ТЕЛЕКАБЕЛ [мобилен оператор]

  • Креатор на темата Креатор на темата alekjov
  • Време на започнување Време на започнување
Нови 10000 бројчиња закупиле. Има корисници изгледа.
Нормално дека ќе има. Иста, дури подобра услуга, за помали пари, без обврска. Се надевам дека ќе го задржат квалитетот. Останатите компании сериозно треба да размислат за своите идни понуди
 
Значи ќе ве оставам малце сами и одма како попалени тинеџери ќе ставите политика во дискусијата...
Мислењета ги тргнаа и секое следно спомнување политика во темава ќе биде пиштење, вриштење и БАН!!!
 
Пред некој ден се префрли колегата од VIP на Телекабел... за таа цена е супер со 10GB интернет. На 4G оди 40 / 60 mbps.

Со 3G то имат проблеми, на моменти знае и 0.2 mbps да оди. Додека на 4G на иста локација иде 12 mbps.
 
Дали се дешава проблем да има со плаќање паркинг преку смс ?
 
Добро почна но не продолжува баш најдобро. Има големи проблеми со дојдовни повици од странство. Конкретно од Чешка не може никако да ме добијат. Пријавував неколку пати и одговорот беше дека ќе бидам известен, ама и после еден месец известување нема. Исто така и мрежата многу често паѓа, повеќе пати имам забележано на телефонот известување "emergency calls only".
На крај го портирав бројот назад на ВИП. Голема несериозност, продолжуваат во ист стил како со телевизијата и интернетот
 
Последно уредено:
Дечки уште една добра работа да сте на Телекабел :) На фактурите имаат закачено фискална сметка која можете да ја скенирате со апликацијата МојДДВ и државата да ви врати 15% од ДДВ. Се надевам дека и другите оператори ќе изнајдат решение за ова затоа што големи пари фрламе за услуги од мобилна, фиксна, интернет и телевизија.
 
Отвори плејстор и во детали за апликацијата убаво си стои во точка 10 дека сметки за струја и телефон не се скенираат. Истото мислам дека беше објавено и по медиумите.
 
Има некој досега од овде користено роаминг? На другиве форуми постојано пријавуваат проблеми со СМСи, не се ни праќаат ни примаат во роаминг, повици боглавно функционираат? Има некој вакво искуство и да пријавил проблем кај нив што како му кажале или има пак подетална информација или знае што е проблемов што еве толку време постои и сеуште не им е отстранет?
 
Имам и немав никаков проблем воопшто.
 
Дали кога ќе се истроши интернетот станува спор или се прекинува не можеш да користиш?
 
Дали има апликација на Телекабел за ајфон
 
Како ги плаќате фактурите во пошта со уплатница или може само со фактура,бидејќи со уплатница си земат 35 ден провизија
 
Како ги плаќате фактурите во пошта со уплатница или може само со фактура,бидејќи со уплатница си земат 35 ден провизија
У пошта само со фактура и на сите заедно ти зимаат мислам 5 ден.
 
За оние што се на Телекабел и по некоја случајност им треба мобилно плаќање во ЈСП, еве одговор од ЈСП Скопје:
1565342044161.png

Телекабел не ни поднеле барање иако мислам дека имаше муабети дека работат на воведување и на таа услуга по примерот на СМС паркинг и слично.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom