Каде може да најдам? (Општи прашања)

  • Креатор на темата Креатор на темата goodman_91
  • Време на започнување Време на започнување
Каде да купам едно ебано вакво нешто у Скопје !!!? Очајно ми треба за на работа .Кога порачуваме,абе со раце мораме :boksix: да јадеме. Донесов прибор мој,ми го испокрадоа ....Нешто вакво од јак материјал,на расклопување за јадење .....Супер би дошло

1565410126938.png
 
Каде би можело да се најде тантела, чипка, ама не како ленти туку материјал, и делови за чанти, рачки, основа, и сл.?
 
Дали може да се направи промена од стандардна во брза постапка за веќе поднесено барање за пасош (6 денови е поднесено)?
 
Дали може да се направи промена од стандардна во брза постапка за веќе поднесено барање за пасош (6 денови е поднесено)?

Можеш, само ќе те кошта поскапо[emoji16]
 
Како оди постапката, не е проблем цената.

Јави се, откажи го терминот и закажи нов по брза постапка. Или мислам можеш и' директно да закажеш по брза постапка без да го откажуваш стариот термин, автоматски ќе се откаже ако не отидеш.
*1500 беше мислам.

Пс. Ако ти е уште валиден стариот немаш потреба да вадиш нов со новото име на државата, туку оди само до Беко да ти стават печат. Чак што више, при излез на граница нашиве автоматски ќе ти стават. Мене барем така ми направија.
Поз
 
Не си ме разбрал, веќе и сликањето е поминато пред една недела, а стариот не важи веќе. Дали има начин сега да се убрза бидејќи теоретски од тие 15 денови од рокот за изработка треба да чекам 8-9 денови, а секој ден порано ми е битен.
 
Е тоа не знам брат, најубаво јави се и прашај. Мислам 19292 беше бројот, само од фиксен можеш да ги добиеш.
 
Е тоа не знам брат, најубаво јави се и прашај. Мислам 19292 беше бројот, само од фиксен можеш да ги добиеш.
Фала ти, ќе звонам од утре, викенд беше затоа и прашав тука.
 
Каде би можело да се најде тантела, чипка, ама не како ленти туку материјал, и делови за чанти, рачки, основа, и сл.?
Чипка на метар има во повеќето продавници за материјали. Зависи во кој ранг на цена бараш, во Стара Чаршија карши Ригара има поскапи (има и над 100 евра метар), малце подоле накај Дестан има друга слична продавница кај што се можда поевтини ама немам никогаш влезено.
На женски пазар се значително поевтини, одма ко ќе влезеш по скаличките во првите дуќанчиња имаше. Немам отидено таму поодамна ама би требало да се истите. Може да има и во Матекс во ГТЦ.
Делови од ташни можда да најдеш кај ташнарите во чаршија.
 
Каде можам да најдам ваков дел за воланот:
IMG_6797.jpgIMG_6798.jpgIMG_6799.jpg
 
Attachments

  • IMG_6797.jpg
    IMG_6797.jpg
    231,2 KB · Прегледи: 15
Здраво, нов сум на форумот. Дали некој знае каде можам да најдам Carpet padding (не знам на македонски како се преведува), Polyethylene foam EVA и Винилно платно. За борилиште за борачки вештини ми треба.
 
Како оди постапката, не е проблем цената.

Се јавуваш да закажуваш за итна постапка и ќе ви закажат , а цената е околу 4500 денари мене толку ме фати цената лани и за една недела е готова

Sent from my iPhone 8 Plus using Tapatalk
 
Се јавуваш да закажуваш за итна постапка и ќе ви закажат , а цената е околу 4500 денари мене толку ме фати цената лани и за една недела е готова

Sent from my iPhone 8 Plus using Tapatalk
Не си ме прочитал, сликањето за регуларна веќе беше направено пред 7 денови, за 8 треба да излезе и по регуларна, испадна дека поради х причини треба итно затоа барав опција, али останува вака демек можело да излезе и пред тие 15 дена и не вреди пак цела постапка од ново.
 
10 денови после сликање не ти бегаат.
Ако закаже по итна може во меѓувреме ќе стигне и овој.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom