Пријателе они барем се родени таму и имаат право да си ги крстат децата како сакаат(иако јас кога би бил на нивно место не би го направил тоа ама јбг тоа е нашиот менталитет)
но што правиме со имињата на овдешните Македонци.Деца кои се генерација 99,00, 01 а има и многу постари(94,5,6) кои немаат македонски традиционални имиња.Кажи ми еден македонски историски лик кој се викал Марио,Антонио,Роберт,Филип,Мартин.После ќе се лутиме кога ќе ни викаат дека сме народ без корен.Еве види ги Србите и Бугарите и кажи ми дали кај нив некој има име кое досега било непознато на овие простори?
Да не зборуваме пак за другите народи во Европа.
Ако не ги рачунаме и имињата кои се православни но не и македонски како Стефан(кое е српско име) а најверојатно има и други но не ми текнуваат во моментов иако ова е едно име е доволно секој 3 Македонец го има.
Еве на пример досега во моите 19 години живот сите кои сум ги сретанл а го носат моето име се постари од мене и тоа македонско име полека исчезнува.Менталитетот е во прашање како ние така и они таму.
Во право си, но не е до менталитетот туку е во прашање “културен империјализам“, за жал Холивуд и сите други механизми заради недостаток од сеопфатна државна политика има плодно тло.
Сите би станале каубои ама да бидат говедари не сакаат, сите би станале старлети ама проститутки никако, ете до таму е работата дојдена.
Инаку овие што приговараат сигурно припаѓаат на онаа група кои би повикале на новороденчињата да им се даваат имиња како Северка, Северџанка, Севка, Северџанче ама за тоа ќе почекаат малку додека се навикне народецот на оваа новокомпонирано и небеско име Севреџистан.
Па така Македонка стана Северџанка!
Полека ама незапирливо традиционални имиња се губат, на пр. моите баби едната се викала Анѓелина а другата Митра, за значењето и коренот верувам знаат сите но овие имиња денес многу ретко се среќаваат...