Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 16.238
- Поени од реакции
- 36.513
Јас немам ни Финки ниту некоја од академиите што ги гледаш, инженер сум али од друг факултет, а 70% од работата ми е со програмирање и бази и тоа во прилично комплексен систем и прилично ретка област, се што имам научено за таму сум научил самиот со многу труд и читање, апроксимативно после факултетот и мастерот имам поминато барем 3 пати повеќе материјал отколку за време на целите студии и со години слободното време го минувам во учење (што мене воопшто не ми пречи бидејќи сум среќен со тоа и ме исполнува, ако го гледаш нештото со одбивност пиши пропало).пробај знај ќе те видам што ќе направиш папирот ти е клуч до интервју, ако немаш папир или индекс од финки си ништо. Секој има по некој таков другар што матер ебава без ништо успева, а како успеал само он знае. Со ова сакам да ти кажам дека со други очи те гледаат кога имаш тоа што пишав, иако не си некој компетитивен, ти пружаат шанса/пракса, а ако доаѓаш од друга струка си како натрапник некој и ништо више = имаат предрасуди кон тебе и твоето знаење. Некој бот од финки што не знае што е ХТМЛ има предност пред тебе.
Е сега ако доаѓаш од некоја општествена наука (истории, право, социјологија и тн или тоталка без факултет (кај сестра во фирмата налета еден таков што имал средно угостителско, курс од 3 месеци онлајн и ликот со сиот ум со познавања само од html i css си укапирал дека е способен да работи како џуниор фронтенд). Во таков случај нормално дека ќе те гледаат како натрапник, прво дупка ќе си од математички аспект, а второ сосема е друга логиката на тие професии со техничките науки.
Во секој случај е тешко да се искачиш по скалилата, во приватен сектор знаењето ти е најбитно, дипломата ќе ти служи само за на ѕид, ако го загрееш столот и секоја минута ја минуваш во учење плус ти фаќа главата, за неколку години ќе се израмниш со тие што имаат документ на хартија.