Тежок е, ама они во добар дел го имаат изодено.
Не викам дека Кина дефинитвно ќе ја преземе палката од САД како доминантна светска сила, има многу прашалници поврзани со нејзината иднина, дел од кои и ти ги имаш наведено. Ама, веројатно е дека во иднина ќе биде единствената која ќе биде во позиција да му конкурира на САД за тоа место. Никој друг не е ни блиску. Што би се случило после тоа, тешко е да прогнозираме.
Инаку, на место е аргументот дека долгорочно не можеме да предвидиме што ќе се случува. Премногу варијабли се во прашање, не можеме прецизно да детерминираме што ќе се случува следната година, а не па понатаму. Плус светскиот поредок е покомплексен од кога било. Меѓутоа, можеме да збориме за веројатности и трендови. Веројатно е дека во текот на следната деценија Кина ќе стане и номинално најголемата економија во свет, а не само според PPP. Нормално, некои настани можат комплетно да ја смената проценката. Можно е и следната рецесија да има катаклизмичен ефект за американската економија, можно е нивните интерните општествени конфликти да ескалираат во екстремни пропорции, можно е Трамп да победи пак и Калифорнија да прогласи независност. Меѓутоа, колку е тоа веројатно? Мислам дека ќе се согласиме дека, во моментални услови, многу малку веројатно. Иако, не спорам дека веројатноста нешто да тргне на лошо е многу поголема за Кина, отколку за САД.
Кога сме кај тоа, колку е вистински веројатно дека Јапонија, Ј. Кореја и Тајван можат да направат поморска блокада на Кина? Прво, нема да можат физички да ја одржат конфронтацијата, зошто нема да ја издржат ескалацијата која би следела. Второ, блокади во Јужнокинеското море, која е поморска рута низ која поминува 1/3 од светската трговија би го фрлило цел свет во длабока рецесија и би имало катастрофални економски ефекти врз самите Јапонија, Ј. Кореја и Тајван. Јапонија со нејзината стагнирачка економија нема да издржи ни неколку недели да прави блокади. САД чиј најголем трговски партнер е Кина, чиј цел технолошки сектор е поврзан со производствените капацитети на Кина би си пукала во двете колена со потикнување на такви агресивни чекори,и тоа против земја која го поседува 20% од вкупниот нивен јавен долг.
Технолошкото заостанување. Кина не е повеќе технолошки backwater како порано. Секоја година производството агресивно им се искачува по ланецот на вредности. Они го имаат сличниот историски пат на развој како другите успешни азиски економии, Јапонија и Ј.Кореја, без да ги имаат ограничувачките фактори. Многу потрпелив и понасочен пат кон развојот, што е карактеристично за тие култури. Воопшто не заостануваат во технологиите од 4та индустриска револуција, која ќе биде трансформативен процес, како AI, блокчејн, роботика, 5Г, биотехнологија, дури и лидери се за во некои од нив. Веќе се 2 или 3 најголем patent holder во свет, позади Јапонија или Сад, (први во барања за патенти, ама тоа е ради сувенциите кои ги добиваат за тоа), имаат неколку универзитети во топ 50 технички универзитети во светот, втор најголем вложувач се во R&D, многу блиску до САД, произведуваат огромен број на висококвалификуван кадар годишно (STEM). Плус истураат огормни суми на државни пари во хај-тек индустриите секоја година, со Made in China 2025 програмата. Пазарите на технологиите кои ги имаш наведено се претежно олигополски, ги доминираат неколку огромни мултинационални компании, кои вертикално или хоризонтално се неодвоиво интегрирани со кинеската индустирија. И тоа се однесува и на технологиите за чипови и авиоиндустријата. Кина веќе апсолутно доминира многу пазари за хај-тек производи, пример Кина ја сочинува 50% од глобалната побарувачка на пазарот за чипови, има 40% удел во глобалниот пазар на потрошувачка електроника. Скоро секој мобилен или лаптоп во светот е произведен во Кина. Никоја од овие мултунационални корпорации нема да се откаже од предностите и екосистемот кој кинеската економија го развива околу нив, дури поверојатно е дека комплетно ќе се преселат таму отколку да се откажат од тој пазар. Од аспект на инфраструктура, логистика, supply chain и висококвлификувана работна сила никој не ни блиску толку конкурентен колку Кина. Иначе, предимензиониран е ефектот кој странските компании го имаат во нивната економија. Во минатото уделот во БДП на Кина им беше прилично голем, меѓутоа тој секоја година се намалува. Странските компании моментално сочинуваат нешто помалку од 40% од извозот на Кина, кој е 18% од нивното БДП, и помалку од 15% од вкупните продажби на целата нивна преработувачка индустрија. Плус тие странски компании во најголем дел се од Макао, Хонг Конг и Тајван и во нив се вброени и оние компании во форма на приватни партнерства (кои се најчеста мета на критика поради трансферот на технологија). Инвестирањето во инфраструктура е комплетно дело на нивните домашни програми, странски држави немаат скоро никаков удел во тоа.
За одржливиот економски раст. Пред кризата од 2008 година, Кина имаше период од 30 години со повеќе од 10% раст на БДП. Тоа е историски преседан, прогрес кој тешко може да се конципира. За овој период економијата им се има зголемено околу 50 пати. Само за споредба економските чуда од економската историја, растот на САД во втората половина на 19 век и почеток на 20 век е нешто повеќе од 4% годишно, а во периодот на индустријализација економијата на Германија растела околу 4,5% годишно. Од 2008 година наваму, Кина има годишен просечен раст на БДП од 6,5 %. Нивната економија ја спаси светската економија од 2009-2012 да не падне во рецесија, буквално го финансираа опоравување на американската економија после кризата. Некаде имам читано дека 40% од вкупниот светски економски аутпут пост-2009 е благодарение на нивната економија. Тоа се запрепастувачки бројки. Критиките за нивната економија, најчесто се на линија дека економијата ќе им падне во т.н. middle income trap и ќе почне нагло да забавува во следната декада. Меѓутоа дури да стигне кинеската економија до тој проблем, проекцијата е дека следната декада кинеската економија ќе расте со оној спомнат конзервативен процент на раст од 5%. И да го има тој проблем Кина, во моментот кога ќе настане, веројатно веќе ќе биде најголема економија на свет, ќе ја има убедливо најголемата средна класа во свет и ќе биде најголемиот пазар на свет. Ако пак случајно станат високоразвиена земја, тогаш трката веќе ја имаат добиено.
Алијансите и обезбедување на рутите. Тоа е во голема мера поентата на OBOR, копнени и поморски алтернативни рути, кои тие ќе ги имаат под контрола. Алијансите се резултат на обостран бенефит, а Кина е единствениот играч во светската политика која истура пари. Брзо се формираат кога нема алтернатавни актери, за што како пример го имаме тоа што се случува со Западна Африка и како сите се нацртаа, дури и најголемите европски економи, кога се формираше AIIB.
Мислам дека ние во Европа имаме малку потценувачка, евроцентрична перцепција за нивните општества и за нивната историја. И јас се вбројувам во таа група, дури и кога сум имал контакт со нив. Меѓутоа, ако се остави тоа на страна, а треба да се кладиш на некој, мислам дека никој не треба да ја отпишува државата која во 37-те од последните 40 века е цивилизациски, технолошки и економски лидер во светот.