Нека почива во мир детето. Сега како е редот кај нас, некој ќе прави политички пазар со неговата смрт, гласови иЛи поддршка за некој проект, некое раководно место по институции за да може да се цицаат средства и вдомуваат партиски војници, итн, итн...се тоа во замена да може да се наруши имиџот на необалистите од ДУИ како главни шерифи во вилаетот, за да може колку толку да се амортизира гневот во јавноста. Создадена е таква ситуација да ако се работи за етнички албанец, ирелевантни се сите институции доколку албанскиот партнер во власта не даде изим т.е ДУИ, не смее да мрдне со прст никој и да реагира првично. Судскиот процес е втор дел од приказната каде се лицитира со пресудите и казните, исто така како резултат на политичкиот пазар.
На посветлата страна е дебаклот на СЈО, откако Боки 13 изјави дека ако нешто тргне наопаку за него, во јавноста ќе испливаат докази за инволвираноста на Дон Муртичи во рекетот или поткупот, зависи од ситуацијата, овој вториов дава дрска и оштра изјава со која ја разбранува јавноста и истовремено максимално се дистанцира од првиот со што креира тензична ситуација. Да биде потрагично два дена подоцна, откако спешл просекјутор Џанева на колегите во СЈО им кажала дека ќе ги повлече сите со себе ако таа потоне (на што веројатно тие додадоа дека дотичната изјавила ако треба ќе измисли, пошто се чисти како солза сите а таа е недоветна) Фатиме уфилманата Фетаи по истиот принцип како тоа што го направи Дон Муртичи со Боки 13, се дистанцира од Јанева, кобајаги пцуење, плукање итн. Према ова, горе долу би требало да ни биде јасно кој ќе отиде јабана и како ќе се спакова сето ова.
Шеќеринска вешто одби да даде конкретен одговор на новинарските прашања за да си остави простор за маневрирање, ниту од каде до каде по гости со обвинети и осомничени, како тоа блиски роднини на сопругот имаат извршни функции во рекетарскиот сојуз итн, итн...
Кирацовски вели дека сликите со Боки 13 се инцидентни, средбите во Собрание кои се документирани се склоп на околности, а тоа што ја предложил мајката на Боки 13 за член во собраниска комисија значи дека тој нема допирни точки со случајот рекет и дека нема за што да дава изјави. Средбите кои ги прави со градоначалници како посреденик на Боки 13 веројатно одат во делот за митологија.
Се на се, сево ова е токму тоа за кое добија поддршка да дојдат на власт.