Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
тоа ти е за сервис дека ти е дојдена колата, или е направен сервис па не е ресетирано
Чешмурето лево не ми личи дека кажува само за редовен сервис, мене ми личи дека сама догурала до сервис, а не и дошол датумот.
 
Чешмурето лево не ми личи дека кажува само за редовен сервис, мене ми личи дека сама догурала до сервис, а не и дошол датумот.

check engine дава ако е квар нешто, ова е за сервис обичен, на опелот мој пишува insp место ова. Другите сијалички се упалени пошто има само контакт даено, не е запалена.
 
[/QUOTE]
Два клучни совети за 6ката како претходен сопственик.
Подвозјето обавезно провери го, склони се на многу корозија, а и да нема ќе треба сигурно да се премачка.
Голема е веројатноста за кратко да ти троши масло, не знам што е проблемот и кај дизелот и кај бензин/плин.
За мене ова беше клучно да се откажам од нив.
Ако најдиш решение за тоа остатокот се функционира одлично.

Фала на советите другар, читав доста за корозијата како главна маана, но пишуваат по нет дека фејслифтот од август 2005 до 2008 нема проблеми со корозија воопшто, ама секако не би знаел за сигурно.... Сепак фала!
 
Дизел или бензин?

Дизелите имаат мана со варијабилниот замаец, колега имаше дизел и знам пиштеше од неговата баш од замаецот и прилично пари фрли по сервиси.
Бензиците 1.6 и 1.8 не би требало да се лоши, е сеа сепак зависи колку се зачувани.
За роднини гледам една утре ке одиме да ја видиме ме замолија,ке земеа корса а јас ги разубедив за мерива кога ги видов цените дека се слични.Ваљда нема да ги поебам,иначе 1.6 им одбрав,зашто 1.4 не е кола според мене.Исто трошат а е баеги по жива на гас таа 1.6.Тие возила 1.0 1.2 и 1.4 бензинци ги одбегнувам на улица кога ке ги сретнам,а не па ди ги возам.Тоа се картинзи а не коли.Оваа 1.6 100кс потрошнуе уље,ама имам едно чаре за таа проблематика
 
check engine дава ако е квар нешто, ова е за сервис обичен, на опелот мој пишува insp место ова. Другите сијалички се упалени пошто има само контакт даено, не е запалена.
Да.. не е запалена колата, не свети ништо друго, освен едно сијаличе пошто ми е прегорено треба да го сменам. А ова ми го појави денес, на пат сум надвор од државава се надевам не е ништо страшно. Иначе колата си функционира перфектно.
 
Вози не чепкај ништо штом не си дома и само глеј да те донесе.Ништо не пипкај додека да се вратиш
 
Да.. не е запалена колата, не свети ништо друго, освен едно сијаличе пошто ми е прегорено треба да го сменам. А ова ми го појави денес, на пат сум надвор од државава се надевам не е ништо страшно. Иначе колата си функционира перфектно.

Ако немаш направено сервис направи и, смени уље, филтри каиши и ресетирај го, ако имаш напраено само ресетирај го и нема да ти јавува. Имаш на јутуб пиши how to turn off service on golf 6 ќе ти искочи.
 
Ај сега ако знае некој да каже.Зошто Меривата е иста цена со Корсата а е според мене каде каде по кола.Неквалитетна изработка ли,што ли?Кварливи ли се или што е работава?
Меривата е многу понестанилна во кривини и малку е потромава за разлика од корсата. И корсите не се нешто стабилни али цената зависи шо мотор носи,км,сервиси,квар,година...Од опел само вектра,астра х и сигнум..Корсата е во класа со шкода фелиција,исто тежи исто оди...
 
За низ град корсите се многу подобри, али све поголеми ги праат. Новата корса што сега искача е скоро голема колку старата Астра.
 
Планирам да земам половно возило на рати (лизинг) до 4000е, видов дека има таква можност преку Мого Лизинг... Дали некој знае повеќе информации, совети, да ми објасни што, како, подетално?
Имаш ли ти нешто сопствено учество?

Камата висока имаат ненормална сите овие.
Она што имам искуство од блиски е никако да не се зима од Iute Credit - Јоте кредит. Најголеми преваранти кои убаво ќе те насамарат и извртат и секоја точка ќе ти ја наплатат.

Кај Мого лизинг колата ти е под залог кај нив додека не исплатиш.
Најголем Проблем според мене е ако не се погоди возилото, или ако има поголем квар во тој период. Тогаш треба и рата да платиш и мајстори. И колата ќе ти седи дома во најдобар случај до следна плата. А неможеш да ја продадеш.

Има многу подруги начини да дојдеш до пари без да ја ставаш под залог колата.

Ако ништо барем нема да ти биде под залог возилото и ќе можеш да го продадеш.
И на крај краева, ако не сте кредито способони да земете кредит од Банка, јас мислам да не се пуштате во ваква авантура.
Автоматски споено мислење:

Ај сега ако знае некој да каже.Зошто Меривата е иста цена со Корсата а е според мене каде каде по кола.Неквалитетна изработка ли,што ли?Кварливи ли се или што е работава?
Не е иста. Меривата оди некаде 500 евра поскапо ако е добра.
Мана варијабилен замаец, кој што е многу скапа оправка за таков вид на возило.
И да секогаш би ја земал Меривата пред Корса. Повеќе простор и повеќе комоција.
Автоматски споено мислење:

check engine дава ако е квар нешто, ова е за сервис обичен, на опелот мој пишува insp место ова. Другите сијалички се упалени пошто има само контакт даено, не е запалена.
Здраво другари, кратко време ја имам колата, што конретно би значело ова? Се работи за голф 6, 1.4 2009.Прегледај го приврзокот 215791
Не е ништо страшно. Интервал за скор мал сервис е ова.
Најверојатно газдата претходен ти ја продал пред да прави мал сервис.
Е сега можно е и да направил сервис а да не го ресетирал интервалот.
Се случува и тоа често.
Но за да ти биде мирна главата. Оди направи си промена на филтри, уље и нека ти го ресетираат за наредни 10000км.
Автоматски споено мислење:

Меривата е многу понестанилна во кривини и малку е потромава за разлика од корсата. И корсите не се нешто стабилни али цената зависи шо мотор носи,км,сервиси,квар,година...Од опел само вектра,астра х и сигнум..Корсата е во класа со шкода фелиција,исто тежи исто оди...
Грешиш. Ве молам не пишувајте нешто кога не сте имале искуство.
Главниот проблем кај Меривата е варијабилниот замаец. Што и не е толку страшно, ако сегашниов е добар.
Никаква нестабилност, тромост. Тоа врска нема. Многу подобра вожња има Меривата.
 
Последно уредено:
Ја земавме Меривата,човекот од Лисиче увезена од Швајцарија.Од 2200€ ни ја спушти на 1950€,зашто не лади климата,фали стакленцето од десниот ретровизор и онаа ролетната што го крие багажникот. 1.6 бензин со 100 коњски сили.Првите впечатоци се дека колава е поише од добра.Моторот не се слуша како работи,корозија нигде,мењачот путер.За разлика од Фелицијата комоција ептен голема.Багажен простор сосема доволен,управливост одлична,е сега на дупки малку крута.Си плативме на влечна служба Чекич да не ризикуваме казна 500€ за 800 ден ни ја донесе до Влае.Начекав празни улици мушки ја утерав у две три кривини спие колата,за таа висина и таа класа е поише од стабилна.Опрема многу што ме зачуди,од греачи на седишта,8 воздушни перници,клима,бандажи алуминиумски,ESP,ABS,халогенки за магла,сите четири прозори на дугме,ретровизори исто на дугме со греачи и плус на дугме се склопуваат кога се паркираш што ретко у таа класа која кола го има.Мана е финалната изработка,некоја чудна пластика употребиле, малку седиштата по тврди од што треба,од страна ако ти наидат пешаци малку е непрегледно ради тој столбот од шофершајбната и стандардно, воланот кај сите Мериви.Вртиш на лево иде претерано лесно,на десно прилично потешко.Сума сумарум колава тоа што го нуди у таа класа за тие пари мислам ниедна друга неможе.Според мене од 1 до 10 ја оценувам со високи 9
Автоматски споено мислење:

Дихтунг на глава веќе им кажав да си набават,сигурно ке им се најде
 
Последно уредено:
Dali liceto kak sto podnesuvas za megunarodna doZvola istiot ti ja izdava i potvrdata so koja nemas zabrana za upravuvanje motorni vozila ?
 
Dali liceto kak sto podnesuvas za megunarodna doZvola istiot ti ja izdava i potvrdata so koja nemas zabrana za upravuvanje motorni vozila ?

ne taa potvrda ja izdava MVR na salter na itoto mesto kade sto se izdava i megunarodna,
Автоматски споено мислење:

Препорака за мајстор за поправка на возачко седиште во возило
 
Ја земавме Меривата,човекот од Лисиче увезена од Швајцарија.Од 2200€ ни ја спушти на 1950€,зашто не лади климата,фали стакленцето од десниот ретровизор и онаа ролетната што го крие багажникот. 1.6 бензин со 100 коњски сили.Првите впечатоци се дека колава е поише од добра.Моторот не се слуша како работи,корозија нигде,мењачот путер.За разлика од Фелицијата комоција ептен голема.Багажен простор сосема доволен,управливост одлична,е сега на дупки малку крута.Си плативме на влечна служба Чекич да не ризикуваме казна 500€ за 800 ден ни ја донесе до Влае.Начекав празни улици мушки ја утерав у две три кривини спие колата,за таа висина и таа класа е поише од стабилна.Опрема многу што ме зачуди,од греачи на седишта,8 воздушни перници,клима,бандажи алуминиумски,ESP,ABS,халогенки за магла,сите четири прозори на дугме,ретровизори исто на дугме со греачи и плус на дугме се склопуваат кога се паркираш што ретко у таа класа која кола го има.Мана е финалната изработка,некоја чудна пластика употребиле, малку седиштата по тврди од што треба,од страна ако ти наидат пешаци малку е непрегледно ради тој столбот од шофершајбната и стандардно, воланот кај сите Мериви.Вртиш на лево иде претерано лесно,на десно прилично потешко.Сума сумарум колава тоа што го нуди у таа класа за тие пари мислам ниедна друга неможе.Според мене од 1 до 10 ја оценувам со високи 9
Автоматски споено мислење:

Дихтунг на глава веќе им кажав да си набават,сигурно ке им се најде
За дупките ќе пробаш со помека гума да не се зимски. А која година е меривата?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom