Единствени дополнителни трошоци се додаток за плаќање со кредина карта кој зависи од картата се движи од 5 до 10 евра и ако носите дополнителен багаж покрај рачниот.
--- надополнето ---
Главниот извршен директор на „Виз Ер“, Јозеф Варди денеска во Скопје кажа дека во компанијата размислуваат и за директни летови до Франкфурт, Париз, Амстердам и Барселона.
„Нашите очекувања за Македонија се големи. На овој пазар фалат многу услуги, а и тие што ги има се премногу скапи. Компаниите кои летаат на скопскиот аеродром како да им забрануваат на граѓаните да патуваат со високите цени. Скопје има одлична географска положба, а му фалат конекции со централните европски градови. Бидејќи нема директна линија со Лондон, се решивме ние да стартуваме токму со неа. Не сметам дека тоа што на македонските граѓани им треба виза за Британија ќе биде проблем“, вели Варди.