе, него сакам во иднина ако се отвори со некој друг пак ова прашање дека генерализирам, само да му дадам линк од постов наместо пак да се објаснувам зошто генерализирам и зошто сметам дека е исправно пак ќе кажам се додека си свесен за исклучоците и дека ништо не е апсолтно во баш сите случаеви.
А сега за филозофирањето, сувопарните методи и другите работи.
Јас мислев дека тогаш со нацистите го разрешивме тоа, пошто ти пиша дека нема што да додадеш, ама очигледно не било така. Затоа одиме уште еднаш на долго и на широко, ама ова стварно ќе биде последен пат. Не заради его трип или било што друго, туку затоа што едноставно не можам повеќе, моите комуникациски капацитети се ограничени и можностите ми се толкави, не можам повеќе од ова.
Глеј овој проблем дека комуницирам со робот го имам само со тебе. Сум имал проблеми во комуникација со луѓе затоа што сум мислел дека не ме разбираат што сакам да кажам, дека ме тролаат, дека на сила тераат инат, дека се глупи, дека се недоволно информирани, дека јас не сум се изразил како што треба, дека зборуваме за тотално различни нешта и слично. Ама дека комуницирам со пандан на вулканец или поручникот Дата, тоа само со тебе.
Да поченеме со филозофирањето. Абе не ти текна дека и јас го тупам и немам еден пост во 3 реченици пишано? (имам, ова е хиперболизација). Како не ми врати дека и јас филозофирам ако не и повеќе од тебе, ете тоа ме чуди може и најмногу од се? Нели е глупо да те обвинувам за нешто што и самиот го правам? Проблемот не настанува поради твоето опширно образложение или дека не се согласуваш со мене (и бот не се согласува со мене па со него го немам овој проблем). Јас не ти викам дека го тупиш и филозофираш поради тоа. Јас ти викам дека го тупиш поради работи како онаа дека сум го употребувал зборот фашизам во неточна буквална смисла, или дека од гледна точка на другата страна тоа изгледало другачие, или што точно означувал зборот аргумент. Замисли пола форум го викаше Грујо фашист, што мислиш како ќе реагираат ако на сите им реплицираш дека погрешно го користат зборот фашист? Во реален живот ако јас разговарам на тема инцест со Авганистанец и му објаснам што генетски произлегува од тоа, и ако аргументот на тој Авганистанец е дека од негова културолошка гледна точка тоа е традиција и исправно, мојот одговор на тоа ќе биде од прилка ова-Ок добро чим е така, да знам да не ме фаќа жал кога Американците ве рамнат со земја. И тука завршува дискусијата, нема понатаму да дискутирам. Ако напишам дека сум се начукал како стока и некој ми пише дека стоката не пие алкохол, па според тоа споредбата ми е лоџикал фаласи, јас не можам после тоа да продолжам со цивилизирана дискусија. Ете тоа ти го правиш. А ако го правиш тоа во комуникација ондак заклучоците се неколку и ти ги кажав на темата со нацистите:
1. Робот
2. Вонземско створење кое комуницира со тебе некако а има одлики на Вулканец
3. Глуп човек
4. Трол
5. Педер
Е сега, ти викаш не си ниедно од овие. Тогаш останува уште една последна опција, оти не може да е нешто седмо, мада мислам дека овој пат мојата претпоставка ќе биде точна. Ти си педер (нагалено) скиентолог. Да, тој збор има друго значење но ако не постоеше Рон Хабард скиентологија би бил одличен термин за некој со опсесивна и култна посветеност кон науката. Од зборот science, произлегува скиентолог. Некој фаталист кој денот го започува со ваква молитва над сликата на Карл Саган:
Сагане наш кој си во мултиверзумот,
Да се галванизира името твое,
да биде хипотезата твоја,
да се слави оставштината твоја,
како во Алфа квадрантот така и во сите други квадранти,
епруветите наши стаклени дај ни ги денес,
и прости ни ги trial and error-ите,
како што и ние им ги простуваме на обичните профани смртници,
и не воведувај не во гностицизам,
но избави не од религиозниот
Јас дури сега (под сега подразбирам пред некоја недела кога ти ми реплицираше на тој мојот ироничен пост) доживеав момент на епифани каде лежел зајакот (не постои физички никаков зајак ова е форма на говор), и што уствари била работата. Така да дозволи ми терминот скиентолог во понатамошниот дел од постот да го користам со ова значење-Човек со држење до научните принципи како култ.
Па, да поченеме. Ботко главниот проблем се состои во поделбата на природните и општествените науки. Нели уште од основно прво тие се заедно во форма на предметот ЗПО (Запознавање на природата на општеството). После тоа имаше башка предмет ЗП а башка ЗО, па после тоа ЗП еволуира во билогија, физика, хемија а ЗО во социологија, економија, право, историја, социјални студии, па и јазици. Има една генерализација дека на луѓе што им иде математика, хемија не им идат јазици или право. И има причина за тоа. Проблемот кај тебе е што сакаш да ја аплицираш природонаучната методологија во општествени теми, и згора на тоа си убеден дека таквиот метод е точен, заради тоа што не гледаш никаква ''техничка грешка". Дури сега потполно те разбирам зошто размишљаш како што размишљаш и затоа ќе го сменам мојот начин на комуникација со тебе (само во овој пост не и во иднина) и ќе станам и јас скиентолог за конечно да се разбереме. Ботко во општествените сфери, епруветските методи, burden of proof-вите и секако научните студии не можеш да ги аплицираш во ригорозната смисла како во природните.
Кога правиш експеримент во епрувета под дадени услови, исходот на крај секогаш ќе биде истиот. Не може две помешани супстанци под исти услови еднаш да даваат зелена а друг пат црна боја. Кај луѓето не е така. Во природната наука се знае секој термин точно што значи. Фотосинтеза, фисија, фузија, аксиома, осмоза, се знае точно што значат и кога некој таму ќе пише дека под микроскоп ги надбљудувал овие работи нема место за многу-многу различно толкување. Кај правосудството работите не се така ригорозни. За тврдење во науката мораш да имаш burden of proof затоа што има 2+2=4 правила. Во општествените сфери е доволно да се има common sense, здраворазумско резонирање и способности на ставање во кожа на луѓето и начинот на кои тие размислуваат. А тој начин не е секогаш истиот. Паралелни експерименти:
1. Природо-научен.
Вриеш вода. На 100 степена зоврива. Се додека атмосферскиот притисок е тој и типот на водата е тој (дестилиран) резултатот ќе биде ист. Го објавуваш ова, други го пробуваат, истиот резултат. Burden of proof е тука.
2. Општествен.
Социјано-политичко истражување. За кого ќе гласате на изборите? 2006-та еден резултат, 2009-та друг, 2015-та трет, 2020-та тотално четврт. На робот ова му е тотално нејасно.
2.1. Втор општествен експеримент.
Спонзорушите во Македонија. Прашање-Дали некогаш сте биле во љубовна врска поради материјална корист? Резултат само 0.0001% (провизорно лупната на памет цифра) биле во врска заради материјална корист.
2.2. Трет експеримент
Брак. Прашање дали сте задоволни од вашиод сопруг од 1 до 5?
Ката во ПМС-2
Истата Ката две недели подоцна во овулација и добро изебана-5
Истата Ката месец дена покасно кога Перо и го заборавил роденденот-0 го мразам да му ебам све.
Земи го форумов како социјален експеримент. Ако одиш на темата каков партенр преферирате резултатите немаат врска со тоа што се случува на терен. Секогаш кога користиш социјални студии или истражувања имај го ова на ум (нема да го ставам во болд следново што иде ама ти така третирај го). Социјалните студии не се апсолутен burden of proof и треба да се земат со пинч оф салт што би рекле Енглезите. Не значи дека треба скроз да ги отфрлиме или дека не се валидни или да ги отфрлиме туку претствауваат само еден сегмент од проблематиката. Студиите се една фотографија, замрзната слика во тој даден момент. Ако сакаш да ја видиш пошироката целина мораш да го гледаш филмот, што подолго го гледаш толку поточни ќе ти бидат заклучоците, а филмот нема крај. Кај природните науки тоа што го гледаш на сликата тоа е, нема да се смени ауткамот. Кај општествените ок е да читаш студии ама за поголема целисходност е пожелно да ги комбинираш со твое надбљудување, интеракција со и комуникација со луѓе, посматрање на нивните дела версус нивните кажувања кои не секогаш се идентични, како и билдање на поголеми социјални искуства. Клетката нема расположение или свест, молекулата нема тригери дека треба да раѓа, да јаде или да гледа некоја романтична комедија со Рене Зелвенгер.
И сега доаѓаме до тебе и што ти правиш.
Јас те посматрам на пример како решаваш некоја компелксна задача и си викам-Иииј види го ти детево (пошто си помлад, а и јас и моја генерација па и постари сите така ги викам, не ради тоа што сум постар поискусен или понезнам што) ќе го биде.
-И сега ти стануваш од столчето и јас ти викам-Ботко ова беше стварно компелксно, се измори, а плус времево е жешко, донеси нешто од продавница да се разладиме.
-И ти одиш и се враќаш со нов еркондишн спакуван во кутија.
-Во тој момент јас се фаќам за глава и ти викам-Ботко, аман бе што направи?
-И ти мртов озбилен ми враќаш со-Како што направив? Еве ќе ти објаснам што направив:
А) Бев во Техномаркет.
