Секој кој направил кривично дело треба за истото да си ја понесе и одговорноста, да биде казнет по законот а секако и да си замине од функцијата која ја злоупотребил. Тука не треба да има дилеми и компромиси. Во случајот рекет настана една таква каша што повеке човек неможе да прати што се случува и кој кого онадел. Без интенција некого да бранам ми се наметнуваат неколку нејаснотии и нелогичности во рекет.
Како прво, нелогично и крајно дебилно ми е тоа да некој за рекет од таков калибар прави муабет на телефон. Денес, кога знаеме дека се прислушкуваат сите можни разговори и кога повеке на телефон не се прави муабет ниту со швалерка, ниту со комшија... некој да прави муабет и телефонски да договара рекет и тоа со човек кој е обвинет и штотуку излезен од притвор и кому се определени еден куп мерки за претпазливост и чии телефони 100% се прислушкуваат, благо речено е дебилно па дури и комично.
Второ, нелогично и дебилно е лично да одиш кај ОК дома за да го земеш рекетот. Дебилно е да знаеш дека тоа е куќа која се снима од секој агол и така уфирцан и самоуверено како да одиш на зелен пазар, влезеш во таа куќа и правиш муабет и земаш рекет...
Трето, ако рекетот е навистина рекет а не некоја ефтина политичка местенка, нелогично е од ОК да бараш сума од 1.000.000 е, кога знаеш дека за него тоа е смешна сума, дека за таква услуга истиот без проблем би платил и 20 пати поголема сума.
Многу пологично е рекетирањето да не се одвивало по телефон, да го работеле и договарале луѓе кои никако нема да може да се поврзат со вистинските актери. Рекетот да бил исплатен на многу подруг начин а не да се зема во торба пред камери....
Многу нелогичности за кои секако одговор ке треба да се добие во судската постапка.