Б) Техномаркет е продавница.
В) Купив еркондишн.
Г) Еркондишнот е разладен уред.
Заклучок-Бев до продавница и купив нешто да се разладиме.
-Јас тука мислам дека или дека ме дупиш или не си нормален или некоја педерска финта ми правиш за поентирање па ти викам-Абе Ботко, не така бе!
-А ти во тој момент викаш Како бе не така имам и burden of proof. Во тој момент ти ми пушташ видео на Јутуб каде што студенти на MIT (не овој нашиов во Скопје) објаснуваат како со компресија молекулите од воздухот надвор го прават ладен внатре. Ете гледаш?
-Јас во тој момент си ја акам главата од биро (божемски не реално) и се што можам од таа точка понатаму да направам е да станам да одам до Тинекс и да земам пиво од фрижидер. Зимам и неколку плус и им ги давам на комшиите, комшии еве да се разладиме.
-И ти си викаш јас тука се мачам објаснувам како ер кондишнот работи со скици со дијаграми со све, иде Суси им дава по едно пиво и сите го сакаат. Гарант е поради сувопарниот метод, фармерките што ми се скинати а еве и кутијата од еркондишн е цела напрашена, али битно имам burden of proof.
Е затоа бе педер (пак нагалено) викам дека си робот, а не ради научници, филозофи и бели мантили, јебао те бели мантил да те не јебе. (Ова е блага шега на твоја сметка, а не навреда иако звучи како таква. Не само што е шега туку воедно е и парадокс. Како ли само ќе се справиш со ова. Произлегува од српска пцовка која за потребите на овој пост јас ја видоизменив во прилог следува и мемето од таа пцовка. Иначе меме е хумористична слика. Немам burden of proof дека е хумористична.
).
Е сега како функционира твојот скиентолошки мозок во случајов. Ти би го ревидирал твоето мислење и би признал дека е нешто е спротивно во твоето тврдење доколку јас докажам дека:
A) Или Техномаркет не е продавница.
Б) Или Еркондишнот не е разладен уред
В) Или најубаво и двете.
Затоа што јас не можам да го докажам тоа бидејќи ти "технички" (ако не сфаќаш што подразбирам под поимот технички без да морам дополнително да се објаснувам тури му курот на се што пишав, на цел труд, на све) си во право, ти си убеден дека твојот метод е исправен и дека не грешиш и дека ќе му донесеш мир на светот, затоа што ти стварно не грешиш. Техномаркет Е продавница и еркондишнот Е разладувач. И тука е разликата помеѓу човек и робот. Со роботот тука завршува цела дискусија. Ти се наоѓаш во пат позиција затоа што не можеш алгоритмички на роботот да му покажеш дека греши. Кај човек можеш.
Скиентологијата ќе те заслепи човек. Ќе направи луѓе да те избегаваат. Ти ќе мислиш дека е тоа поради тоа што не можат да се носат со твојата аналитичка emotion-free, burden of proof induced, хипотеза во 3 точки супериорност и се плашат, а фактички ќе биде затоа што го тупиш. Ти звучи дежаву муабетов? Ти си опседнат да бидеш "технички" во право што си заборавил како треба со луѓе. Ти стварно си станал робот. Ќе ти кажам како и стигнав до овој епифани. Се мислев како да ти одгворам на она со мантиите и сувопарните методи и тогаш ми текна на едно твое тагнување на Шабан во тема за религија нешто и како ти на Шабан му објаснуваш дека си не знам ти каков агностик затоа што технички тоа е најточната позиција во однос на прашање на религија и постоење на Бог. Тогаш сфатив дека си скиентолог и дека се додека си "технички" во право ќе бидеш убеден дека твојот метод е непогрешлив, ама непопуларен меѓу луѓе затоа што е сувопарен и не е забавен. А не си едини. Знам и други. Лек за сида ќе измисли, 20 години да го ставиш во куќа со луѓе нема со ниеден да се здружи. Што мислиш зошто е таа генерализција за научници како што е во онаа серијана The Big Bang Theory а и во многу други? Дека немаат social skills и дека не се снаоѓаат баш со во седкојдневни обични ситуации и дека не знаат како да комуницираат а се ај кју генијалци и доктори на науки и све
А сега, сакаш ли да видиш како е на споритвната страна? Да видиш како е јас да бев ти, а ти да беше јас? Замисли тема на форумов за Питагорина теорема. И сега ти како скиентолог објаснуваш таму краци на квадрат, хипотенузи, принц алберт менѓуши и јас се убацувам на темата, те цитирам и ти го правам ова
Додадено од после пастирање: Има и втор дел од постов ама некој мора да пише нешто оти не ми дава да постирам поради многу карактери.